Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Преку к*р од константните муабети за и против ваксајн.
Кој сака нек се боцка, кој не, нека не се боцка. Јас не сум ни таму, ни таму.
Има валидни аргументи и од едната и од другата страна.

Единствено нешто што би се десило доколку 95% би се вакцинирале, би било олабавување на болниците, односно помалку хоспитализација и евентуално помалку смртни случаи.

Вирусот пак ќе постои, пандемијата пак ќе постои, луѓе пак ќе се заразуваат без разлика дали се вакцинирале или не и луѓе пак ќе умираат од корона...

И дај сфатете дека ако сте се вакцинирале не сте ништо попаметни и подобри од тие што не го сториле тоа. Не сте заштитени, па ко ќе дојдете во контакт на заразен вирусот да рече: "хк, овој е вакциниран, не можам да го заразам."
Пак може да се заразите, пак може да го пренесувате вирусот.
Ако сте се вакцинирале, не значи дека може да се шетате ко шерифи без маски, пак мора да носите маски во маркети и останати затворени места, како и во места со многу луѓе, зашто пак може да го пренесувате. И да, и вакцинирани умираат од корона, и тоа зависи од тоа кога сте се вакцинирале, со која вакцина, како и до вашиот имунитет и антителата што ги создала или не ги создала вакцината. Скоро исти курац е и со вакцина и без. Аман.
 
Драга, вчера ми текна многу заебано " Would you rather... " сценарио.

Да живееш во опшество каде сите освен тебе се антиваксери ИЛИ Да живееш во опшество каде сите освен тебе се SJW во пикот ( 2018-2019 )..

Еве веќе 1 ден после тоа и уште не можам да се решам кое е помалку болно сценарио.
 
Драга,

Дојдов само да кажам само ова:

Сихихиихихихихихихихихихиихихихихихихиихихихихити.

Плаче над тажната судбина на Тотенхем кога ке си оди Кејн.
 
Кајчи....
Морам да признам колку бев изненадена денес кога прочитав мислење од еден член, каде што на Бјонси и се обраќа со зборот Почитувана и бара совет од нејзе, а до пред некое време фрлаше дрва и камења по неа, ја навредуваше и исмејуваше.
Морав да го пишам ова, морав.

Лично јас не обожавам луѓе кои лижат кај што плукаат, но бате Диле ме изненади, дури баш пријатно ме изненади.
:)...
 
Драга,

Периодов ми е полн со реминисувања од сорт "Уат иф", не депресивни сценарија, а фокус врз позитивните страни. Учам каде водат различни патишки.

И знаеш што? Кога решиш нешто, цел универзум почнува да дејствува во твоја полза.

Кој би очекувал да сретнам колешка со која игравме заедно пред икс години? На друг терен, во толкав град.
Се договоривме да пиеме кафе и да отидам за некој аматерски меч.
Ми фали, не знаев од што бев дел додека не се повлеков.

Па почнав да копам низ социјалниве за други колешки, да видам која до каде е.
Има една во Америка. И стварно болно е колкава будала сум кога се работи за потенцијалот кој го имам општо во животот.
Мислам, и посакувам се најдобро, љубомората на страна.
Америка ќе ме пречека уште еднаш со сигурност, за колку дого ќе видиме.

Него, има некаква промена со Кока Колата или моите рецептори се толку во аут што нема враќање повеќе? Не ми е вкусна уопште. Ако наредното консумирање ми е зорле, нема да ја пробам друг пат.
Ќе се откажам од единствениот поизн кој го имам. Заедно со благото изгледа.
Не ми се верува што се случува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom