Вчера се прошетав до Дојран да се релаксирам на еден ден....беше прекрасно......работните обврски ме блокираат за подолго.
Накај Скопје си тргнав накај 9 вечерта....опуштено си запалив кола....пријатна релаксирачка вожња придружена со муабети и шеги со семејството.
Се вклучив на автопат и се приближував према првиот тунел после Смоквица.....одеднаш видов многу возила застанати на патот и вклучени полициски ротациони светла. Ја намалив брзината и полека се приближував.....полициски службеници ми сигнализираа да застанам, го отворив прозорот и прашав за што се работи.....едниот од нив ми одговори тешка сообраќајка.....застанете во колоната и чекајте. Се сепнав......знам дека тој пат е добар и овозможува голема брзина....застанав, кренав рачна, изгасив кола. Излеговме од кола....сите беа излезени покрај своите коли.....страшно чуство е да знаеш дека на километар од тебе можеби некој го загубил животот....непосредно пред да пристигнеш. Од две коли пред мене кажаа дека виделе некое Порше кое ги одминало со огромна брзина.....го видов и јас и мене ме прелета.......не знам. Чекавме скоро 2 часа....потоа дојде служба за расчистување на пат....и не пуштија.....десната лента беше оградена од пред самиот влез во тунелот и околу 400 метри во тунелот....истечено масло, антифриз, стакло и многу ситни остатоци од возило.....страшно.
На работа сум.....и цело сабајле барам по порталите некоја вест....нема.....се надевам дека лесно поминале.