Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
кајги конечно направивме собиранка од средно
од сите поканети дури 7 се појавија, осмиот требаше да стигне ми рече за 5 мин ќе стигни ама некао се загина по патот изгледа.
со сите што се видов направив муабет, која промена човече во последниве 3 години, кога ќе ми текни какви чутуци бевме во 4та а сега колку толку позрели
се исплати дружбава, иако беше организирана во 5 до 12, другиот пат во кафана :)
 
2 години..................тибам животот.

Далеку си, длабоко во студот далеку си, далеку од мене
 
Три пива испив, пет пати на мочање појдов. Сакам пак да имам 20 години, 21 преку сила..
 
Me and my munchies!
With a dream and a gun!!
I'm hoping my munchies,
don't point that gun
at anyone!

<3
 
Во душа ми врне уште од дете, можеби затоа сакам Есен.
Многу јак. Многу.
Утре на факултет почнувам, ко забаваче се осеќам.
 
Еби ја депресијата....сите ме напуштија ти еам периодот гаден,али уште оваа година другата мене ми е редот.
 
Пази го муабетот од синоќа бе Мала, у 6 и нешто кога се прибрав дома се смеев 5 минути како будала у креветот. Одиме за прв пат во една кафана, пиеме, јадеме, дојде саатот 1 и нешто. Искрено баш не ни се стануваше и јас го прашувам газдата до колку работат. Типот замавна со раката, даде 2-3 чекора, се ври накај мене и ми враќа :

- Од дома не ми пискат !

:pos::pos:
 
Ја сакам есента, затоа што е прекрасна, магична, тивка... Надвор врне дожд, а јас уживам, го слушам моментално Брус Спрингстин, пијам кафе, а од надвор допира до мене свежиот мирис на есен. Не може есента да не е убава, кога мириса на ајвар, кога го слушаш ѕвончето од последниот час и џагорот на децата кои едвај чекаат да излезат...

Ах... Убавини.
Ова е нешто друго, ова го чекав цело лето...
Ова чувство ми недостигаше премногу...:coffee:
 
Кајганче!
Дожд, филмови, излежавање у кревет. Пуштање мозокот на пасење.
Потипична недела од оваа денес, амин.
Патем, вчера јадев ајвар со сиренце:love:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom