Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана...ова е еден среќен и исполнителен ден за мене иако ноќта сеуште не започнала.Ова е еден од тие денови кога размислувам за своето постоење и среќната ѕвезда под која сум родена.Навистина...опкружена сум со среќни луѓе окулу мене и знам дека секој од нив носи дел од мојата душа во себе која ги љуби кога им е тешко и им дава сила.Тука сум за вас драги...тука сум.Кога не можам да ви кажам в лице со зборови колку ве сакам заради мојата строгост и брутална искреност заради која толку често ми се лутите и негодувате но исто така заради која и ме сакате и почитувате...ќе и шепнам на Кајгана.;)
 
Гори кровоооот !
Не ни треба вода нека гори !
The roof, the roof is on fire.
We don't need no water, let the muthefucker burn down.
 
Драга Кајгана,

Денес зедов плата и тргнав во шопинг, ииии.... си го најдов најубавото пиво во најубавото шише :)

За тие што не знаат кое е, следи фотка од мојот телефон :)
Grolsch_resize.jpg
 
Нека му е честито на членот над мене. :) А драга, и ја денес си земав парите од еден проект... Фала на Бидиков за препораката. После 24ти ќе си го добие делот у 7ца, башка одамна немам идено натаму... :LOL:

Него тоа што сакав да ти го кажам е дека многу ме нервира тоа што кога доцна навечер пробуваш да решиш некој проблем и уопште не ти иде, а сабајле кога ќе станеш од прва за 2 мин. го средуваш. Истово ми се дешаваше вчера (уствари сабајле 5 саат беше...) и го решив денес кога станав, истото ми се дешава и сеа... а и утре ќе е иста приказна.

И така...

//Грејвдигер, аут!
 
Кајгии,
Денот ми беше лудница, не знам дали да казам баксузен ден или не :confused:
Прво си се заклучив у соба и ме фати паника дека никад нема да искочам од собата и едвај се отклучив, после морав да идам на кафе со еден другар :гомце: и на крај кога се вратив дома цимерката ми кажа дека пц ми откажал, е веќе не мозев да издржам, ќе си умрев, па нека иде у к****, ја не сум и крива што она освен ФБ не знае ништо да отвори друго :mad: не мора да се прави паметна, сега немам ни еден документ што си имав, а ми требаше за факс. :(
И спиев од нервоза до сега и сега ќе стражарам цела вечер.
Се пожалив дома за компјутерор, ама само ми дадоа надеж да разгледам за некој лаптоп :) може и ќе ми купат :)

И така, фино ми започна неделата...
 
Мила и драга одамна не сум имала активност...али ја данас
 
Драга,
Како поминува времето, станувам меланхонично хистеричен...
Тапа, постојано присутна, досадна болка.
 
да ги положам утре овие два, друго не треба :)
 
Мило ми е што знам како да се радувам, понекогаш, и на мој начин, не толку често како што би сакала, ама знам. Веројатно никогаш нема да се оптоварувам со ситници од типот зошто некој друг е подобар од мене или зошто имам неколку бода помалку, у контекст на вчерашната ситуација кога колешките изреагираа за мојот плус бод. Нека го земат, ако ги прави среќни. Ама нема да ги направи затоа што има и друг со повисоки бодови (пак нема да имаат највише). Нема да ги направи среќни затоа што никогаш нема да бидат задоволни. Онака, да се почувствуваат како да постигнале нешто и да се оладат на крајот на денот. Зошто не знаат како да се оладат и што всушност ги прави среќни.

Таа рамнодушност и тој роботизам се феноменален начин да си умреме сите сами и огорчени, заборавени од сите, а најмногу од себе.

Не сум некоја фантазерски настроена фаца, знам дека сизифов е трудот да пробуваме да бидеме разбрани од другите, и дека затоа пријателската комуникација и не се исплати многу, а тоа го знае најдобро човек кога си има мака, но штознам, ми се допаѓа психологијата на луѓето. Ми се допаѓа среќавањето и на глупави луѓе, зошто имаат една неверојатна обичност која ја немаат користољубивите "бизнис" луѓе. Ми се допаѓаат грдите луѓе, затоа што не се замараат да изгледаат поубаво. Ми се свиѓаат и борбените, и паметните, и наивните, и детинестите.......можда изгледа така, али избегнувам да ги дефинирам. Ако веќе го правам тоа, го правам врз основа на нешто што ми се допаѓа кај нив, а може воопшто да не е забележливо отпрво.

Секој има свои причини зошто прави нешто. Не осудувам зошто сум била во секаква ситуација, сум била секаква во различни моменти. И секој обид да се дефинираме себе или некој друг кој го познаваме добро е безвезен, затоа што сите сме се`, во различни моменти.

Немам пишано одамна, зошто изгубив многу од тоа што бев, и полет, и надеж, и сексипил... Не ми е до споделување, иако имам многу што да кажам. Нема сврха, кога пак се` е на мои рамења.
Морам да го сменам ставот.
 
Знаеш Драга, да ти се смучи да пишеш нешто овде. На секоја тема кој од кој постручњак е. Ако пишеш различно мислење од некој друг, така дрско и безобразно ти се обраќаат, да ти се одмили. Греота детено што се малтретира да им објасни нешто.
Инаку јас сум среќна, се враќа милиот од Маврово. Конечно :love:.
Ќе станам и тетка ма, иде свадба набрзо, ќе се растресам конечно :D.
Еве ти една песна со која сум заразена ама се би дала да не сум :noze:
 
Добра си мици? Шоима? :)
Ја добра, гладна as always..
Неам шо да праам.
Си ја средив собата, ги разместив стварите на полиците.. Претпоставуваш колку ми е досадно :)
У петок сум у жколо иначе. Fuck -.-

И то.
На ти песна♥
 
Драга,
Пивото и кикириките се спремни, само се чека да почне ракометов и да не израдуваа со победа! :vozbud:
Имам нешто да ти кажам за вчера, во кафиќ седат дечко и девојка и знаеш дека едвај 2-3 збора прозбореа, и тоа шо ќе пиеш и кој да плател, знаеш дека сеуште се чудам како може така..:confused:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom