Др.К.
Абе, знаеш, има еден феномен наречен "America's Got Talent", па знаеш, сите гледам го зборат шоуво, дали на нетов дали во живо, па викам ајде прв пат да проверам да видам што се случува, како иде, за што се работи.
Не бев тогаш во можност да гледам кога беше терминот, па земав го снимив цело (God Bless MaxTV, снимање и враќање на програма

), и седнав да гледам денес. Абе, за кој малер трошев место на архивирани снимки? Јас не знам ...
Поминуваат циркуски точки, кученца што рипкаат и сл. - 7 годишно црно детенце, кое за тие години подобро рапува и пакува повеќе талент него will.i.am, Drake, Lil Wayne и сви остале мудодрапачи кои ги вртат на радио заедно, не поминува. За сите што не поминуваат два-три збора ќе кажат зошто, за детево не рекоа ништо. Малото, се расплака таму на сцената, па едниов демек жал му е ојде таму да го гушне. Мрш бре!

Како не го искуба за тоа косата (или перика беше?)
Еден кучешки акт помина со три 'Да'. Јас сум љубител на животни и се, ама тоа го имам видено 100 пати на секакви шоуа за животни. Тешко да се нарече талент, или нешто оригинално. Али знаеме, Шерон обожава кученца, како и Перикосаниот, па беше очекувано да поминат. Последниот пат вака се разочарав кога на Џастин Бибер му дадоа Греми.
Наравоучение: Не гледајте ништо што содржи талент во својата премиза, ако е од американско потекло.