Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Од ден на ден губам се повеќе надеж за 13те милиони евра што требаше да ми паднат досега...
 
Драга, им завидувам на тие мажи и жени што се сами. Ни маж, ни жена, ни дете, ни брат, ни сестра. Тие животот си го живеат додека некој што има некого од погоренаведеново им се серат на глава.
Нисам ја те среЧе, драга.

Ајт.
 
ДК,

Screenshot_20210622-182549~2.png

Македонски успех при работа во странство.
 
ДК
дали само јас сум идиот на кој сите му звонат кога е на одмор?
Без исклучок ист вовед: знам дека си на одмор ама...
Не научив да не се јавувам, секогаш помислувам дека има некоја тешка хаварија и дека е падната мрежа во пола држава...
 
Почна летниот кошмар и кај мене. Изрешетан сум од комарци како решето и се потам како свиња од топлото. Од целата таа пот сега уште повеќе ме чешаат раните. Како шуга да имам се чувствувам. :facepalm:
 
Убо е чувството кога си на одмор и ти стигнуваат меил нотификации дека Џирите се со статус Done
 
ДК,

некои луѓе толку немаат чувство за маркетинг, што на интернет страна за продажба на облека поставуваат галерија од слики

1624441888326.png

со ефект на тотално помрачување предизвикано од пиење на литар алкохол.

Погледнав три слики и добив мачнини, вртоглавици и нагони за повраќање.

Ме интересира само дали фотошоперот после овие ремек дела е останат жив.
 
Кајг
,,,...до сега нема застој, ама од вечер ќе има застој во издавање на лични документи, тоа е поради ковидот што луѓето седеа дома и не ги гледаа документите, па сега сите сакаат!..,,, :facepalm: феномен бе, феномен!

...само кога ќе се сетам дека после полноќ, кога се вратив од аеродром ме допреа после полноќ и ме казнија зошто возачката важела до тој ден, па сум требала да седам цела ноќ на аеродром да ме поземе некој, а не да возам со неколку часа помината возачка,
ни арно, ни лошо не помогна, едоставно ми даде белешка каде го имаше и неговото име и презиме и ми рече можеш да се жалиш каде сакаш ...и сега кој ќе одговара што нема обрасци, а на луѓето им треба по закон продолжување на лични документи, а не чекање и одложување, а Оливере?
 
''Добар деннн, се јавуваме од агенција за мобилни оператори, ако сакате едно истражување...''

- Зафатен сум не можам, јадам компир манџа.

- Океееј, пријатно, убав ден. :pipi:
 
Драга.

Животот ти давал она ти што си му дал. Демек шири позитива и се ќе биде сончево.
А што ако е обратно? Што ако враќам, она што ми дал животот?
Преку глава - ама баш преку глава од мазохистички Мајка Тереза изјави - ти заслужи да се мачиш. Колку е тоа само умно болно? Да го убедиш некој дека заслужил да страда.

До пред едно време ја следев Ана Јовковска на фб. Кога бев средно имаше интересна тв емисија во која канеше луѓе од култура, интелектуалци, доктори, како и да е... Демек луѓе со искуство од кои можеш да научиш нешто.
Сега ја гледам споделила објава за нејзина книга, на следнава тема, парафразирам: Зошто ни се чини дека овој свет е неправеден, зошто ни се чини дека ангели од луѓе се измачуваат на ужасен начин, неправедно, со болести? А други пак, кои јасно гледаме дека најмалце заслужуваат, се опсипани со благодети, здравје и хармонија? Одговорот е - КАРМА.

Го читам ова што го напишала и стојам занемено пред мониторот. Инаку за тие кои не се запознаени - во Индискиот систем на верувања ги има 'законите' на Карма и Дарма. Дармата е она што опфаќа систем, начини на морално - добро однесување. Оттука, се се сведува на тоа што си правел во претходниот живот, пошто веруваат и во реинкарнација - демек сите сме во циклус на постојано умирање и раѓање. Пардон ако сите сме истите души кои одново и одново се раѓаат, тогаш како тоа популацијата се зголемува? Нели треба да остане иста. Неважно, одиме понатаму - ако не си ја почитувал Дармата во претходниот живот, сега ти следи живот на мачење, страдање, пекол и единствениот начин да си го објасниш тоа што ти се случува, според нивниот систем на верување е - Ти тоа го заслужуваш. Ти имаш таква Карма, тебе овој живот ти следе мачење без услови, без ама, без компромиси. Само мачење. Страшно, не? Како окован во невидливи синџири. Цел живот ќе се мачиш и немаш право на ама.
За оние попаметните - станува збор за систем на владеење. Како да ја убедиш милионската Индиска толпа дека со право е сиромаша, а Махараџата од друга страна е диспропорционално богат? Едноставно. Врзи им филм за Карма и Дарма.

Ана Јовковска? Не е веќе во листата на луѓе кои ги следам. Како човек од далечниот Запад (во споредба со Индија), должност ми е, ОБВРСКА ми е, животот да пробам да си го објаснам на друг начин. Дека не е фер. Толку едноставно. А не дека сум заслужил. (каква патологија од Религија)
 
Последно уредено:
Кајги,пуштам вести на Сител и гледам дека Зајко на лева нога станал чим вика дека ЕУ има проблем,а до сега ѝ се упикуваше ко Пепе Ле Пју.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom