Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ДК story of my life these past few days, weeks, months...
 

Attachments

  • 5ddbc4c217697.jpeg
    5ddbc4c217697.jpeg
    59,8 KB · Прегледи: 22
  • 11265130_705620699560083_2669429563982926225_n.jpg
    11265130_705620699560083_2669429563982926225_n.jpg
    41,2 KB · Прегледи: 23
  • Screen-Shot-2018-05-01-at-12.26.22-AM.png
    Screen-Shot-2018-05-01-at-12.26.22-AM.png
    207,7 KB · Прегледи: 23
ДК. Многу ретко се чуствувам горд. Тоа е дека сум растен од таткоми за кого секогаш за се сум можел подобро. Да е нешто 99% напраено, тој ќе се фати за тие 1%. До ден денеска ми нема речено дека е за нешто горд на мене. Дури ни ко освојв 85 поени на републички во математика во 7 мо. (бев второ ама имаше преголема конкуренција)
Потсвесно ми е влезено тоа да секогаш правам нешто колку што можам подобро со цел да добијам validation од него.

Нејсе, фаст форвард до вчера.

Пред 1 година добив (преку фирмава кај шо работам) проект за дизајн и конструкција на custom build машина што ќе ги направи најважните делови на еден од нај напредните и најпрецизните телескопи во светот.
Чудово се вика CCAT, се гради во Чиле и има прецизност од 10микрони, а тоа е 2.5 пати подобро одколку сателитите што ја фатија црната дупка.
Пред 1 месец ги испорачавме првите композитни држачи за огледалото, а денес добив инфо дека на контролниот тест поминале перфектно. 10 од 10теста. (во фирмава сите пукаат од радости, се организираат честења, тим билдизни ау мау)
Веќе престанав да барам потвра од таткоми за секој успех, па и онака му ја спомнав оваа вест него, ама ништо не ми рече. Сношти ми ѕвони во 11 саат откако изгуглал шо чудо е CCAT па и конечно ми рече дека се гордее со мене. :place:. Хах изледа стварно distance breaks people..

Анивеј. Чекам 2022 за први слики од чудово.
За тие шо сакаат да читнат повеќе

1594118893210.png
 
По интелегетно суштество од таксист нема во Македонија.Доминирање на секое поле,решение за било каков проблем,ставови за кој големите компани како Мајкрософт,Гугл,Ејпл може да посакат.Сеуште не ми е јасно како со сета таа мудрост што ја поседуват уште седат зад воланот.
 
Многу не се замарам со аферите на луѓево, или ко шо викаше ron swanson " The less I know about other people's affairs, the happier I am. I'm not interested in caring about people", али пак слушам и читам и не можам да си поверувам на очиве. Мамички 30+ години шврљаат ко последно да е, па дури и се фалат меѓу колешките и пријателките дека имале ебач. Жени со фамилии со деца малолетни се расправаат по дома, се оставаат, одат кај мајките итн. Тие мамички ќе ги воспитуваат ќерките на 13 години да не стапуваат во сексуални односи и да не абортираат на 14 години... Не знам, дали то шо опшеството му налага да се омажат на 25 години па макар било и со ропак шо ќе ја толчи цел живот, дали со филмовиве турски се направија филм дека патот до принцот со бел коњ e поплочен со илјада ку*ови па мора да се изоди патот без разлика на се, дали то шо немаат образование и кариера во животот, единствена компензација ја гледаат во пердашењево итн. Ај снегулките на форумов да не се налутат ќе спомнам дека истово важи за мажите, али за да имаш швалерка малку потешко оди пошто мора повеќе критериуми да се исполнат. Како и да е, сите чекаат недела да се појди во манастир и да се запали свеќа за здравје и чистота, пошто нели бог е семоќен и простува се, чак и заклетвата шо ја даваат дека нема да го изнверат сопруот/сопругата.
 
Кајги што да ти кажам, немав храброст,а чувството ми беше како пред испит и се откажав, а од испит никогаш не сум се откажала,значи ова било потешко. Подлабоко буричкање во душа било, не мислев дека до таму е отидено.Уффф!!! Сега ми лебдат прашалници во глава.
 
Во принцип мразам преработки, но да ја земеш една од најдобрите песни на еден од најголемите музичари на 20-от век, и да ја направиш подобра, треба навистина да те бива.

 
Последно уредено:
Кајг.

Првпат одбив да прегледам и лекувам пациент. Како да лекувам некој кој 10 години психички ме малтретирал и се дрзнал да дигни рака на мене? Нека горам во пеколот.
 
До редакцијата на Слободен печат пристигнаа десетина порнографски клипови и фотографии со експлицитна содржина на кои се гледаат ликовите на девојки и жени од Гевгелија и од Богданци. Овие видеа масовно се споделуваат по приватни канали од еден на друг корисник во Гевгелија овие денови, а жените и девојките што се на нив, се мета на јавен линч на своите сограѓани, кои не само што ги споделуваат клиповите по пат на системи за пораки, како Вибер и Месенџер, туку и создаваат адаптации на логоа од порнографски сајтови насловени како ,,ГевгелијаХаб”.
 
Ди кеј
Прво по орото не имаше на тв сега ова би пишувал повеќе за погоре случајот ама подобро не бидејки е болна работа незнам што ќе е следно од овде :D
 
Цел свет им забранува на високи функционери па и на административци да користат ТикТок само кај нас претенденти за највисоки функции како Гордана Сиљановска Давкова си го промовира својот ТикТок на Фејсбук.

После ќе биде 'кој не прислушкувал, жути комбиња' итн итн...
 
Во 11 ноќеска ги гледав остатоците од зајдисонцето, небото имаше преубави бои. Сега во 2 наутро почнува да се разденува. Ги сакам овие луди, летни, скандинавски ноќи!
 
Србите се испотепаа со полиција, и полиција ги испотепа. Гледам вечерва видео, дечкото го замаваа, падна на улица, кој полицаец дотрча до него, го изудира... На крај двајца полицајци го кренаа и го преместија на тротоар за да може полициските возила да минуваат. И уште се чудиме на бруталноста во Америка ...

Што работа е тоа да маваш луѓе по улица со пендреци и клоци?
По казна ли се таму, па затоа удираат толку?
:(
 
Кајганке :love:

Ми доаѓаат вчера во двор партиски измеќари, со кеса во рака. Прво ми падна жал. На жешково да се акаш по сечии дворови, да обработуваш партиска агенда, да се бламираш пред народ.
Ми препорачаа да сум ја прочитала нивната програма и да сум излезела на избори да гласам. :misticen:
„А бе што бидна со Facebook, Google и тој германскиот гигант Фолксваген“ - прашувам.
„А бе види, ова со коронава ја еба цела работа, чекаат да се стиши малку ситуацијава и ќе дојдат. Се е тоа договорено веќе, тоа е завршена работа“ - (завршен цитат).:ojeaa:

Ме ставија во мисла дечкиве.
Искрено се прашувам дали навистина тие веруваат во тоа што го зборуваат?
Дали мислат дека со нивниот рафален одговор триумално го убедиле соговорникот?
Колку ли е тешко да зборуваш и уверуваш нешто во што ни самиот не веруваш?

Младино,

Нема никаква потреба да лижете ничии партиски задници, само за да си обезбедите административно столче. Засукајте си ги ракавите, почувствувајте ја потта на челото од сопственото парче леб, кое што сте го заработиле самите ВИЕ. Бидете свои на своето. Верувајте во тоа што го зборувате и смело кажувајте ги своите ставови. Достоинството и чесното работење никој не може да ви го одземе.

П.С. Како сме тргнати, треба да не стават како посебна гранка на изучување на психијатријата:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom