Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,

Си најдов нов волк за во потпис, види што убаво си трчка. :D Незнам зошто сите околу мене се толку накурчени и напиздени, ќе си иделе од државава, ако де идете си што да ви кажам и тоа не го слушам од некоја напатена душа туку од апачите што собраа секој можен проект и секоја можна стипендија што можеше да се земе од државава. Ја искрено да сум власт не би им дал да си идат, какво идење па државава вложи во тебе, колку толку, замисли што да прават оние што не дава пет пари за нив.
Нејсе, некако не сум воопшто расположен, фрлам око на тебе од време на време ама ич немам инспирација да ти пишам.
 
Д.
ми се патува некаде далеку, што е можно подалеку.
ме задушува ова мало место исполнето со никакви луѓишта. прости, проста раја мајко моја.
инаку не ручав и фактички само еднаш имам јадено денеска.
:unsure: и сега??????
 
ДК
Бев вчера Скопје да поднесам документи за сестра ми за во студентски и конечно го доживеав пеколо на земјата. Шо е она бе,ми се чинеше асвалтот под нозе ќе испари. И многу некако изменето Скопје,до пред две години ко студирав не беше онаков.Изгледа со тој проекто 2014та ептен биле сериозни,градат и кај шо треба и кај шо не треба (претежно кај шо не треба).Нејсе,друг ми е муабето. Е на враќање на железничка дури го чекавме возо,си врвеше едно ѓупче (ромче де) околу народо и питаше, а во раката држеше најлон и лепак. И се најде еден идиот,почна да го ремети ко синкир детенцево од ќеф шмрка,а не колку толку да се почуствува убаво или да заборај на гладот.Па уште и ретардирано му вика.Ај ова ретардирано,ами тој со цигарата в уста паметен? Не знајш Кајги колку сакав да појдам и да му речам и тој да земи еден најлон на глава,па да се натпреваруват двајцата кој попрво ќе умри од грозна смрт,дали детето со лепакот или овај со цигарата. Ама не појдов. Пошто немав balls да појдам. А знам дека порано имав.Изгледа ги заборајв Битола сабајлето ко тргнав да ги поднесам документите на сестра ми.
 
Во 5.20 со возот чув чув Битола. Хладно пиво да видиме шо че кажат, бенд од детството ми се :) Можам да се пофалам дека сум кеф, наредното пишување во темава би било поврзано со импресии (ако преживеам нормално:P) во спротивно на телевизија че си гледате.
 
Бичч... многу се опуштив, не сум била на тренинг речиси две недели, закржлајв.
Вечерва не бев во форма по кафичи, ама утре ќе манам турбо.. не сум се начукала одамна :/
 
Кајганче!
Ај на страна успесиве и слично, али јеботе, кој факинг малер сум за некои работи, тоа е просто неверојатно.
Полека се помирувам со тоа, како и со фактот дека се што ќе допрам turns into shit за брзо време. Уште поидиотско е што колку и да се обидувам да ги опраам работите, само правам да биде полошо.
Дигам раце, друго нема :).
 

I got so many things runnin through my mind.. Just drink and smoke, wanna flow, unwind!
 
Шо е финтава со таа кутијата некој нека ми објаснит?
И да, кул е ко ќе ги свртиш сите кафичи по ривиерава наша. Се појебавме, шемски станавме аман.
 
Мила драга кајг.

Подобро да бев заробен во лавиринтот на минотаурот, пошто овој ебан испреплеткан лавиринт нема излез. Озбилно, нема излез -.-
Лутам и лутам и лутам... и таман ќе помислам еве го излезот, КУРЧЕ. не можам да го најдам ебаниот излез. Е, прашањето е дали да се откажам од барањето излез, и да си приумрам во лавиринтов ? Ама Не, тоа е за слабаци. Се' уште има ронка надеж во мене, се' уште имам сила да се борам и да го најдам излезот од ебаниов лавиринт.
Остани ми во добро расположение, додека јас лутам низ темните ходници на лавиринтов, барајќи го излезот, кој, се надевам постои.


држ <3
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom