Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,
Не сум човек кој тешко простува, мека сум на срце, не оти моменталнава состојба на зезање од страна на сите ми е нешто асимптоматична, точно се знае на што е последица, ми фали малце суровост да преживеам у дивинава. Ама дефинитивно најтешко ми паѓа кога ми се случуваат ако___тогаш___ моменти. И тоа од блиски за кои не очекувам дека треба сметки и захвалност да се полага за све. Ми доаѓа на таквите луѓе да им кажам „Немој пак со теореми само, секогаш ми се мешаа, математиката никоаш не ми беше друшка.“

Како ептен мала имав едно другарче, тешка лигла, за се нешто те уценуваше да биде по нејзино. „Ако неее... нема веќе да си играме.“ :mad: Непријатно ми беше од моите и од нејзините и и` го праев кеифот, не оти нешто умирав од желба да си играм со неа, неверојатно досадна ми беше своевремено. И еднаш ми пукна филм и на нејзиното почнување со “теоремата“ и` го спуштив и тоа пред моите ко за беља да се засрами уште толку: „Па ти се` си идеш дома и никако да си отидеш, имаш ли куќа?“ (ова „имаш ли куќа“ тој период почнав да го слушам од баба ми секој пат кога ќе се забаев надвор и ми беше баш интересна фраза, нз зошто)
Оттогаш, никогаш повеќе не ми одеше на нерви и се мислеше пред да ми се обрати. :misticen:
Се прашувам, зар е можно со годините да оглупавев толку?

Овер анд оут. :kafence:
 
:mad: Добро, за да завршам работа они можат да ми дадат рокови некои минимални, па ја да окапам да ми истечат очи две - три ноќи, а кога треба да ми пуштат парите ај денес ај утре.
Веќе почнувам да мислам дека судбината ми е таква, да имам пари, а да ги немам. Имам еден должник, ајде тој, должник е преку 5 години веќе, на извршител е што го ебам.
Лани соработував со еден абдал, му давав процент, цела пролет едвај се наплатив, се коцкал со моите пари.
Сега со овие, убави парички се, рачунав и јас и моите на тие пари, еве на, „ги пуштиле во понеделникот, треба да легнат на сметка“ па пичка му мајчина гулаб да не ги носи тие пари ебате, колку време легнуваат на сметка, или можеби сеуште ги немате пуштено. Од крај на март ги нема.
Што е најстрашно, буквално немам никаков простор за маневра, што ме нервира дополнително.
И така еве сум сега, лесно депримиран, бааги нервозен, дури ми избива на агресија. Негативност извира од мене до безкрај! И затоа ќе си се затворам во соба, не одговарам на телефонски повици и на ФБ на блиски, пошто сум незгодно копиле во вакви моменти, па така најдобро за сите.
Еве сега си велам ај да проверам сметката и да седнам онака сам да испијам една вода, кога ете ти ги ми се клапнаа другар со девојка му, кои инаку ме избегнуваат поради мојата искреност, сега решија да ме дружат. Е за да не ги отерам во мајчината како што сум нервозен и лут, си допив водата, им кажав пријатно и си отидов.Пичка им мајчина и на нив. Вечер ќе излезам на пола саат, колку пак да ја проверам картицата и ќе испијам една вода у град и пак ќе си се затворам по дома.
 
Дк,

Ми фалиш.
Ти.
Ми фали времето кога седев и читав форум со часови.
Пренатрупаноста во ебениов живот и неможноста да се избега од хаосов не ми остава слободно време, а ионака не ми вреди кога не сум во родната си земја.

Еден ден.
You just wait and see.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Су некуј чувеци не вреде да праам маабет на одред'на тема оти толку им сече.
 
Борко Ристовски: Секоја камен на Порта Македонија е камен фрлен врз ракометарите и нашиот труд | Kurir.mk

Мојсоски: Сквернавењето и уништувањето е газење на заедничките успеси, тоа не е мојата Македонија која ја претставувам цела кариера | Kurir.mk

Еве зошто не не бива у ниеден спорт, репрезентативците мислат дека играат за триумфалната порта, а не за Македонија. Затоа и никад нема да иаме успех, зошто овие имаат мозок џамлија. Секој камен на портата бил камен фрлен врз ракометарите...
Море не врз портата, треба нив да ги начукаат на една бина и сите нив да ги каменуваме, зошто не заслужуваат да се наречат репрезентативци. Може у нивно друштво да го убациме и идиотон Атанас, па да го пуштиме со кајак у диви протестанти, па да му ебат мајката...

Колкава пара треба да ти дадат за сам да се посереш на целиот труд кој си го вложил за да бидеш спортист никогаш нема да сфатам...



П.С. Убаво си имав кажано дека не се пласиравме на ЛОИ зошто нашиве патриоти мислеа дали кај нас на 5ти јуни ќе има избори или не. Тешко е да играш кога знаеш дека во мајка Македонија има пратено соросоиди што сакаат да ти ја уништат државата, а ти знаеш дека државата може да се сочува само ако има избори и ако на тие избори победат патриотите над патриотите - вмро.
 
Кајги, уште ми е криво што не се квалификвуавме за ЛОИ :mad: :mad: :mad:

едит: хаха а сега гледам и дека постов над мене бил поврзан со ракометов бе.

Супер! У право е членов над мене. Ракометариве отидоа на олимпијада со пари од народот. Да земеме да ги претепаме можеби треба ракометарите бидејќи "ние сме ги платиле ние ќе се бориме за тоа" и "со парите за ракометот ќе беа спасени деца заболени од рак"
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Драга,

Слушам гласини дека на Самитот на НАТО во Варшава ќе се зборело за хуморот на Драгонски. Викаат можел да се користи како опасно биолошко оружје, оти предизвикувал опасни последици по здравјето на луѓето...
Може и затоа со Жаре од Еден на еден напраиле договор да пуштаат лента од луѓе шо се смеат коа овој кажува „вицови и смешки“ зошто нема жив човек на кој после такви „смешки“ природно би му дошло да се смее. Ова го кажувам зошто слушнав дека он уствари му ги спремал „смешките“ на Жарета...

Глеам од неговиот сарказам дека не сфатил нешто, па ај да му објаснам.
Кога пишав дека треба да се каменуваат, мотивот не произлегува од таму зошто ја, он или некој друг ги плаќал, туку зошто заборавиле за кого играат, заборавиле што значи да си репрезентативец, да ја претставуваш државата. Оние тунижаните цел живот банани собираат, ама у 2 потега ги решија. Ама па како да не ги решат кога на овие нашиве магариња глеаш паметот им бил у тоа како Порта Македонија се поистоветува со репрезентација.
Епа смрдливата порта не може да се поистоветува со било која репрезентација, исто како што поратата не може да се прикаже како историско наследство, прво зошто е фушерски направена и второ зошто е изградена пред 3 години.
Ама нели нема врска тоа, зошто по вестиве историчарите место да се држат до науката, исполнуваат нечии политички визии и ова бело гомно го нарекуваат културно наследство, дотолку повеќе што и во Катар (не знам каде видов слика за ова) портата исто ја претставуваат како дел од македонското културно наследство.

Да се разбереме и ја не го поддржувам боењето на портата од причина што само плус пари ќе се фрлат за чистење на тоа што е обоено, башка требало да се реагира пред да биде изградено, а сеа после свадба тапани не иде. Ама и тоа големо АМА, репрезентативец не смее, пак да повторам НЕ СМЕЕ репрезентацијата да ја поистоветува со една смрдлива порта.

Ете ваљда на драгонски сеа појасно му е, па ќе изостане неговиот анти-хумор поврзан со мене.
 
@Anco како си се заебал шо не си дошол во Кичево...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Цел ден вчера слушав за Системот те лаже. Бидејки премногу работа имав, немав време да видам за што се работи, зa бруи целиот фејсбук. Сега гледам и зошто.

Нема што да се додаде. Ремек дело од рангот на Hajmo ih rushit, Доста е итн...

:naklondozemja

 
12998425_1029514613763492_2886573824031331639_o.jpg
 
Драга..

... најнекултурна ствар вака што може ми е коа ќе видам како иде некоја типка по улица у тесна хеланка, и некој тип се залепил одма зад неа. Иде со иста брзина на метро зад неа и ја буља у гз. Сељачана, стварно не размислува. Помести се малце лево или десно, дијагонално, малце поназад. И ние сакаме да видиме ебате. Ич нема обзир за другите.
 
Драга,

Редно е Николче да сфати дека Ѓорги Колозов е единствен цар од поновата македонска историја :D
 
Кеј,денот пред production deployment е исто така познат како и денот кога нишо не работи, си наоѓаш багови ако си среќен, ако не тогаш буљаш 2 саати во 5 реда код и не сфаќаш кај е грешката...
Арно ми викаше мајка ми да си учам бизнис нешо, очите ми паднаа, 12 саати дневно сум на компјутер, почнав веќе и во грешни автобуси да се качувам од шо не глеам.
Заглавена сум до гуша со проекти,а една мрза ме фатила....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom