Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајгане (не дека тоа е деминутив од Кајгана, ама ајде),

Имам гледано милион филмови у живот, секакви филмови, ама на ова што го гледав оваа вечер му нема рамен во „забеганоста“. Морав да читам анализи и толкувања секакви, мислиш спремам испит Англиска Книжевност 14-ти век. За друг пат да си знам, секогаш кога планирам да гледам чудни филмови да си имам алкохол при рака.
 
Кајгане (не дека тоа е деминутив од Кајгана, ама ајде),

Имам гледано милион филмови у живот, секакви филмови, ама на ова што го гледав оваа вечер му нема рамен во „забеганоста“. Морав да читам анализи и толкувања секакви, мислиш спремам испит Англиска Книжевност 14-ти век. За друг пат да си знам, секогаш кога планирам да гледам чудни филмови да си имам алкохол при рака.

memento-mapped-portrait-name.jpg
 
Кајгич....
Еее и јас стигнав до тоа дереџе да пишувам на форум во 7 сабајле:facepalm:....ми скиснаа полагањава веќе. Презаситена сум од учење и се поврзано со учење. Која е смислата? 13 години од животот поминати со книгата, па ептен буквално изгледа поговорката ''Човекот учи додека е жив":(. Студентска мака... сама си го барав што ми требаше да започнувам уште еден цел циклус, демек амбиција, способност, трка со интелектуалците.........Ептен мрзливо ми оди оваа година ама ептен.......Мрзава ме прави мрчатор, ич не ми е по кеиф ама што да се прави....ајде да се вратам на книгата и да не мудрувам и лелекам многу доста си наоѓам изговори, мислам сТрамота веќе......:pipi:
Ајде биди ми поздравена:гик:
 
Некако ми стана навика да те отпоздравувам, како да си стара баба, па кога влегувам дома, морам да ти кажам едно добро утро, да ти тутнам локумче во престилката, да те прашам дали си арна, дали те слушаат ова невоспитанава младина, дали имаш лекови, се држиш ли како што треба, и да ти прочитам некоја песна.
Се разбудив во 8. Без логика, ама со поткрепа. Ах, мислев ќе поспијам.
А сега ќе си го агендизирам четвртоков, зошто викендов треба да глумам октопод и да завршувам милион работи што немаат директна веза со мене.
Слушам Ета Џејмс и некако ми текна на сите чаршиски потрошени чекори, студ во коски од неносење џемперче, а е мај и времето лаже, на прочитаните поезии боса пред Ла Кања и сличните небитни кругови радост што се зацртуваат кога ќе сконташ дека младоста си ја потрошил во Чаршија.
Баш сакав кафето денес да ми потрае повеќе.

Ми улета песнава случајно на џез фм, и успеав да ја најдам.
Совршено и меко за вака наутро.
 
Драга јас така си седам релаксирано и наеднаш слушам од надвор "СТААААААААААААРО КУПУЈЕМ"... ме вангелоса и ме извади од памет, боже господе каков вокал... се испотресов целата мислев дека ќе ме силуе, добив чувство дека може да ми го свирне у полн аутобус што би рекла онаа малечкана Сузана:pos::pos::pos:
 
К,
си ги заборавив апчињата дома, па колешката беше премногу љубезна и она од нејзините ми даде. Летам Кајги летааааааам.... Незнам што апче беше ама не беше само за мешето. Се чуствувам ко на облаче, главата ми лета и неможам да се концентрирам... i am happy... :ROFLMAO:
Сакаш да ти кажам виц... Potato... (9gagers will understand :P)
 
Драга,
Не планирав да ти пишам, али кога го видов известувањето шо ми пристигна бев принуден да ти се пофалам дека поминале три години од кога сум тука. Нека се угоди ;).
 
Мамурен на училиште, НЕ !!!
 
Драга кајгана,
Претераа овие двајцава овде, нема смисла- вие двајца, Get a F*cking room.
Иначе арен, само што завршив со обврските(не како што се надевав пред 2 часа, ама сеа бар ми е исклучен телефонот :P) и уште додека има сонце фаќам "магла".
Поззз Златна.
 
Драга,
што да ти кажам... 5 саати ти пишувам и никако да ти напишам. Веќе се откажав и многу се разочарав. Не знам дали сум старомодна или имам проблем, ама некои работи не можам да ги сфатам. :confused:
Ајде Драга, поздрав. Уживај си со песничево како мене. :)
 
Читајќи ја вчера колумната на Венко еден пасус ми се врежа во главава....

Еве што одговара, значи Зоки, и со тој негов одговор целосно ме преобразува. Вели: „Сиромаштијата. Таа ми ја даде идејата“. И потем дообјаснува – кога немаш, всушност имаш најмногу, само не гледаш. Немаш пари за тапан, па чукаш на тенџериња. Тоа го прават сите деца што се сиромашни а сакаат музика. Кога немаш пари за скап ксилофон, ќе чукаш на шишиња. И така, овој гениј од човек, со неколку прости реченици ми одржува лекција по морално однесување, ми вели да не бидам разгален плачко, да се борам, да не се предавам, да не се срамам и да не тресам глупости дека постојат несреќни народи, најмалку дека нивната среќа доаѓа од парите (а и ако доаѓа, може да дојде и од сиромаштијата), ми држи, значи со неколку едноставни зборови - лекција по живот. Каква прекрасна метафора – сиромаштијата како исполнетост, сиромаштијата како мајка на генијалноста, немањето како имање. Од својата маана да направиш доблест, од својот недостиг – вишок. Тоа е борец, и само таков човек ја знае смислата на животот, само таков човек знае да се исполни и да биде среќен. Да не му завидува никому и да си биде самодоволен.

Во новата книга на првата бела страница го испишувам болдираното и ќе го применувам, секогаш кога ќе почувстувам дека паѓам и тонам, ќе го читам, е само тогаш ќе бидам нешто подобро од ова што сум сега.
 
Драга Кајгана,

ТоБ провод со моите главни жени АлекСС и Бушафка. Инспирирани од една наша претходна целодневна дружба од кафана у кафана, решифме денес да го повториме истото.
Првин у еден кафич у Безистен у чаршија.
После у Костарика кај што храната е ТоБ ама услугата е тиња.
Па у парк лежење по тревите.
За на крај да завршиме у нашиот омилен Соул Паб кој го прекрстиле во Лашко Паб, ама само името е сменето, што значи останува најдоброто место во градов.

Ќе ми недостасуваат ваквите дружби кога ќе заминам далеку, далеку...

п.с. На вакво сончево време не се нарачува кватро-формаџи у Костарика. До утре попладне ќе ми биде полн стомакот :)))
 
Најголемата грешка што некој може да ја направи е да заборави на своите чувства, мислејќи на туѓите! Тука секогаш губиш, колку и да си во право...
А кога ќе ги погледнам колку се среќни, имам чувство дека јас никогаш нема да бидам така среќна, исполнета, насмеана... не дека им завидувам, напротив, целата среќа на светот им ја посакувам.... само што посакувам да имам и јас таква среќа... барем приближно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom