Кајгано,
Вчера беше ко преживи причаче. Преживеав, ама не ми се прича. По дома малце
незгодно али ок.
Лееееее крш сум еј, 3 саата спиев само. Им се успав на дечиштана и немав време да им купам нешо да ги почастам. :Ѕ
А вечер као Нова Година било? Ќе пројде де, ај. Утре више ќе спласне фркава околу славењето.
Си купив 4 различни бои на лак и се радувам ко циган у слаткарница. Не знам кој попрво да го ставам. Најдобро вложени 120 денари за пазарски лак у мојот живот.
Абе знаеш шо сфатив, неаме китено елка оваа година (?).
Али добрата страна на лебот е шо мајка ми напраила руска и пилеча и некое благце, па сеа и сарми ме тера да и мотам. Лошата страна е што ако стаам во уста нешто од тие преукусни ствари, инстантно ќе ја пољубам шољата ПАК.
А неутралната страна е што и од цигари ми се гади, па можда у право време дое мамурлаков, баш на задњиот ден коа иам фора да се откажам од пушење.
Да се откажам? Абе ај :tv: Многу сум вицкаста.
Некој штотуку ми изјавил љубов преку зеленко, али добро, ствари се догаџају.
Mислиш дека ќе успеам да каснам 2-3 залака руска ако мижам дур јадам и мислам на шумата и на врбата и на ливаѓето и на куќарката и на каминот унатре и ѕидовите на годишните времиња? Можда ако успеам да не мислам на процесот на кревање на моите желудечни сокови, ќе биде исто ко да не сум се напраила вчера стуб.
Него главна ствар шо е у мода деновиве, ти се ова петардиве, ама мене тоа никако не ми е сфатливо. Искачаш на балкон, палиш, џиткаш доле, зјапаш у неа 10тина секунди, пука, подрипнуеш ради рефлекс и таков јеееееееееј се радуваш. Поинт биинг? Зошто мини-експлозија што е пакост за твоето ушно тапанче би била начин да се прослави почеток на новата година? Каква врска има пиротехниката со новата надеж или новата страница или тањирот руска или сијаличкине по бандери?
Многу филозофирам коа сум мамурна. Ајт.