Шо научив од една недела на ново работно место:
-Тапа сум за пинг-понг, ептен тапа
-Фудбалчето ми е уште топ
-Втора смена и не е така лоша идеја
-Дупло еспресо мртов човек ќе врати во живот не па да те расони
-Мноооогу технички работи
-Фактот дека рандом познаничка (колешка од факс) шо не ти ни зборела коа ќе ти дојде на интервју за пракса успева дури да се сети и како се викаш
Мајка ми ми беше на гости.
Се слушаме вчера на телефон и ме прашува:
- А нешто од зимница да донесам?
Јас: Не, не треба, знаеш дека само џабе ми фаќа место.
Таа: Ама правев ајвар вчера, мора да го пробаш.
Јас: Добро, донеси една тегла.
Му викаш од салати стај ми домат и краставица, и ти става по едно парче во сендвичот. Искуство од две различни места. Тоа не треба да се убие. Треба да се запали!
Кој го измислил тоа ѓумбирот ми иде да му го исмукам од милина. Јас не памтам кога последен пат имам пиено фамосан за киселини или болки во желудникот , исклучиво зовриена вода со ѓумбир во неа и свршавај.
Иначе тежок тревкар сум , со сите билни чаеви и треви сум. Користам иначе чај од коприви за косата , и секојпат кога си ја мијам косата на крајот ја плавам со чај од коприви. Вчера бев во селото да пробам да соберам цела вреќа да ја оставам да се суши , зошто веќе ладно е и сланата ги попарува во утринските температури. Си полнам јас 3 цели големи вреќи , си ги ставам во багажник и си возам. Ме запира полиција , отвори ово оно , и гледа 3 вреќи пуни со коприви. Среќа писмен беше и знаеше дека се коприви , иначе ќе требаше да гуглам да му покажам растение од марихуана.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.