Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Д.К

Маме му ебам, у последниве 10 дена, вадам 3 упата за на доктор - Кој кур ми се дешава, стварно не знам - се распаѓам ебате .....

Налет и лето и се налет ....
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Драга,

Сите викаат дека е супер да си го прошириш кругот на познанства, да запознаваш нови луѓе и се тоа, и да, тоа е сосема логична социјална потреба, али јас мислам дека мене попрво ми треба куче.
Озбилно, на видеа со слатки бебиња не се топам толку колку на видеа со кученца.
Но, моментално не е тоа изводливо. :(

Овој Беркут ќе да е единствената водолија евер со која делам слични размислувања и воочлив песимизам.
 
Поголем патриот има ли од мене, 7-8 години неам валиден пасош. Како тргнала работава, ако некогаш извадам пасош ќе нема држави кај да одам на одмор, ќе колапсираат сите, сите ко Грчка.
 
Which angel is watching over you? let us know in the comments below
Read more at http://www.sun-gazing.com/quiz-guardian-angel/#PJOJspsX16v1DGri.99



You got Michael! You are a leader. You are mainly a gentle person but when it endangers others you are more than willing to fight. You have a protective and healing personality. You have a faithful spirit. You are also very close with your family.
 
"Среќата е во малите нешта" at it's finest мала :)
image.jpg
ПС - Едвај чекам да го видам врнгалот :zloo:
ППС - Масата е чекната за во петок. Убичу све Богове у себи на Розга !! Хеееееј мајсторееее :pivo2:
 
Кајге, што ми је лепо. :D Много ми је лепо. :D А досадно.
Начекав даПче големо и некако досадава се тепа. :ајнапиво:А баш лепа златна боја има, баш е златен. Златен ко даб е златен. :D
Хит зборче ми е Лепо. Ај што ми је лепо. :D Много ми је лепо. :D

Ииии, прееска сум се избрукала за сите пари. :pos:Идам на лекар и таму требаше да прашам која смена е лекаркава и таму цела узбуѓена ме прашуваат шо барам. Професорќе, професорката тука е? :ROFLMAO: Влагам таму. А професорќе, да ве прашам...
Еее, на професорка ти. :noze:
Пред некое време татко ми кажува нешто као виц/гатанка и ја му кревам два прста. :facepalm: Лепо. :D

Вчера после долго време се видов со другарка и знаеш шо ме праша прво? Не знаеш, нормално...
А бе, у блиско време си се изгубила негде? хехе
А коа си паднала? хехе

Па не ти кажувам. хехе :D
И така си идам по пат, се присеќам на тоа као паднав и си се ќезам.
Зошто се смееш?
Е не ти кажувам. хехе :D

Жими све, многу е јако така сам на себе да се смееш. хехе :D Лепо. :D

Chao. :D
 
Кајо бајо, бајо кајо.
Не знаеш какво е чувството кога после 9-10 саати ќе го пуштиш братот ДА ШОРА БРАТЕЈЈЈЈЈЈЈЈЈ ШОРАЊЕЕЕЕЕЕЕЕ БАЈООООООООООО ШООООООРАААААААЊЊЊЊЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ


jebawi vas kwima uwedjaji
 
Намалување на цената на струјата за 0,33 % тие топ вест у државата.Се прават репортажи колку тоа значи за народот и.т.н. Абе ебани 5 денари што ќе намалат од сметките и ништо повеќе.
 
Досега во животов сменив 4 пасоши и конечно денес извадив без да има некои дешавки својствени само за државава :icon_lol:

Првиот пат извадив пасош на 8-9 години откако почнав да идам по натпревари, не можев веќе да бидам на пасошот на мајка ми. Идеме во МВР да пополниме барања, поднесуваме и тетката на шалтер им вика на мајка ми и татко ми со бледа фаца, „Извинете, девојчево не постои“ :pos: Најпрво да кажам дека поради тоа што имам потешко и невообичано презиме за просториве, ботот што најпрво го запишал татко ми во Струга во матичната книга на родените, го запишал под различно презиме од тоа на баба ми и дедо ми :D А кога сум се родила јас и ме пријавиле моите, мојот бот кој ми го испратиле наречниците, што којзнае што направил да не постојам, пак си внел негова верзија од презимето.

Да ја скратам приказнава, три генерации дома имаме три различни верзии на презимето, а да не зборам за роднини :kuracc:

Се враќам на првичната приказна, прашува таа вие сте му родители на девојчево и татко ми и вика па гледаш дека личи на нас :lolzz: викна таа некој од погорните сектори и тој рече дека за да ме внесат во базата ќе морало изводи да донесат мајка ми и татко ми. Лошата вест, својствена за ФИРОМ нели, беше тоа што татко ми мораше да оди до Струга да го вади изводот зошто таму е роден, како демек нема средства за комуникација и во Македонија и праќање пораки по голуб е нова технологија. Среќа не ми требаше за итно пасошот па го средивме тоа. Да знаев дека не сум внесена и не постојам во базата на граѓани на Република Македонија (иако имав извод али ај еве фиром е фиром) ќе откажев и пливање и школо и се`, криминал ќе фатев.

Вториот пат кога извадив, надвор -30, гужви во МТВ колку сакаш, го земам пасошот конечно после ред чекање од саат и нешто, отворам да видам дали е се` во ред, неписмените ми го ставиле презимето од татко ми и мајка ми :lolzz: и викам на таа, извинете, ви пишува таму дека јас се презивам вака а моите онака, се чита јасно нели. И ми вика, извини, почекај уште малку, сега ќе средиме. И да, знаете за колку време ми беше готов новиот? 20 минути. Е толку требаше да се изработи на три пати помалце државна администрација од денес. :tapp:

После требаше да се смени пасошот оти немаше веќе страни за визи (спорт и играорна, тоа е муабетот) и влагам да се сликам за биометрискиве, во станицата еден од браќата. Ми вика, ти си Мачедонас? И викам да. Ми вика ми делуваш како друго државјанство да си хехехехее (еееееее :icon_lol: ) Си викам леле not again и мислев се зеза ама братов стварно проверуваше да не имам друго државјанство, налет тоа што го закочи некако системот, па го згреши пасвордот кај што бараше, па му даде unauthorized access па мораше да се рестартира со картичката, направи гужва од МТВ до мост Гоце Делчев :boksix:

Психички се спремав за овој ден денес, презимето во уплатниците го напишав со капс лок и одвоени буквите убаво и читко да нема шанси некој да згреши, во формуларот презимето на мајка ми и татко ми исто така го потенцирав и дечкото ми вика ааа ова глупостиве со презимињава, тоа е, неписменоќа. И ми рече дека ако сакам да се пресликам ќе ме преслика зошто сум била левак :aplauz: Му викам како сакаш сликај се, исти си си, батали му викам, дај ливчето и да се губам. Ми го зедоа постоечкиот и сега можам само друштво да им правам на мигрантине од Евзони до Табановце.

И така, многу чудно се чувствувам кога ќе завршам работа низ државава а вклучува лични податоци а не треба да го диктирам буква по буква презимето. Бидете среќни вие што сте Ивановски, Јовановски, Петрески, таков благодет во животот многу вреди, јас да ви кажам.
 
Има 15 години и има кец по математика. Треба да полага у август. Негова животна желба е да стане најсилниот наци скинер у маало, со јак грб. Сака да направи геноцид на црнци, Kинези и све што не е бела македонска ариевска РАСА. Знае за историја, геополитика и социологија помалку од четиригодишно дете. Крши у парк кога ќе се начука, пцуе и тепа продавачки у сендвичари кога е издрогиран, а после вози пијан со моторот купен од татко му којшто е збогатен пост-транзицијаш. Једини филмови коишто ги признава се „Ране“ и „Romper Stromper“. Утре ќе стане шефче во фирмата на тато и цел живот ќе му помине онака лесно, како не цар.
НО ОН ЌЕ ГО СПАСУВА ОПШТЕСТВОТО од лезбејките коишто прават „Лезбејски пикник“ у парк со тоа што ќе ги тепа со палица.
Падни од мотор, стани доживотен инвалид и спаси ја онаа мала и пред згаснување национална гордост која ни остана.
 
Од сите лабави маалски искачања, омилени ми се оние во кои некоја мачка ќе ми седне во скут и ќе се гали <3
rtrewe.png

Симнав една сезона од авантурите на Херкулес, да се потсетам малце на летата во кои имаше летна детска програма по телевизииве :icon_mrgr: Изгледав две епизоди и се чудам како можело нешто вакво да ме воодушевува на времето :icon_mrgr:
Симнав уште еден филм, ми текна дека како мал го имав гледано сто пати, но ниеднаш во последниве 10-тина години.

MV5BMTY2MjEzNzA5M15BMl5BanBnXkFtZTcwNzYzNjcyMQ@@._V1_SY317_CR3,0,214,317_AL_.jpg


Ќао Ѓоле :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom