Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Д.
одам да глеам српски филм и ич за ништо да не ми дреме
 
Драга,
си седам кај мене на спрат и слушам како татко ми се дере по мене од втори... Идам да видам што сум згрешила, кога го слушам: Сине побрзај, Галија!
Ааааа Галијаааа! И така си седнав до него и дозволив нивната музика да ме однесе во најсреќниот период, во времето кога бев мало девојче.
Држи ако ти се слуша и на тебе!
 
Драга овие се наjдобpите денови во моjот живот затоа што се оствари еден од моите соништа... Тоа е отварањето на моето фризерско студио :)
 
Кајганче!
Неделава беше штура некако, шо знам.На два пати се подразболев и оставив црева, за преводов осет неам а материјалот божем го знам ама пак осеќам несигурност.
Всушност, несигурност осеќам во се околу мене.Исто како што времево е несигурно за тоа дали да пушти капки дожд така и ја сум несигурна дали да продолжам да ги држам конците или едноставно да ги пуштам и да не се замарам.Дури и Галијани и Берлу ги надминав со несигурноста мајке ми.
Спиењево никако да го ставам под контрола, исто и настаните во денот.Изгубена сум, расеана, изнервирана од сама себе а периодов најмалку треба да сум таква.Баба рече дека ми е празна шољата, ама ќе испливам на врвот како и секогаш.Не дека целосно се потпирам на она што го испишуваат моите голтки кафе во филџанот, но сакам во нешто макар и малку да верувам.Вербата во себе едноставно не ми е доволна.
Утре започнува уште една нова недела, во која ќе пробам да се опраам за наредна недела ова време да се исконтрирам максимално во врска со погоре напишаново :).
п.с. ги сокршив прееска мама, тета, братучетка ми и сестра ми во скокање на јаже :)))
Држ песниче
 
Значи ова драга кајгана го немам видено до сега

Човек прашува КОГА ЌЕ БИДЕ?

ОДГОВОРОТ Е : ............... нема одоговор :facepalm:

Значи па до толку тоа стварно не можам да го разберам богда чува стварно. Се потрудив и џинглови да направам во фаза се и уште 5 да направам од кои 3 ќе бидат за сите за 2 мене барам песни правам нешто и на крај прашуваш едноставно прашање кога ќе биде? одоговор не ти даваат. :facepalm:


Иначе нешто сум настинал драга кајганче но гледам да не дигнам температура ... утре пак на работа ама знаеш што? се договорив со братучетми и уште 2-3 другарки од која 1 незнае дали ќе оди планот е да одиме од Скопје - Велес- Росоман - Прилеп - Битола - Ресен - Охрид со велосипеди и плус да кампуваме кога ќе треба да спиеме т.е ќе си носиме вреќи за спиење а тоа ќе биде кога ќе земам јас одмор т.е од работа кога ќе ми дадат :cool: Вакво искуство не се пропушта :vozbud:

camping_0675.jpg

camping_fullsize_story1.jpg
 
Знаеш ли кога влечат дрвца од кои едно е подолго од останатите ?

Епа како може јас најдолгото да го извлечам во животот. Ти се плукнам во среќата , звезда да се немало . Среќа барем еднаш да се има .


Магарешкиот на мене :(
 

па се суочу да гледам на работе реално
да мислу за моментално, да сам задовољан од минимално
и стално да праву рап заедно с'с Миљуша
чисто срце и душа, не за да некој да не слуша,
а финансиска суша па до опрему тешко доваѓамо
ебига так'в ни е бедан живот, па се снаваѓамо,
и немам авто, мотор, вечито скитам пеш
у застарен веш, имам мобилан, по џебови немам кеш,
а к'д сам свеж и сам размислују за работе триста
проблеми листа, пуна дупке животна писта;
 
Драга. Само да те поздравам онака...:love:
 
Ете, се вратив „дома“ мојата, дома, таа каде се пропив, пропушив, ги поминав најубавите денови од мојата младост... кафичот каде се се дешаваше, мојата прва љубов таму... И ете, после 6 може и 7 години назад, гужва, шише џони на маса, кафанска музика (да, се откажав од ова али стари навики тешко умираат), мешање на маси... дадада уште го иам осетот, тој, од стариот пијаница што ломеше по кафичите пред неколку години, дааа уште знам да се расположам, али сум паднал од кондиција... за пиење за играње... сето тоа треба кондиција, но сепак дома бев, тоа го викам дома. Таму сум плачел и сум се веселел, буквално од таму ми почнало се. Ама се осеќам стар, ете, неможам да издржам, обично ова ќе го пишував (или немаше да бев способен) во 5-6 сабајле, а не во 2, патот од таму до дома ми изгледаше подолг од обично, тогаш кога лазев по асфалтот за да стигнам дома... И не, не ми беше гајле што ме чека утре, затоа денес живеев како да ми се последни денови, за жал и можеби ми се... Стар сум, со свои 20 стар сум, неможам да издржам тоа што можев, неможам да правам тоа што можев... неможам, го преживеав тоа време, сега е време на генерации со неполни 18 да го прават што јас тоа го правев на 14-15... ај кајг, јас да спијам, стар сум веќе , стар и уморен од сите срања на животот, од сите жртви кои другите не ги разбираат, дел од кои биле поради нив..
 
Зашто денов ми е толку прекрасен? :) И покрај напорната ноќ, и покрај двата утрински колоквиуми, и покрај мирисот на амбуланта, после долго време се осеќам супер. Понеделнички прекрасно ми тргна, се надевам дека ќе продолжи така цела недела...
Имам уште за учење не викам не, ама додека не ја симнам и изгледам најновата епизода GoТ, ни учам, ни јадам, ни спијам :)
Еве една песна малку да ми го отслика расположението :love:

П.С: Едваај чекам да си ги спакувам парталите и дим да ме њама :D
 
Драга Кајгано.

...

Велат позади трите точки се кријат најмногу работи нели?Неискажани...Бидејки имаш страв од реакцијата од спротивната страна?Или едноставно сметаш дека не е време да се кажат некои работи?
Незнам...Не е ни толку важно која е причината ниту пак едноставно...Но некои работи не треба секогаш да се кажуваат...
Ватевр...Ми се јаде пица и кока кола...Онака со друштво,како некогаш,со раскажување на случки од минатото,или сегашноста..А на крај десерт чоколадна торта...Но home made...
И гледам на секаде....Некои луге не знаат да ценат добра музика...Не го почитуваме домашното,старото...на пример за мене Меморија има добри хитови,исто и старата добра група Ареа со своите преубави песни...Имам навика секој ден да ги слушам...Со нив израснав со нив ке продолжам да стареам...
Некогаш...знам да заиграм и танц со столчето на песните на Иглесиас...Тhe both...The father and the son...They are really awesome...


Бај. :*
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom