Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
На другар ми, еден негов школски од средно му пишал на фб ај брат да пијаме кафе имам да ти кажам нешто ќе ми бидиш благодарен, а не се пишани 5 години. И ми се јавува другаров, абе овој вака ми рече а у, и си направи филм дека овој ќе му мести некоја женска, не може да го бара за друго и да му рече дека ќе му биде благодарен ако не е за женска, или преку сила за некоја работа ама шо работа не се видени одамна, а и не се нешо блиски. Значи за женска местење е гарант.
И му викам ај јави ми се ко ќе завршиш да ми кажиш за шо те бараше школскиот. Ми се јавува после 2 сати накурчен „абе да го ебам полиса ми продаваше" :icon_mrgr:
 
Кајганке

Синоќа еден упорен комарец ми дојде, цврсто решен да ме остави без сон. Сигурна сум дека сакаше за озбилно, ама му раскинав после 1 час бркање:jeeee:
Го убив, ама такво е времето, сите мислат само за себе, единствено јас си мислам на мене :icon_mrgr:
 
Kej,

И мене ме мачат комарците по цела ноќ. Не ми е јасно зашто сум им толку неодолива. :unsure:
Последниве денови почнав да се враќам во нормала. Бар така мислам. Имав многу хаотичен и никаков период, ама конечно ми се разбиструваат мислите.

Вчера запознав една прилично интересна девојка. Да верував во сродни души, она ќе беше мојата :love: Во вакви моменти посакувам да станам фул лезбо (заслугите за фразава се на Клипче). :angel:

Сабајле дарував крв. После тоа ме запече сонцето и ми се слоши. Цел ден сум како пијана. Али кај и да е, деновиве ќе надокнадам за изгубената крв. :pivo2:

Сестра ми е на пракса ОВДЕ :ljubove: Кога ми раскажува какви услови имаат за работа и релаксација, ми се плаче. Едвај чекам еден ден да си отидам од државава и никогаш да не се свртам назад. Не дека мене ќе ме викнат у Гугл да работам де, ама сепак... некаде подалеку од тука. Најдалеку што може. Острелија на пример. Не ми е проблем, ќе пишувам и на латиница. И со КАПС ЛОК. :LOL:

Друштвото ме убедува да одиме на Пивофест. Јас ги убедувам наместо тоа да одиме на викенд негде на планина. Јас ќе им организирам приватен Пивофест. Ама мнозинство се. Мора да смислам тактика, еден по еден да ги разубедам сите. :gjavol:

Pure evil dear K, pure evil...

Хагс енд кисес,
С.
 
Последно уредено од модератор:
За разлика од овие над мене што имаат проблеми со комарци, приметив дека више комарците не ме касаат а до пред некој месец ренде ме правеа. Така, 2 месеца откако се преселив да живеам во село, покрај река ми е куќата. Кога влегов првпат имаше миљон видови инсекти надвор и внатрте во куќата. Сега нема. Мрежа по прозори, чистење редовно со тешки хемикалии. Кога ми дојдат гости, седиме надвор дека убаво, ладно навечер и цело време се на штрек од инсекти. Се жалат, ги лазат бубачки, ги касаат комарци, ги серат муви. И така пушиме џоинт една вечер и додека другар ми ми раскажува како девојка му ово-оно и остали љубовните проблеми, ја климајќи со глава тотално надвор од фокус на целиот негов муабет ми текнува дека уствари ја се имам адаптирано на околината, имам створено имунитет у крв против инсекти и комарците тоа го осеќаат и не сум им убав више, кој ме ебе.
Да да.
 
Passed down to you....
Не дека деновиве ми е топ ама самскиов живот + праксава донекаде ми прави да се осеќам стабилно на нозе. Како катализатор на креативните мисли ми се дружбата на неколкуте прочитани книгички и посетата на неколкуте настани во склоп на Скопсково лето. Го хејтам секој оној со дефетистички став демек си буквално целосно зависен од друштвото, (на некој начин и минатиот јас, иронично нели) и сосема ми е непоимиво искачањето по секоја цена па макар и во друштво кое целосно ти ја пие онаа малку енергија што ја чуваш себично за да прогураш неколку часа продуктивност.
Дрш песна од синоќешниот репертоар...
So says Saladin
 
Кајге, синоќа заспав на кауч под клима, сеа цел ден кичма ме боли, врат ме боли, глава ме боли. Буби го боле меот у главно. :ROFLMAO:

Прееска враќајќи се накај дома, дека темница... едно дете коа срипа од позади кола, од памет ме извади. :shook: Од кај да знам дека играат жмурка, коа све беше мирно. :pipi:

Али буквално ме исплаши. :pos: И многу глуп израз ми е ау бау. (n)

Ѝ нарачав на сестра ми сладолед на враќање, и сеа сум во исчекување.
tumblr_mc778vf4uz1qih9gi.gif

Aj чао. :D
 
И да знаeш дека у тото не е лоша скара
Али ипак : куманофска најлоша скара > најбоља скопска скара
На мал прс у скару и ракију нeмош да ни се фатите : D Мислу кфалитет на ракију е ист, али број на бокалчиња не е, куде нас колко бокалчиња дневно, куде вас толко чашке, колко чафке толко петке.

аааа најјак савет на сфи времиња
Незнам брат, ти си знаеш : D

A енбеа беше мноо интересна у времето на Мајк Биби, Џејсон Вилиамс и Алан Ајверсон. А1 кд дааше ен бе а екшн, бе ем икс кд се возеше, ванила ајс и снеп кд се слушаше. Гломазан телевизор али кфалитетна програма, днска глупости у хаде. Вртиш антену у подкровје, а диви гулуби ти летиф на кроф : D Пецка те стаклена вуна и едеф ти се крекери од житомел. Праиш лајт беље по маалу мислиш главан фраер си, тк се живеше од украдени праске и црешње, днска и без паре да ти ги дааф не су ти слатки.

А што ми беше збор?
А да, хит на денот, и ја како Буцио, устфари како онога што стављаше тачку после прашалник, стављам "и" после запирку,што не е граматички тачно. Како се викаше тј, нескафе?
Прашалник па тачку стављаше, а ти ебу гада/.
 
Колку ме нервираат некои што таткото си го викаат по име или "стариот"
Ај тоа, па и некои го тепаат, навредуваат и немаат никаква почит, затоа што не им обезбедил подобри услови за живот. А они со тој памет дали и тоа ќе го имаат за нивните деца.

Никогаш нема да заборавам една случка во маркет од пред 3-4 години. Татко и син пазаруваат, ама со парите на синот.
Таткото "заборавив да ти кажам дека сакам да купиме наполитанка."
Синот се сврте кон останатите што чекаа на каса "аууу видете го, вампир некој сака да јаде благо."
Па после кон него "Ќе те ранам јас тебе. Оди земи и последен пат да ти е ова."
Таткото ќе заплакаше.

Чекав на друга каса и му викам
"Дечко, ако за татко ти не ти се дава 20 ден, дај ми го на мене и така долго време немам татко." :toe:
 
И сменавне масло и филтер на колата, сами дома нема потреби до сервиси автомеханичари, лани се пробавне ребраст каиш да менуваме, ама не било како на стоедено :pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Му викам на брачкава иди ваму го извадовме ребрастиот е сега за местење не оди работава. Ми вика да не чепкаме таму затоа што треба човек со искуство и чувство за местење, не требало да биде премногу стегнат затоа што ќе пукнел, и не требало да биде лабав затоа што ќе излези од лежиште, и во двата случаи ќе го искрши моторот вентилите...

Како и да е, треба човек од општа култура да знае масло и гума на колата да си смени ако не друго...
 
Ова Хрвативе колку мизерен народ се тоа е страшно,мислам дека ќе си гризнат од курот што мора да го коментираат Џокович.На секој ебан поен кој што ќе го изгуби Џокович се дере како ментален(од среќа),безразлика дали противникот му е од Азербеџан или е имигрант што доаѓа од Евзони,а пак кога Новак ке освои поен како ништо да не се случило.Па добро бе да му ебам мајката сепак за професионализам се работи,ај да се игра како минатата утакмица со Чилич(Хрват),па да бидеш пристрасен али вака бе??????????????????????

до кога бе до кога. Не дека нешто ги преферирам Србиве али ова стварно ме извади од такт
 
Драа

Кажи му на Вандал дека и срби су исти кур, да беше српски коментатор а хрватски тенисер исто ке се дешааше. Професионализам више не постои куде коментатори, навиваф си за сфој тим за време на коментирање. Еве на пример оној гомце од мтв кд се играше Куманоо емзете финале, дереше се дека кошот важи, а устфари и он виде дека не треаше да биде регуларан. Ама затој ке изедеше ќутек од зета на градоначалника, пуштисфа му се неколко душе да га тепаф и пцуеф.
Сфи су пристрасни и мизерни, без разлику дали су хрвати,срби или македонци.
Балканштиња

E ск на страну дали смо срби, македонци или остали, добро само да ве прашам како можете да навивате за антипатично стфорење како што е Ѓоковиќ? :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom