Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ДК
Страв да го фати веќе човек форум да отвори и да читне нешто ......фрчат дијагнози и тоа се од областа на психијатрија.
:facepalm:

Ти нема што да се плашиш, тебе ни дијагноза не те фаќа.
 
3C7CA14F-7074-4775-8D45-D4AF8B8E8784.jpeg


Кога професијата имала тежина и одговорност према луѓето што ја посетувале институцијата наречена кафана. Таму биле и за добро и за лошо, да те ислушаат, да пуштат некоја фора од нивно време, да почастат некоја ракија.

А не денес, бариста сум во Куроф ми Ленче ланџ бар, носам кратка кецела, нарачки пуштам преку смартфон, а во случај ако им требам на колегите од кујна повразни сме со блутут слушалки, чунки претседателот на Америка го чуваат.

Денес на мени како специјалитет има потаж од тиква и салата од рукола со пршута. Се е органско растено е во градината на нашиот Шеф Марк.

Пред некое време идам у една "кафана", ми вика немаме ќебапи. Не дека снемале во меѓувреме, воопшто не служат ги немаат во менито, а се нарекуваат кафана.

Богохулие, еретици и антихристи. Моја нога никад више не стапнува таму.

Убаво вика Сусаро, не остана кафана у Скопјево да се измакедончиш поштено.
 
Стомаков ми се дува ко на децава у Африка после добивањето на хуманитарна помош од Били Портата или од ју ес еј владата,ни пивото не е тоа што беше све е хемија а ваму ќе ми серат позади состојки вакви такви имало,жими Трајче(дрварчето)...:cautious:(n)
 
ДК

Денес ја гледав рекламата на Влатко Стефаноски. Моментов ми е исто како во скоро време што се деси со Џон Цена и Леброн во УСА. Одма да кажам дека најглуп вид на коментари се тие од типот на кој му е поголем во стилот гледај што направил он, а што си направил ти.

На ова можам слободно да кажам дека само човек со IQ испод 70 може да пише таква глупа изјава.

Јас не спорам дека Леброн е исклучително добар кошаркар според некои луѓе можеби и најдобриот во историјата туку дека човек со таков авторитет и буквално со милијарда долари капитал се испич*а пред кинезите.

Во нашиов случај личност која е доајен на македонската музика станува sellout или по нашки продадена душа за пари.

П.С Колку глупо и вештачки звучи нашата земја ако барем за контраст не кажеш Македонија.
П.С2 Уште не сфаќам која е поентата на самоцензура, ај тие што се во влада да викаат Северна Македонија ама банки и медиуми кога го прават тоа по малку е тажно и малку повеќе трагично.(Тука не зборувам за официјални дописи каде што мора да се користи официјалното име)
 
Што се однесува до глупоќата. Постојат многу класификации, но една особина е заедничка за сите, глуп чоек не знае оти е глуп. Првиот чекор за да се излезе од таа состојба на умот, а се излегува обично кога видиците ќе почнат да се шират и прво сознание е само спознанието за сопствената глупост. Просто кажано: кога ќе дознаеш уствари колку не знаеш. Главна пречка на овој пат е сопствената суета. Ние сме веројатно најсуетниот народ на планетата, hence затоа и не правиме никаков прогрес, ни на личен, ниту пак на колективен или општествен план. Кај нас секоја реченица, секој муабет почнува со јас. Тука веројатно улога има и недостатокот на емоционална интелигенција, но тоа е поопширна тема на муабет.

Сум сретнал доста луѓе кои што по некои општоприфатени критериуми од општеството се сметаат за паметни и успешни. Но ние сме општество на парадокси, кај нас глупоста владее и таа дефинира кое поведение е прифатливо, креира култура на живеење и создава свои норми. Вистински паметните личности обично имаат капацитет да ги согледаат овие аномалии. Предизвикот тука е како да му се објасни на глуп чоек дека е глуп и тој навистина да разбере. Посебно во општество како нашето, каде што глупоста зазема доминантна улога.

Во нормални околности тоа би било задача на образовниот систем, да ја исфилтрира глупоста и таму каде што може да ја корегира и превенира. Што правиме кога и овој механизам е инфициран од глупоста и раководен од истата?
Е тогаш се раѓа и создава општество како нашето, каде што глупоста зазема такви димензии што мислата на Ајнштајн за вселената и човечката глупост го добива своето потполно значење.

Каква е судбината на едно такво општество кое што е во зенитот на сопствената глупост? Мислам дека не е тешко да се предвиди. Во вакви едни околности блазеси му на глупавите оти немаат капацитет да ги разберат последиците од сопственото незнаење и игнорантност. Жално е за оние кои што се свесни и со очи ширум отворени се принудени да ја сведочат колективна пропаст, во немоќ да направат било што за да ја спречат.
 
Draga

Ovie sto probuvaat da go izbutkaat trendot so poveke velosipedi-pomalku avtomobili se istite sho voopsto ne poznavaat opsti raboti za svojata zemja, i samo sakaat da kopiraat sto pravat drugite, kako onaa stara prikazna za chavkata sho gi ukrala perduvite od paunot.

Ko za start, prosecnata maksimalna temperatura vo Amsterdam e 25 stepeni C.
Dodeka, prosecnata maksimalna temperatura vo Skopje e 35 stepeni C.
 
Поставуе прашање у совети за аута,му одговараш и еве ги последиците ако мозок остане предолго без кислород што му се дешава на човекScreenshot_2022-06-21-11-33-08-115_com.sec.android.app.sbrowser.jpg
Левел поздрав топол 2.0
 
Нели мрежите се за да ги користи кој како сака, ама имам забележано дека се претерува со објавување на се и сешто од секојдневието, најлошо е кога доаѓа викенд и пола и повеќе од тие што ги следам пренесуваат буквално се од кафана, јадење, пиење, свирење па и лепење пари на свирачи, тешка сељачана.
 
ДК

Некој е толку опседнат со мене па ме спомнува кај стигне.
Како беше онаа поговорка...Ко се бије тај се воли!!!
Мене драга кајгано, Диле мноооогу ме сака...:pos::pos::pos::pos::lolzz::lolzz:..од уста не ме вади :jeeee:
Автоматски споено мислење:
 
ДК,

Се плашам дека ова е мојот последен пост тука. Ми се јавија луѓенцата на кои ме предупреди @Византиецот , и сега бараат моја депортација во Германија каде што најверојатно ќе бидам осуден на казна затвор од 6-10 години затоа што наводно по пат на телекинеза сум буричкал по компјутерот на Византиецот.

Ве молам вас кој останувате овде да се молите за мене, а јас ќе се држам на суд како Страшо Пинџур или Мирче Ацев, и до последниот здив ќе тврдам дека сум невин.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom