Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Сонцето денеска сијаше како мојата насмевка.
Пола град успеа фантастично да го искористи денот и излегоа од својте домови и се собра во централното градско подрачје да го испијат својето кафе и да покажат на инстаграм колку се само гревови и дека треба да се убијат под хитно.
 
Некаде во далечното минато, две личности беа на одреден период во странство, за прв пат. После познанството кое траеше извесно време, секојдневните моменти поминати заедно насамо, беа драгоцени. Разделбата беше тешка, солзите и ветувањата неизбежни.
Но, тагата во очите на едната особа се забележуваше веќе подолго време. Другата особа мислеше дека разделбата е изворот на таа тага. Сакаше да размислува на тој начин.
Времето покажа дека зборовите „засекогаш“ и „никогаш“ не треба да се користи во секоја прилика. Времето покажа дека никогаш не можеш да ја предвидиш иднината, затоа што не знаеш што ти носи наредното утро. Интересни се насоките во кои те води животот.

Кајгано, кајгано :icon_mrgr:
 
Кајги, не можев да ти пишам завчера.
Во мојот живот само неколку пати сум добила поклон за 8ми Март и претежно на заебанција од мајка ми, пар хулахопки, моливче за усни, стегач за коса...во главно работи кои цел живот и ги крадам.
Ми се јавува еден колега од факс, што стално му помагам околу испити, прашања му средувам, го покривам на вежби итн...И ми вика Динке, ја знам дека не почитуваш 8ми Март, валентајнс и слично, ама мислев дека заслужуваш едно мало внимание од мене за сите раб што ги правиш за мене и колегите.Сакаш ли да излеземе до парк? Ајде велам.Се наоѓаме у парк, постилал кебенце и на него кеса.Од кесата се гледа леб, си велам у езерце да фрламе го земал.Седнавме ми вика отвори, види што ти купив!
Отварам полека кесата, гледам нешто тешко, вадам леб и тегла.Замотана преубаво, со роза од хартија.Си помислив прво свеќа е некоја.Отварам, АЈВАР БЕ БРАТ Гледам неколку секунди и си велам, ова е некоја заебанција.Внатре ливче свиткано, испринтан скрин шот од месинџер, каде 2013 год му велам дека ќе му дадам прашања само ако ми даде тегла ајвар !


Истата вечер гледавме филм :noze:
 
Запознав холанѓанец вчера, да ти живеел тука кај нас скоро цела една година. Вика тој би живеел тука, му објаснив дека и јас со неговиот стандард би живеел тука. Па следи дека сум луд затоа што го поболив во смеење од вицовите мои македонски а ги кажувам на англиски. Овие другиве ми вршеа притисок затоа што на почеток англискиот ми беше тиња, чекај бре да загреам пред утакмица фудбалерите се загреваат. Кога загреав страшно беше вика :icon_lol:. Наредниот Понеделник ќе одам кај брачката на гости во Софија, следниот викенд во Банско, а наредниот во Белград на саемот за автомобили незапирлив сум :icon_lol:.


Ајде заминав во Охрид на утакмица има да биде убре дебре :pos::pos::pos::pos:.
 
Некои луѓе што те прашуват два пати годишно како си и тоа на фб (секогаш во случај кога им требаш нешто) ме тераат да бидам безобразен како нив и да ги прашам директно што сакаш сега или што ти треба?
 
Топло времево денеска. Што да правам Кајги - старо семе сум мора вака да почнам муабет. :D
Нова сум бе Кајганче, тоа сакам да ти кажам цело време. :)

Инаку стварно е топло, си седам во двор, го впивам сонцево, цвеќево пред мене е турено со пупки.

Кај мене (читај во главава) се топат снегови. Каша ми е деновиве. И јас сакам пупки, си сакам да ми расцвета во душава.

Кајганче, полесно ми е кога се губам себеси, оти знам на крајот ќе се најдам, ќе се составам некако. Ама вака... кога го изгубив него, а тој мене... Искрено не знам како да го најдам крајот.

Многу почнав да тажам. :D Знам де.

Се чита дека ми е каша во главава, не? :icon_lol:
 
Тука има двајца личности од човековата историја.Едниот завршува претепан како куче,а другиот оплакуван и погребан во еден од најгледаните тв настани ..... Слични водачи,различен крај. Видеово е класика.Тито и Гадафи. Тито си заврши мирно.Гадафи вака.
YrB6ogQCQ-J3dyM_cXIhRpWDPXImtRdvvv0zSoA2s_g.jpg

 
Ќе те сакам засекогаш, ќе бидеш моја божица, моето небо, моето сонце, мојата последна воздишка само ако за себе зборуваш во трето лице еднина и го воспеваш Игор Џамбазов <3333
 
Драга

Пред околу 8-9 години буте сретна едно девојче. Детска љубов на прв поглед проследена со милиони соништа, замисли, желби. Цел живот пробвеше да ја запознајт да ја видит одблиску ама не се пружи прилика. На толку напори на брачеда му да ги запознајт пак ништо. Женски доаѓаа и си одеа, велеше за многу дека ги сакат ама чим ги затвореше очите пред него излегвеше таа. Секоја вечер цели 9 години. Така сакал животот, велеше тој. Ама тогаш тој беше дете мислеше дека све шо летат се јајт и сигурен сум дека ако се запознаеше тогаш ако и кажеше све ако сакаше нешто тој....таа немаше да сакат. Животот сакал после 9 години буте да го запознајт момичето на банален начин на снепчет кај шо тој објавил слика од колешката шо испаднала дека и е блиска другарка, а таа пак и пратила поздрав. Така почнале да се допишват и со тек на време се отвориле картите. На крај излегло дека и таа цело то време е тајно заљубена во него. И конечно после цели 9 години тие се сега заедно. Е то драга, то е пример на чиста љубов шо ќе им го раскажвам на деца и внуци. А можда таа ќе им е мајка па заедно ќе се потсеќаме на ова. ТЕ САКАМ МАГДАЛЕНО!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom