Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
ДК,

Неспиење...

...

Ај добра ноќ.
 
Me ubiva i tekstot i muzikata/bitot u pozadina....
Onaka koa si tazen i depresiven pushti si go ova i te buta ushte podlaboko nadole... Ama interesno e chuvstvoto, sho znam..... pozitivna depresija :ROFLMAO:
Eve ja i instrumentalkata... Ne znam sho da kazam. Genijalno:
A ako si epten u depresija:
http://www.youtube.com/watch?v=-6ChkExqv2E

Inache drzavava e samo da se izveduvaat nuklearni probi u nea... Toa e toa.
 
Кајгано

Господ да чува од женска беља.

Btw...
Only the dead fish follow the stream.
 
сум се изнасмеал на еден стар трол во поштата, влегува една жена се треси цела и оди преку ред, ја пуштаат пошо сметавме дека и е лошо, си ја плати сметката, и паднаа десет денари по грешка, инстантно ги собра од земја и ја спрашти низ врата :pos: сите бевме ВТФ...
 
Ова што ми се случи утрово морам да го споделам.

Ме разбуди звончето на вратата. Во првиот момент не бев сигурен дали сонувам или навистина беше звонење. Се погледнав во мобилниот и беше 6.20. Се уплашив дека нешто се случило, и така буновен, од втори спрат по гаќи истрчав долу на врата.

Отварам вратата и го гледам комшијата кој се врати од Австралија пред неполн месец. Комшија, ми вели, спиеш?

Мислам, по гаќи сум, гледам на едното око затоа што сеуште не можам да го отворам другото, и човекот ме прашува дали спијам. Во 6.20 наутро. Во главата ми дојде одговор од типот, не спијам, пејам песни за пролетта, но само промумлав нешто.

И комшијата ми вели, аман комшија, ти сеуште спиеш, мене мајстории ми дојдоаа, немаат либела. Ако можеш либела да ми дадеш?

Се мислев да му ја треснам една, но ме фати смеа од комиката на ситуацијата, отидов назад во куќата и му најдов либела.

Ќе ме боли сега главата цел ден, но барем ќе го памтам комшијата за цел живот...
 
Се гледа дека твојов комшија од Австралија е светски чоек. Прво, културно ти заѕвонил наместо да си влезе како комшиката на баба ми, без никаква увертира или најава. Второ, пред да побара било каква услуга, љубезно проверил дали спиеш. Ако си му одговорел дека спиеш, веројатно ќе те оставел да си поспиеш, па потоа во некое пристојно време, ќе те побарал. И трето, не ти мрчел што си излетал по гаќи и така непристојно облечен си го пречекал. Шетан и воспитан чоек - ретки се вакви луѓе денес.

Инаку, еве и јас ќе споделам една случка со сличен лик. Со еден мој пријател, чијшто брат само што беше починал, се качуваме по скали во неговата зграда. На скали нè среќава неговиот комшија (интелектуалец и многу фин човек), и му вели на другар ми: „Абе, комши, ти умре или брат ти?“ Другар ми, изморен и ненаспан, му вика: „Брат ми го погребавме вчера.“ А овој комшијава му враќа, „Е ако, фино, бар сте завршиле работа.“
 
Да се надоврзам со комшиско будење муабетот, имав еден комшија кај старите кој влегуваше без претходно тропање на врата слично како таа комшиката од баба ти, само проблемот е што овој беше релативно млад дечко.
Се договориле со еден друг комшија да одат некаде во Недела утрото дали на риби или лов и овој постариот комшија се позадоцнил од договореното некоја минута.
И овој во пет утрото му се закачил во спална додека спиеле со сопругата и почнал да тропа на плакарот за да го разбуди.
Срипале овие двајцата со невестата од кревет и го гледаат овој како го вика и прашува до каде е со спремањето за на риби или лов.
И тогаш овој постариот комшија и' се обратил на невестата "Ружо ајде станувај ми се здосади", а на другиов му вика "Tи бе ајде влегувај во креветот за да ја смениш".
Случкаве е пред некои 15-тина години, и уште се прикажува во старо маало.
 
Глупости живи ти е овај срч барот ако сакав да пребарувам директно на гугл ќе одев .........:drk:
 
Кајганче!
Таман се решив да читам за дипломскава, комшииве почнаа да бушат :cautious:. Ептен го погодиле тајмингот нема што.
Онаа "инструкторкана" плаче за ќотек. Повеќе ми набива негативна отколку позитивна енергија.
Едвај чекам да отидам на латино, да истресам се од себе :X3:.
Топло ми е, "ме мрзи" често кажувам деновиве, "сеедно" уште почесто. A нејќам да ми е сеедно.
Сакам да си купам цвикери.
Тетка ми се уште ми ги тестира живците.
И кажи им да не ме лажат со "период ти е" , what a cliche.
Ај, ќе издржам. Имало и полошо :icon_lol:.
 
Драга Кајгано...

Статус на Шабан Шаулич:Aко ти дозволам да ми ја допираш косата да знаеш дека си посебна девојка.
Бобан Рајович:Крадам
:pos::pos::pos:Малку да те насмеам,верувам дека се превртуваш од стол.:icon_mrgr:
Драга...окото се скина играјки овие два дена.Ми се иде да го откорнам ...Mи оди на нервиии...
Еве,чекам да ми се јави другарката...Да ме повика на кафе...немам пиено одамна а и имаме недовршен муабет...
Драга,гордоста е многу лоша работа во некои ситуации...Гледам дека некои личности не сакаат да ја погазаат...Посебно кога се работи во љубовта,или пријателството...А потоа?Потоа се жалат.
Очај.
 
Драга Кајгана или Комшиите ми се пациенти. :icon_lol:
Ја денес си се прошетав од еден крај на болница на другиот, и пак ништо не ми кажаа... ме пратија на трето место. :cautious:
И то драга... јас, пмс и чоколадата моментално си правиме журка со моите емоции.
 
Драга Кајгана прв пат тебе да ти пишам :)
Ми се смачи од времево да ти кажам, морав да излезам на 5 минути и додека бев излезен и за враќање додека трчав се осеќав како вештеркава во цртаниов со Снежана :icon_lol:

Од 1:16:16 :icon_mrgr:

:pos::pos::pos::pos::pos:

Ајде пријатно :X3:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom