Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
дали ти се верува дека цел ден косава ми беше неуредна како да сум преживеала ураган? Не знам што ми текна вчера да си направам благи локни (демек убава ми била така), ама не можев да издржам повеќе, па освен фризура, сменив и боја - Чао црвена! (барем сега за сега) :)
Така Драга, ненормално досаден ден, плус мрзлив и нервозен. -.- Утре очекувам досада и нервоза до бескрај, ама ај ќе билдам нерви вечерва... -.-
Уште колку време треба да помине...???:unsure:
Поздрав!
Еве ти една со одличен наслов, не дека општо песнава не е супер: :)
 
Д:
абе девојка имаш???
кога ќе те жениме?
:confused:
до кога овие прашања ќе ги слушам??
 
Звук на штурци и тешка индустрија... идила!
 
Драга,

Ми се повраќа од луѓево, срамота. Се немало пари, се иде на одмор, па мене мама и тато ми дадоа, ме тераат да идам на одмор, а знаеш дека мајка ти се задолжи за да идеш неранимајко ни еден! Срамота бе, Јас знам дека секој родител го сака најдоброто за своето дете, ќе направи се за него, ама некако ова ми нема резон, а он созреан бил, одговорен, одговорен човек тоа не го прави. Значи додека моите работат прекувремено, јас ќе си ладам м*да и тоа не у Охрид, туку Хрватска ќе фатам, пошто Грчка стана демоде.
Жал ми е за децава што израснале без родители, а овие го имаат највредното нешто а го злоупотребуваат, имаат беспрекорна и чиста љубов, шутраци!
Заработи со свој труд, па иди кај сакаш...
Лош им бил животот, несреќни биле, не можеле да се разберат со саканите, да а? Ај помини у слободно време накај онкологија, да видиш што е лош живот... Луѓе умираат драга, им го црпат животот и домашните проблеми и државата, ослабнуваат психички и физички...


пс извини, ми се собраа многу работи деновиве...
 
Кајганооооооооооооо
Да пукат играта рататаааааа! Шубо ми е, најубо ми е. Вака пак ко ќе излезам непланирано најубо испаѓат. Ама глата ми пукат исто!!! Ај утре ќесе сефтосам ваљда, редно е :D
 
бејб...

Текстов.. многу реален.. ако испадне со последнава вака, ќе ја убијам и ќе ми седи препарирана у дневна.

Седам дома се нервирам, не функционирам, неќам да мислам, а мислам дека друг те има, а лажеш и правиш филмови, незнам како за некои ствари сум видовит.
Седам дома се нервирам, не функционирам, играш игра што јас неќу да ја играм. Во што и да кажеш ти ја сумљам, се фурам, ма не се фурам, ти си...

Курва, а не си свесна за тоа дека си Курва, повеќе не ти ни ѕвонам дека си Курва,
класична Курва, не ми се верува дека се заљубив во тебе!

Седам дома се нервирам, не функционирам, решив да ти пишам песна али немам рима, тоа е доказ дека си неинспиративна, празна и никаква, г'нса, р'ѓа и гнида.
Седам дома се нервирам, а незнам зошто, незнам зошто боли толку силно, толку јако, кога си никаква, празна, скапаница, трула, вероватно ја сум се заљубил во...

Курва, повеќе не ти се јавувам, ти си Курва, што не дава да се заљубам јас во друга, па ти си Курва, не ми се верува дека сум уште заљубен во тебе.

Ао, душа боли свесно трчам ко будала, само пушташ води лесно можам да се удавам. Се давам, пошто све ти давам, ми фали да ти ги препишам уште авторските права. А можеби и треба, песнава е твоја, ја се заебав, полетав без да вржам појас. Пошто верував во нас, љубовта ќе остане, се осеќам ко рокер пропаднат и очаен што чекори по стари патишта, нема потреба да мислам, а пак мислам дека, дека и двајцата се мислиме, неможам да си ги средам мисливе. Мисли као: "100% сега мисли на мене", мисли као: "100% сега со друг се ебе!". Не сум повреден иако крварам, можеше да бидеш првата дама, али сега си првата...

Курва, а не си свесна за тоа дека си Курва, повеќе не ти низвонам дека си Курва,
класична Курва, не ми се верува дека се заљубив во тебе!

 
... најавна шпица.

10e49fd3b7e7bdc9ba9cf55b747d12aa.jpg


... одјавна шпица.
 
Никој не ми крева на телефон од сабајле, додека останатите ми го исклучуваат. :confused:
Колку што ме држи меморијава се немам очукано до таа мера да не се сеќавам што имам направено, ниту пак се зајеховашив. (Си викам вака се пишува човек што попримил религија Јеховини Сведоци)
И ми текна анегдота од Вуди Ален за Ј.С. Кој знае што има направено Јехова кога има потреба од толку сведоци.
 
Не ми е јасно како девојче може да рече дека омилена песна летово и е песна во која текстот е : свирни ми го свирчево, отвори ја устата, здржи ги усните, дојди поблиску и свирни ми го свирчево.
Ај од една страна што е глупа песнава, ама добро бе деца, текстот не го слушате ли?

Друга работа. Сите се бориме за нешто, иаме свои цели, идеи, начини, друштва, љубовници, партии... И времето минува. По 20 години, ке имаме други семејства и деца. Се измениле идеалите, целите, начините. И замислете, сето она во кое сме верувале денес, сме го сакале, сме давале дел од себе и своето време за него, да е пречка на сопственото дете да ги оствари своите цели и желби.

Замислете да сте биле лош љубовник на професорката на вашето дете. Сте ја изневериле, сте и заспале среде секс, сте ја повредиле. Замислете дека вашето членство во политичка партија да е комплетно поинакво од идеологијата по 20тина години, кога вашиот син ке биде член на сосема поинаква политичка партија во која е срамота имаш потекло од другата партија. Или уште полошо, по 20 години да е срамота да си бил член во било која политичка партија. Замислете секој ден да сте го тепале и потсмевале идниот свекор на вашата керка... Колку од нашите постапки денеска ги срамат нашите деца по 20 години? Колку ке бидеме приморани да се одрекуваме од тоа што сме го сакале и верувале, за нив?

И така, изфилозофирав јас со прво кафе. Спиев цели 10 саата, вчера имав турбо ден. И уште сабајле мислам на ракијата вечер што ке ја пијам.
 
05:00 часот, сам на кеј го потам гзот :D а ладно беше нек си ибе мајката..али нема везе, NeYo на рипит и нема гајле :cool:

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom