Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
light_snow.png
 
Драга..

го мразам ова снегов :pos:
 
Не чини нешто на празник да ковам заговори.
Му се насмевнав на странецот наречен Желба.

Вчера во Менада, цела Франција се распосла пред мене. Од мачорот лош, со вареното вино и галетите со колбас, до Луис Армстронг и Одри Тату споредбите. По костените напикани по џебови, одиграв едно танго со Месечината на плоштад. За 10 денари, бакшиш, си се флертнавме по еднаш. Чисто поради радост. Ми шетаа луѓе пред неа!:D
На работа сум, очајно ми се јаде туна салата, ко мачор со брк мрдам лево десно и слушам Род Стјуарт. Басот ми лупа во срце, а колегиве ми вриштат на рамо.

Го сакам ко јаболко што сака да му се вдоми црвче. Симболично сосема!
Се’ нека запре, само снегов нека се појави.
Ми недостига студот, оној пред Коледарскиот. И мирисот на портокал и корки од мандарини по радијатори. И сармата што крчка во ритам на мутавките украси што се лулаат на балкон.

Ми се кити, ми се радува. Ми се прават убавини, декември ми е старт на љубовната меланхолија и спиењето заедно со ноџиња на колк и бакнежи по врат.
Се заљубувам ко трупец, ко верверица, ко лудо младо.

Качи се момче на коњааа, ајде земи мееее! :свиркам:
Отидов на пауза, ми се јаде тоС, со мрС, ах.

Изгледа освен што сум залетана, читам блогови и одам на работа, ништо друго не правам?

Поим немам.:pipi:
 
одеднаш ветер.......се затемна.....
ламарините од гаражата на комшијата се виткаат и има некој чуден звук.....
***
добив инспирација од атмосферава
 
НЕ ПАЃА СНЕГ НЕ ЛАЖЕТЕ.
Иначе, Кајгано, lvl up! :LOL:
 
Кајги ма, зашто уште си ми спора? Кога заминав ваква те оставив и иста те најдов. Да не си нешто болна, ај што поскоро да оздравиш;)
 
Од денеска сум скоро илегалец во оваа држава, не знам како можев да ја загинам личната карта, возачката ми е истечена, во пасошот имам уште две страници за чукање на печати и немам извод.
Се чуствувам како Jason Bourne.
 
Драги, Дедо Мраз!
Бев добар цела година.
Добро ајде, скоро цела година бев добар.
Ок, ок, бев добар и тука и таму.
Ма е*и се, сам ќе си купам поклон! :D
 
Passed down to you..
Го знаеш она чувство на исполнетост?
Коа почнуваш да се гледаш себеси во малку поинакво светло? Оптимизам со доза на претпазливост? Малку контрадикторно но возможно. Особено кога имаш со кого.
Херц минута во оптек

So says Saladin

P.S. I don`t imagine it. Just feeling it. I just hate expectations and disappointment.
 
сварно се осеќам глупо и бедно овие денови не те лажам глеај сеа озбилен сум ццц....

и шо има врска утре ако е петок и иде викенд ме заболе сеедно ми е сеа !
 
Драга,
Денеска се видов со едно другарче после 7 години, отиде во Русија, на руска чколија, само ја останав тука да си лечи некој комплекси врз мене и да ме деградира. Иако, ко че видиш исто ми се фаќа, овдека пак не тренираат со руски збирки...
Немам друго што да ти кажам, те читам од време на време, гледам и ти си настината, укочена си ми цела...
 
Драга,
денес, супер си поминав. Ја видов внука ми и нормално, мене ме сака најмногу од сите и со мене најмногу си игра. :) Се изгушкавме, се изигравме и на крај сакаше кај мене да дојде, ама ми беше страв дека ќе плаче за спиење по мајка и, па си остана дома. Инаку, се видов и со братучед ми и морам да го пофалам дека денес беше добар т.е. како за промена, ме сметаше за возрасна.
Цел ден ми се мота во глава една песна, не ги знам точно зборовите, само мелодијата и се нервирам, а баш е фина за расположение...
Ајде Драга поздрав
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom