Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Пази вака.

Играш цел живот за Република Македонија. Си се родил, си пораснал и си се образувал во Република Македонија.
Почнуваш да играш ракомет. Стигнуваш до врвот на Европа кога никој не очекува. Ти и твојата екипа сте шампиони во Европа. Цела нација се радува за твојот успех. Поминува една сезона и завршуваш четврт во Европа. Не е мала работа сепак.

Следна сезона се највуваат промени. Како и во државата така и во клубот. Во државата ти доаѓа премиер кој се колни жими мајка не менуваме име еј. Жими мајка ќе се грижиме за државава еј.

Небитно е тоа сега. Битното е што можеби нема да добиеш плата со месеци. Некои шпекулираат твојот газда ќе ја напушти екипата поради тоа што баш и не се мириса со новиот премиер.
Не е битно тоа. Битно е ти може да не добиеш плата.

Ајде, си викаш можеби се само шпекулации. Твоја работа е да играш.

И играш.

Еден месец - нема плата.

Играш пак.

Пак нема плата.

Доаѓа таму негде светско првенство.

Некоја си Европа те вика "FYR Macedonia" јбг, ти ја знаеш вистината.

Играш тоа што играш, јбг толку е силата.

Кажуваш на прес дека Македонија изиграла така и така...

Нема проблем.

Се враќаш во клубот.

Се враќаш во државата.

Некој од тимот на премиерот вели дека ти си психички пореметен.

Ок. Нема зашто да се нервираш. На нивна чест служи.

Се враќаш на своите секојдневни обврски.

Играш за ракометните преставници на Република Македонија во Европа без разлика што вика некој си таму ЕХФ или што ти знам.

Пак нема плата.

Играш и понатаму.

Пак нема плата.

Доаѓа време за 1/4 финале. Последен меч на домашен терен. Можеби ќе се распадне клубот од утре.

Газдата излегува пред битниот меч и вика "Еј дечки јбг, ја си одам од екипава, ќе ви дадам ова што дужам за пар месеци"

Иднината и официјално е нејасна и несигурна.

Играш против екипа што се смета за фаворит во двомечот.

После три полувремиња е нерешено во двомечот. Мораш да извадиш нешто плус за да стигнеш до победа. Успеваш. На гостински терен. Со неверојатно физички ракомет. Со милијарда тепања. Со расправања после натпревар.

Се пласирате на Фајнл Фор во сезона кога на почеток не се ни знаеше дали ќе поминете група.

Доаѓа време за ждреб. Ти се паѓа најтешкиот противник.

Се уште нема плата.

Време е за 1/2 финале.

Губиш 7 разлика на полувреме.

Второто полувреме го играш во транс.

Влегуваш во финале кога никој не очекуваше дека ќе се вратите во второ полувреме. Нешто што никој никогаш го нема направено на Фајнл Фор.

Во финале пак не сте фаворити.

Успевате да победите.

Шампиони сте на Европа.

Доаѓа време за прес.

Го кажуваш тоа што го кажуваш цела кариера уназад.

"Топ утакмица, дадовме се од себе и се надеваме ги израдувавме граѓаните на Република Македонија"

Сто пати го имаш кажано и сите сто пати официјалното име на државата во Еропа било БУЈРУМ Македонија.

Нејсе.

Доаѓаш дома. Славиш неверојатен успех поради кој што "чу цела Европа за нас" што би рекла Тамара.

И @Mikica69_ZaEU ти пишува "Eh ne trebase politika da se mesha vo ova"

Шта речи. Коју послуку порати.
 
Драга,
Песнава многу убаво ги сумира сите мисли у вези Скопје што сум ги имала во последниве 10 години
Душата од градот одлета :toe:
 
Никогаш не сум мислел дека нечив задник може да е толку убав откако не го забележав нејзиниот <3. Совршенство во движење, особено со тие остри германски црти и таков полудрзок поглед.
 
Колку ми беше денот тежок, огромна тага срцето ми го стегаше, но да е жив и здрав овој над мене и некојси убав задник кој ме помочаа од смеење...пет пати прочитав и се паѓам од смеење...ќе пукнам
:pos::pos::pos:
 
Денеска конечно го пуштиле автопатот од Миладиновци кон Свети Николе и Штип.

Неофицијално постоеле две верзии за одложување.
Едната, дека на истиот немало тунел за да можат официјално да го пуштат со добар бас,

И другата, дека по втор пат ги цртале линиите на автопатот, откако Павле Полче ги избришал.
 
Добро, не ли ви е срам да ставате слики по Инстаграм и ФБ како сте најзаљубени и се нај нај а по дискотекиве тука и Грција, Бугарија да се убивате шлапање со рандом партнери? Мислам, навистина се водам по мантрата live and let live ама дај намалете барем со патетиката, не за друго, самите се претставувате како дебили.
И после западот бил Содома и Гомора, колку што се изнавидов тука гадотии за две недели, немав видено за 6 месеци. :tapp:
 
Последно уредено:
Една од поодвратните категории на луѓе ми се оние што знаат се' за секого. За неговиот приватен живот, кога сере, кога се ебе... Овие битија киснат на Инстаграм, фб, Твитер и секоја можна социјална мрежа. Категорично водат белешки и ако ги прашаш нешто за некого, ќе ти ја понудат неговата биографија. Најчесто ги потенцираат негативните аспекти, најверојатно за да бидат на некаков пиедестал во социјалната хиерархија.
Овие нешта доаѓаат во пакет од 10 до 15 души во едно друштво, стојат добро со сите во заедницата, но ја оговараат цела заедница додека се сами у друштво.
Овие говна меѓусебно се обожуваат и се хард кор солидарни, групната нарцисоидност им фршти. Муабетите им се претежно оговарање, ретроспектива за дешавки у друштвото, судење други луѓе и по некоја заедничка тема на интерес.
Ако си гостин у друштвото:

1.Ти ги даваат сите почести и те хајпаат, но си велиш: „Којзнае што зборуваат за мене кога гледам како серат за други луѓе со кои се фини".
2. Ако се понашаат официјално, не се опуштени со тебе, осеќаш тензија која зрачи со потсмев и суд додека збориш или те игнорираат, си го јадел курот. Те оговараат, те судат, твоето постоење им е мета на заебанции и саати поминато забавно време и најверојатно веќе имаат напраено преку десет мемиња од тебе.

Пошто овие друштва се хранат од социјален статус и дишат социјален статус, не можеш да напраиш рандом муабет со неутрален пристап и/или да те гледаат како рандом неутралец. Или се хиперфини или те мрзат. Примордијално племе, ебате.
 
Одамна немав треснато негде. :oops: Океј, од свадбата на сестра ми, кога камерата снимаше точно у мене и татко ми се зезаше со камерманите да напраеле ко скеч, посебно цд, јас како паѓам. Уште тоа го немам документирано. :cautious: Па уште тие ме тешат, а бе сме снимале свадби кај што невестата паѓа, не е ова првпат, не е страшно. Хехехе, ок, фала.

Имено, денес после полагање, си се возам горе во двокатен автобус и си размислувам... ми фалат 0,6 поени за да положам, ќе даде ли, нема да даде на увид. :vrtioci: Си размислувам каде ги имаше тие цветчињата, да им кинам лист по лист и да си бројам - ќе даде, нема да даде, ќе даде... Вака сама со себе си правев: :lut: ќе даде, а бе нема да даде... Океј, мање битно.
Доаѓа на ред мојата станица да се симнам и пак у глава си зборам, а бе мора да даде... и тука симнување по тоа скалите, дадов лев жмигавец, ама не успеав да свртам. Назачки, прво на задни образи, таман кога помислив ја имам контролата у раце, да се исправам... скроз се спружив, не се ни сеќавам како се испревртев. Само знам дека беше гадно и одма почнаа да викаат дајде ѝ вода, помогнете ѝ да стане. :ROFLMAO: Ја за среќа (или несреќа) си имам салце што го носам ко заштитни шлемови и фала Богу поминав само со модрици и гребнатинки. :P Ма да не знам како успеав да си направам модрици на потколениците, кога паднав на грб.
Aј да не зборам многу, многу ја...
Ај чао. :D
 
Епа навистина се нервирам и понекогаш ми е мака што сум женско(едина добра ствар што бар не сум и плавуша):facepalm:

Зошто мора бе да се глупирате, абе за која гордост и симнување на предрасуди дрндате кога секојдневно посетувате триста козметички салони, штедите пари за филери, ботокси и други дрндупки за разубавување, гладувате, се мазните и тинтрате :vozbud: а ваму ПАРАДАААААААААААА:tapp::shok2:

https://fokus.mk/ertzheni-vo-kostumi-na-kapene-paradiraa-na-ploshtad/

НЕ ВИДОВ НИТУ ЕДНА ДЕБЕЛА ЖЕНА, ЖЕНА СО ЦЕЛУЛИТИ И ВИСНАТИ ЦИЦКИ, КЕЛАВА:eek::rolleyes: па кеде се де тие :jajce:
 
Драга

Ме потсети @wot со лајкот на постов што сум го напишал во Блам состанок пред три години. Си се пресмеав на него попладнево. Сите меат. И ја меам. Сам на себе меам. :icon_lol:
Иначе ако те интересира каде е девојкава денес. Епа после неколку годишно периодично забављање кога ќе и се присакаше. А и уживкање со уште неколку батиња. Си го најде принцот на белиот коњ. Татино синче со длабок џеб, млад доктор. Па заедно со коњот си одјаваа за Германиите.
И така додека она ужива невработена во Дојчланд (чуму да работи) и си се шетка по луксузни дестинации во Европа, јас седам дома и јадам овошен јогурт.
Сака некој? :)
 
Кајг,
....види жалосна слика, би рекла криви се родителите!:(

rKHiJNr.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom