Пошто гледам сите нешто слики ставаат, еве и јас да си ја ставам сликата/цитатот на денот...
Ми се танцува, онака целовечерно... да се изгубам во музиката, да не ми е гајле за никого и ништо, да заборавам дека постои утре, да ме гледаат ко да сум паднала од Марс, а јас да не перцепирам никого...
Ми се случило на неколку пати ова и чувството е величествено. Ама не величествено како Величе - нашиот фудбалер/карате кид, туку величествено како чувство кое ослободува, кое прави да се чувствуваш предобро.
Иначе, јас арна...

Бев на шопинг, се подновив за сезонава, фино ми е некако периодов, иако преферирам да уживам сама со себе. Ама и тоа се моменти кои вредат.
Битно не сум тужна, меланхолична, не плачам, кукам, кенкам. Смирена сум некако и знам што сакам, знам што да очекувам и што барам. Тоа е најбитно. Барем се стабилизирав со емоцииве, не сум како ролеркостер... бар за сега.
