Велат алкохолот бил штетен. Мајке ми, дали некоја приказна започнала со : Еднаш брат, ко пиевме фанта....
Каснам еден ден, ама ако најдоброто за крај. Вчера му беше роденден на чичко
Прегледај го приврзокот 46148
Дрскост знам, ама некоја моја слободна интерпретација на неговите стихови:
Полека умира оној кој не патува,
оној кој не чита,
оној кој не слуша музика,
оној кој не наоѓа задоволство во себе.
Полека умира оној кој ја уништува сопствената љубов,
оној кој не прифаќа помош,
оној кој е претворен во роб на навиките,
поставувајќи си секој ден исти ограничувања,
оној кој не ја менува рутината,
оној кој не се осудува да носи друга боја
и не зборува со оние кои не ги познава.
Полека умира оној кој бега од страста
и нејзините бурни емоции,
оние кои даваат сјај во очите
или напуштените срца.
Полека умира
оној кој не го менува животот кога не е задоволен,
својата работа или својата љубов,
оној кој не сака да се одрече од својата сигурност поради несигурноста
и кој не оди по своите соништа,
оној кој не си дозволил барем еднаш во животот да побегне од разумните совети...
Вечна му слава!