Драга, не знам зошто воопшто имаме уште домашен телефон.

Овоа полначов кај што треба да стои телефонот уствари, има едно копче, што ако го кликнеш нели звижди телефонот каде и да се наоѓа. Е сеа ја талентов ко шо сум оваква, ко што ме напраиле (да сум жива и здрава, ама помалку трапава), базава си стои кај мене во соба. И нормално, во 4 сабајле у темница го кликнав по грешка (знаеш ко Милан кога му вика на Жика: Ја добро видим ночу и после паѓа во септичка јама? Е па ја не видим ночу, а Бога ми ни дању) а телефонов кај моите да ти бил, па малку така ги разбудив у 4ипол сабајле коа се развижди цел стан...

Ај бе ќе си продужат да спијат, шо има везе.

Башка можда услуга сум им напраила ако лошо сонувале, хеее.
Нејсе, ја станав ко банка за цигари.

На сите другарки што пушат цигари, а кријат од дома и пошто сум им била единствена сигурна, којашто нема да им ги испуши цигарите, сите кај мене почнаа да ги оставаат.

Остај тоа, него 24/7 треба да бидеш достапна за после да им ги вратиш истите. Во пакет со запалка, мастика и парфем. Оооооф муко мојааа. Тибам цигарите, да тибам...
Иначе ја арна, чекам дремка.

Ај чао.
