Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982

Ова е ова е, ова е Црвено-Црниот свет ! :D
Од прееска си подпевнувам, веројатно позна од која песна е преработката а ?. :)

Него она ветерот лом ми направи дома, ко шо ги остаив сите прозори отворени кога излегов куршлус беше коа се вратив. Алиштата што ми беа оставени на кревет од сите соби ги собирав. Тоалетната од веце-то пред врата ме дочека :pos:Среќа влезната вратата што ја затворив, ќе си собирав гаќите од кај комшиките :icon_mrgr:

Си лапнав спојка, овие два дена слободни ми се, па не се чуди што џаболебарам на кајгана ова време. Али кај и да е планирам да си легнам малце ко досаден да станал форумов :cautious: :icon_mrgr:
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Драга,
Неможам да спијам, музикана од каменана бина се слуша дури до овде.
Нозете ме болат, кое денсање падна на дубиоза, неможам ни да си ги допрам..

Моментало свири move bitch get out the way, get out the way, а ја си викам, MOVE BITCH OUT OF MY TOWN. Градов ни е ко зомбиња да не нападнале, чаши, пиво истурено, повраќаница абе шо немаше кај фонтанана, и околу неа. Одвај чекам да заврши ова.

Ајде нека поминуваат 10 дена побрзо ми се оди на одмор, сакам да кулирам на мирно место, доста ми е од грознава миризба овде. Сакам да го помирисам езерото, сакам ноќно капење, сакам да спијам гушната до тој шо го сакам...

Ајде еве ти една песна.

 
B

BrunoFresh

Гостин
Драга,

Нозеве ме болат и умрев за спијање. Прекрасна вечер, убави групи и лудо играње. Секако и некој литар пиво.

п.с.Вака го гледам мојот град послем првата Пивофестска вечер:
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Драга,

Нозеве ме болат и умрев за спијање. Прекрасна вечер, убави групи и лудо играње. Секако и некој литар пиво.

п.с.Вака го гледам мојот град послем првата Пивофестска вечер:
уште суштества од потписот фалеа па да биди зомби апокалипс :)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Дубиоза, САРС ?! :свиркам:
Не ги гледав, немав план да ги гледам, глупи ми се, немам намера да плукам нешто и да продавам курназлаци. Тркнав до чаршијата, почна да врни, т.е претходно бев кај чичко ми на име, излеговме в чаршија и почна да врни, е вака беше. Народ како порано нз да кажам дали имало бидејќи прилично кратко време се задржав, околу половина час, се напив од тоа пивото со лимон, да го пробам, одамна го меркам, интересна работа, али како сокче да пијав. На бината имаше едно бате, т.е така го слушнав некој дека рече во стилот на Conquering , нешто реге слушав онадеше, а си седнав кај општината на тоа бетонот со друштвото. Околу 23, заминав на име и останав до 01:30. Душа мала, се радуваше на денот, гледаше ако другите се забавуваат на музичето и тоа скокаше како нив.
Од тука правец до дома го грабнав точачето и ги испратив дамите бидејќи живеат прилично далеку, па вака за враќање да имам ,,помалце" пат. Се слушаше нешто на враќање од чаршијата, веројатно некој диџеј сега пушташе музика, претходно како да ја заслушав Валтер, па добив нагон во цревцава :)
Едноставно не ги заситуваат моите хардкор несекојдневни музички апетити, , премногу турбофолк во истите кој свесно го апсорбираат голем дел, за потоа да плукаат по турбофолк изведувачите. Ај да не ја дрвам за музика................ретки се оние кои се соживуваат со секој нов албум, со нејзино анализирање, и споделување со истомислениците, вака то па то, свесно ја дрвам, несакајќи никого да убедам, само да си кажам што мислам.
Некогаш свесно одам против работите за кои претходно сум донел заклучок...............игнорирај, не се замарај..........веројатно сум премногу оптоварен со слободно време
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Draga,neznam koja budala pravi veridba u cetvrtok...ali da ti kazam sum se iznaigral sum peel do 5 sabajle,a pred toa na pivo fest ...epten meraci bese vcera,maa eve me pak u mocanovo skopje,a slusam vcera tornado imalo? :eek:
nemam spieno od ova vreme vcera,ajj :sleep:

 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Драга кајгано, срцето ми трепери од нервоза, 315 сообраќајки ми се случуваат во црпкава што ја носам на раменици, толку "шлакнат" родител од посилниот пол имам што никој не би посакал да го има :sick:.
Ќе ме умри за брзо време, барем да ја доживеам 20кава.... :facepalm:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Го мрзам летово и пеколов ненормално waiting for winter days
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Велат алкохолот бил штетен. Мајке ми, дали некоја приказна започнала со : Еднаш брат, ко пиевме фанта....

Каснам еден ден, ама ако најдоброто за крај. Вчера му беше роденден на чичко

neruda (2).jpg

Дрскост знам, ама некоја моја слободна интерпретација на неговите стихови:

Полека умира оној кој не патува,
оној кој не чита,
оној кој не слуша музика,
оној кој не наоѓа задоволство во себе.

Полека умира оној кој ја уништува сопствената љубов,
оној кој не прифаќа помош,
оној кој е претворен во роб на навиките,
поставувајќи си секој ден исти ограничувања,
оној кој не ја менува рутината,
оној кој не се осудува да носи друга боја
и не зборува со оние кои не ги познава.

Полека умира оној кој бега од страста
и нејзините бурни емоции,
оние кои даваат сјај во очите
или напуштените срца.

Полека умира
оној кој не го менува животот кога не е задоволен,
својата работа или својата љубов,
оној кој не сака да се одрече од својата сигурност поради несигурноста
и кој не оди по своите соништа,
оној кој не си дозволил барем еднаш во животот да побегне од разумните совети...

Вечна му слава!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Скопје, те напуштам за неколку часа... Искрено нема да ми недостасуваш во овие 6 дена. Ми треба одмор од тебе, од луѓето кои живеат во тебе, од општеството...
Те сакам Скопје, ти си моја вечна љубов, но понекогаш треба одмор и од тоа, затоа што знае истата да почне да те гуши. Се надевам дека само ваму каде што ќе одам нема да ми украдат ништо...:icon_mrgr: Се надевам на добри предавања, нови познанства, добри луѓе и уживање во младоста. Ќе почнам ваљда и јас да уживам во младоста, додека се уште сум млада, наместо постојано да барам значење и смисла во се околу мене и секој детал да го размислувам по 100 пати и да филозофирам за смислата на животот. Еднаш се надевам дека барем на 5 минути нема да размислувам и дека ќе уживам во моите години.

Еве ве оставам со две прекрасни песни кои ги слушам цел ден:

 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Велат алкохолот бил штетен. Мајке ми, дали некоја приказна започнала со : Еднаш брат, ко пиевме фанта....

Каснам еден ден, ама ако најдоброто за крај. Вчера му беше роденден на чичко

Прегледај го приврзокот 46148

Дрскост знам, ама некоја моја слободна интерпретација на неговите стихови:

Полека умира оној кој не патува,
оној кој не чита,
оној кој не слуша музика,
оној кој не наоѓа задоволство во себе.

Полека умира оној кој ја уништува сопствената љубов,
оној кој не прифаќа помош,
оној кој е претворен во роб на навиките,
поставувајќи си секој ден исти ограничувања,
оној кој не ја менува рутината,
оној кој не се осудува да носи друга боја
и не зборува со оние кои не ги познава.

Полека умира оној кој бега од страста
и нејзините бурни емоции,
оние кои даваат сјај во очите
или напуштените срца.

Полека умира
оној кој не го менува животот кога не е задоволен,
својата работа или својата љубов,
оној кој не сака да се одрече од својата сигурност поради несигурноста
и кој не оди по своите соништа,
оној кој не си дозволил барем еднаш во животот да побегне од разумните совети...

Вечна му слава!
Едноставно генијални стихови... прекрасно... Вечна му слава indeed...:cuc:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Мразам дежурства!!!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom