Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кај,
6 месеци терен ми завршија со скоро нефункционални прсти, закочена кичма, гребаници и тн. Но исто така со полни гради чист воздух, чиста глава, полно срце, и уште поголема желба за тоа што го работиме. И се благодарение на природата! Се чуствувам како да сум на добар пат.
Поздрав со една сцена од "Гладијатор":
IMG_20200914_182020.jpg
 
Дк

Си пишавме со Alexis Crystal на инста викам невесто ајде да сркнеме едно кафенце ми речи:Ќе ојме нема проблем али ќе те кошта 5000долари.Де бре момиче викам за тие пари ќе земам десетина невести од Пустец.
 
За мене нема сомнение дека оваа Македонија е онаа што пред 2300 години го покорила пола свет... Ќе кажеш кај се тие исти храбри и воинствени луѓе денес? Епа ги нема, тие отишле во поход а тука останале експертите, за тоа денес имаме најмногу експерти по глава на жител и луѓе на кои политичарите им скокаат на глава а они не мрдаат со мал прст.
 
Драга,

Словенец победи на Тур Д Франс. И тоа дечкото има само 21 година. Факинг Тур д Франс. Најтешката трка во еден од најтешките спортови. Второ место за уште еден Словенец.

Кај нас Талевски на 25 години уште се смета за талент, а нерешено со Грузија во фудбал се смета за добар резултат.

Не сакам ни да слушнам споредби Словенија-Македонија. Они се друга планета.
 
После неколку година во старото маало, се симнувам од колата и гледам на улицата преку 20 деца трчаат и играат на улица, дупло повеќе деца од што имаше на таа улица кога бев јас мал. Одамна така не ми се наполни срцето, поготово кога видов дека децава се исти како нас кога бевме мали, го имаат она истото како кога растевме ние.
 
Оџата ме разбуди у 5, го заебав заспав, сеа ме разбуди у 9, као бесплатен аларм ти иде ова :D
Сум го заборавил ова саудиско будење :icon_mrgr:

И бабушот не е 20 годишен, постар е, вато не знае дека ја го знам бабушот уште коа одеше у основно, тогаш ги ебеше најјаките пички, средно исто. Најверојатно има поминато повеќе пички и од нас двајцата заедно. Сеа сомнителен е малку :icon_mrgr:
 
ryPznJ6.png


giphy.webp
 
54bc1ecec0311_-_hbz-sophia-loren-20-1964-rexusa-210677bq-xl.jpg


Една од најубавите жени во историјата на човештвото денес слави 86 години. :love: Софија Лорен.

За мене дефинитивно италијанските жени се најубавите, затоа дури 3 од нив доминираат на мојата топ 5 листа најубави жени што стапнале на планетава Земја.

Нејќам да и го реметам роденденот на Лорен, ама кога спомнувам жени и Италија во иста реченица, тука почесно место има госпоѓата Клаудија Кардинале. :smirce:
 
ДК,
И јас сум, додуша повеќе бев отколку што сеуште сум, ама до олку не сум бил Евреј бе!
13 години се знаеме со другаров, идеме на кафе. Ја 500 он има ситно, кафе исто двајцата по 90 денари. Ми дава 100ка, доаѓа сметка, давам 500, ми враќа кусур келнеркава, он збори на телефон и у меѓувреме ми покажува нешто мафта со раката (сиротиот 10-те денари ги барал) и ставив кусурот во џеб (сеа ми текна дека не остаив бакшиш у курац).
Две минути пешачиме оддалечени од кафичов „БРАТ, ДАЈ НЕ МЕ ЗЕЗАЈ ДАЈ МИ ГИ 10-ТЕ ДЕНАРИ МИ ТРЕБААТ, ТИ ИМАШ ПЛАТА“.
Он сиротиот демек е невработен сега, 2 стана имаат, работи фриленс, 5-6 фирми има сменето како графички дизајнер (сегде шефот бил најголем деген на планетава), а скоро лапна некој тендер со татко му за 2 недели работа праеше некои книги 1000 еура треба да му капнат кај и да е, јас сум имал плата.
Да не праиме муабет дека у задњи 10 искачања му оставам да ги скенира сметките кои некогаш доаѓаат и 1000 ако се напраиме тапан у кафана.
 
Најраната меморија која е најверојатно од првите две три год. од мојот живот е мирисот на едно пластично шише со цуцла....знам имаше и мерач во ml. Сум го гледал и години покасно шишенцето.
Видов една слика на мало дете прееска со слично шише и ми се врати меморијата, флеш бек 80 ти :) Најверојатно најблиску до цицка ми било тоа, и толку многу сум се приврзал :D
Ако се врати човек назад во животот ќе открие најверојатно дека секоја пасија му потекнува од најраното детство.
 
Во ноември 2018 година на Институт за јавно здравје им пишав меил во врска со потврда за Зика вирус поради туристичко патување (ме упатија таму, да не ме цитира некој со кој ти рече таму да бараш). Повратен меил сѐ уште немам.
Зошто потврдата пак ми затреба сега за една административна глупост, од клиника во Љубљана таква потврда извадив за 2 дена по меил (од што имам неодамна правено анализи таму) и што е најчудно не ни сум во Љубљана во моментов [emoji3590]

#чесникадри
#NaVremetoSiteRabotaFmeZaSlovenijaTieSiLezea
#AkoImashPariIvoMKeUbo
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom