Одамна не сум пишал во темава.
Имав период на промени во животов. Крајот на годината ми заврши со измачувачка смрт на близок човек, а истовремено имав тешка одлука за промена на работната средина. Цело време ме пратеше некоја црна мисла, си легнував изнемоштен, без енергија, константно им викав дома дека чувствувам дека ќе дојде тешко време. Дека нешто ми вели дека нема да следува убав период.
Задлабочен во завршување на обврските од претходното работно место и запознавањето со новото работно место, немав многу простор за слушање на новостите околу короната. Имам колега кој е опседнат со болеста и честопати ги вртеше муабетите на таа тема. Дојде короната во Македонија, а по некоја случајност вечерта бев во кафана. Бевме сами во кафаната, надвор корнеше ветер, паѓаа дрва и не избркаа уште во 23 часот. Следуваше тивок период и потоа се појави Цаца. Колегата крена толкава паника, што буквално ми ја всади болеста во глава. Се зачитав за болеста, како се раширила, како се заразувале луѓето, какви симптоми имале. Почнав да кобам, при секоја омалаксаност велев дека е корона. Си игравме мајтап со болеста, зборевме италијански во автобус, божем кашлавме. Викендот пред појавата на Цаца бев во кафана два-три дена по ред. Наредната недела одев со авотбус на работа, а потоа дојдоа построгите мерки. Пешки до работа, дисциплина на највисоко ниво, мерки за работа од дома, излегување само за возење точак, а викендот го поминав со работа во двор.
И тогаш, на 23 март, се разбудив во 4 часот. Испотен, со болка во главата и потреба да одам во вц. Веднаш ми се заврте во глава муабетот на еден член на форумов, кој бил позитивен. Се разбудил и осетил дека е болен. Не заспав до сабајле, а кога официјално станав, измерив 37 со 2. Јас, кој никогаш не пијам апчиња, ниту витамини, спортувам (но, не внимавам на храна), од мал не сум имал поголеми проблеми со здравјето (освен со забите
), одеднаш станав како татко ми. Место јас да бидам оној кој ќе ги чува постарите родители со хронични болести, не им оставив простор да мислат за себе, грижејќи се за мене во овие три недели. Два-три дена чекавме температурата да падне. Изнакупивме витамини со сите можни букви, чаеви, инхалации, но курац, термометарот закован на 37 со 2. Матичната не те прима, алгоримот не дозволува да се тестираш. Почнувам да паничам, на четвртиот ден кревам 37 со 5, имам гребење во градите, шлајм кој не можам да го исплукам, доволно за да закажам тестирање. Се тестирам, а ми ветија дека резултати ќе има вечерта. Умирам, пет пати се прејавив, срцев удар ќе ме стрефеше. За прв пат мавнав дијазепам и веднаш се комирав. Доцна во ноќта го проверувам меилот и резултатот е негативен. Ден на олеснување, опуштање кое беше нарушено со веста за ненадејната смрт на 31 годишникот. Таков страв ми влеа начинот на кој умрел што веднаш ми се вратија сите симптоми. Температурата не паѓа 17 денови. Сфативме дека всушност тоа ми е нормалната температура на телото. Но, хаосот одамна е почнат. Дебилот во мене не може да одолее да не ги чита сите вести. Знам за сите како се заболеле, како починале, како се грижеле за нив... Стравот огромен, ниту една серија, ниту една работа, ниту една активност не помага за да се оттргнат мислите. Целиот згрчен, болат сите мускули, се давиш, паничиш, главата ти пука деноноќно. Час те гребе грло, час синусите те стегаат, час бубрезите, час кичмата, ти трнат рацете, те облива ладен бран. Во секој момент чекаш да те удри срцев удар. Во секој момент чекаш да го доживееш она што си го читал. Дибала се гушел во сон, излекуван пациент кажува дека чувството е како да се давиш во вода, пливач кој немал никаква хронична болест изјавува дека се гушел неколку денови, Рекбер Рушту посивел во борбата за воздух, 31 годишникот умрел откако му пукнале белите дробови...
Дали сум сив, дали имам заглавен шлајм во грло, дали очите ми светат, дали мирисам, дали имам вкус се' уште???
Три недели во избезуменост, три недели со панични напади, три недели во запознавање со стравот, фобијата од гушење. Хелоу анксиозност. Се осеќаш како да имаш 40 температура, како да телото не е твое, те издава, испушта душа. За еден час шеташ низ маало, скокаш на јаже, креваш тегови, јадеш како дупнат. Веќе во следниот момент не можеш да голтнеш. Те стегаат градите? Те чешаат или само те пецка? Шлајмот, пази да не се задавиш. Пиј течности за да отиде побрзо. Убаво ми викаат, ова ти е ново, тешко се изборуваш со стравот.
Денес сфатив дека не ме плаши само гушењето, ме плаши го кога ќе трае оваа голгота? Едноставно не можам да не прошетам навечер, да испешачам, да поспортувам, не можам да живеам без мотивација, без продуктивност. Работиме махинално од дома, гледаме серии за да помине време, но јас ги бројам минутите, чекам да заврши целиот овој циркус, но ме плаши што крајот не го гледам. И тогаш, затрперуваат сите мускули, морници те лазат.
Пред тој ден имав многу идеи за тоа како ќе го поминував времето. Книга ќе пишував, ќе гејмав, ќе работев во двор, книги ќе читав...
Пекол, емотивен ролеркостер, разочарување од самиот себеси.
Имав период на промени во животов. Крајот на годината ми заврши со измачувачка смрт на близок човек, а истовремено имав тешка одлука за промена на работната средина. Цело време ме пратеше некоја црна мисла, си легнував изнемоштен, без енергија, константно им викав дома дека чувствувам дека ќе дојде тешко време. Дека нешто ми вели дека нема да следува убав период.
Задлабочен во завршување на обврските од претходното работно место и запознавањето со новото работно место, немав многу простор за слушање на новостите околу короната. Имам колега кој е опседнат со болеста и честопати ги вртеше муабетите на таа тема. Дојде короната во Македонија, а по некоја случајност вечерта бев во кафана. Бевме сами во кафаната, надвор корнеше ветер, паѓаа дрва и не избркаа уште во 23 часот. Следуваше тивок период и потоа се појави Цаца. Колегата крена толкава паника, што буквално ми ја всади болеста во глава. Се зачитав за болеста, како се раширила, како се заразувале луѓето, какви симптоми имале. Почнав да кобам, при секоја омалаксаност велев дека е корона. Си игравме мајтап со болеста, зборевме италијански во автобус, божем кашлавме. Викендот пред појавата на Цаца бев во кафана два-три дена по ред. Наредната недела одев со авотбус на работа, а потоа дојдоа построгите мерки. Пешки до работа, дисциплина на највисоко ниво, мерки за работа од дома, излегување само за возење точак, а викендот го поминав со работа во двор.
И тогаш, на 23 март, се разбудив во 4 часот. Испотен, со болка во главата и потреба да одам во вц. Веднаш ми се заврте во глава муабетот на еден член на форумов, кој бил позитивен. Се разбудил и осетил дека е болен. Не заспав до сабајле, а кога официјално станав, измерив 37 со 2. Јас, кој никогаш не пијам апчиња, ниту витамини, спортувам (но, не внимавам на храна), од мал не сум имал поголеми проблеми со здравјето (освен со забите
), одеднаш станав како татко ми. Место јас да бидам оној кој ќе ги чува постарите родители со хронични болести, не им оставив простор да мислат за себе, грижејќи се за мене во овие три недели. Два-три дена чекавме температурата да падне. Изнакупивме витамини со сите можни букви, чаеви, инхалации, но курац, термометарот закован на 37 со 2. Матичната не те прима, алгоримот не дозволува да се тестираш. Почнувам да паничам, на четвртиот ден кревам 37 со 5, имам гребење во градите, шлајм кој не можам да го исплукам, доволно за да закажам тестирање. Се тестирам, а ми ветија дека резултати ќе има вечерта. Умирам, пет пати се прејавив, срцев удар ќе ме стрефеше. За прв пат мавнав дијазепам и веднаш се комирав. Доцна во ноќта го проверувам меилот и резултатот е негативен. Ден на олеснување, опуштање кое беше нарушено со веста за ненадејната смрт на 31 годишникот. Таков страв ми влеа начинот на кој умрел што веднаш ми се вратија сите симптоми. Температурата не паѓа 17 денови. Сфативме дека всушност тоа ми е нормалната температура на телото. Но, хаосот одамна е почнат. Дебилот во мене не може да одолее да не ги чита сите вести. Знам за сите како се заболеле, како починале, како се грижеле за нив... Стравот огромен, ниту една серија, ниту една работа, ниту една активност не помага за да се оттргнат мислите. Целиот згрчен, болат сите мускули, се давиш, паничиш, главата ти пука деноноќно. Час те гребе грло, час синусите те стегаат, час бубрезите, час кичмата, ти трнат рацете, те облива ладен бран. Во секој момент чекаш да те удри срцев удар. Во секој момент чекаш да го доживееш она што си го читал. Дибала се гушел во сон, излекуван пациент кажува дека чувството е како да се давиш во вода, пливач кој немал никаква хронична болест изјавува дека се гушел неколку денови, Рекбер Рушту посивел во борбата за воздух, 31 годишникот умрел откако му пукнале белите дробови...Дали сум сив, дали имам заглавен шлајм во грло, дали очите ми светат, дали мирисам, дали имам вкус се' уште???
Три недели во избезуменост, три недели со панични напади, три недели во запознавање со стравот, фобијата од гушење. Хелоу анксиозност. Се осеќаш како да имаш 40 температура, како да телото не е твое, те издава, испушта душа. За еден час шеташ низ маало, скокаш на јаже, креваш тегови, јадеш како дупнат. Веќе во следниот момент не можеш да голтнеш. Те стегаат градите? Те чешаат или само те пецка? Шлајмот, пази да не се задавиш. Пиј течности за да отиде побрзо. Убаво ми викаат, ова ти е ново, тешко се изборуваш со стравот.
Денес сфатив дека не ме плаши само гушењето, ме плаши го кога ќе трае оваа голгота? Едноставно не можам да не прошетам навечер, да испешачам, да поспортувам, не можам да живеам без мотивација, без продуктивност. Работиме махинално од дома, гледаме серии за да помине време, но јас ги бројам минутите, чекам да заврши целиот овој циркус, но ме плаши што крајот не го гледам. И тогаш, затрперуваат сите мускули, морници те лазат.
Пред тој ден имав многу идеи за тоа како ќе го поминував времето. Книга ќе пишував, ќе гејмав, ќе работев во двор, книги ќе читав...
Пекол, емотивен ролеркостер, разочарување од самиот себеси.






Кога појдовме со цимерот внатре, имаше останат само 1 кревет (дури и шперплочата кај што се става душекот на креветот беше дигната, па наместо нејзе наместивме врата што ја извадивме од соба бр. 10), беше останато само 1 крило на прозорците, 3 фалеа, имаше еден огомен метален шкаф какви што имаше во секоја студентска соба во Стив, ги викавме тенкови, и едно купче гомца од глувци на сред собата. Сѐ друго беше извадено. Е такво нешто не очекував, дефинитивно. Прво што си помислив, беше: па добро, кај ќе спијам јас? Ама ОК, се средивме, ја преживеавме Катанга некако таа година.
, беше позната и по теглите ајвар и смрдените чорапи закачени од надворешните страни на прозорците, канчињата од кисело млеко кои ги ставаа во дупките од чучавците за ко ќе пуштиш вода по вршење голема нужда да се направи поплава и Леонардо да плови на врвот од океанот (понекогаш за да појдеме во тоалет стававме цигли во океанот и скокавме од цигла на цигла), искршените тегли од ајвар и мармалад и стаклени шишиња со вино кои кога некоја песна ги погодила в дамар студентите решиле да ги масакрираат во ходникот за викендите, па кога чистачката ќе дојдеше во понеделник, само ќе опцуеше и ќе ги оставеше срчите со остатоци од храна и вино на нив да се скислат, да мувлосаат, па миризбата во ходникот само да ја надополнува онаа од чучавците во тоалетот... Освен сето тоа, Катанга беше позната и по недостигот на лица од женски пол.