Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга, гледам секој трет ставил кавер од Пинк Флојд и ја постира (изгледа “најпозната“) Another Brick in the Wall. Некој нов тренд испаднал, ги фаќа мрза за учење или е нешто друго?

Иначе,
:cool:
 
Значи колку го мразам овој период негде од почетокот на пролетта до кај 15 април, а некогаш и до почетокот на мај, зависи од периодот, абе тоа е нешто немогуче. Ти ебам мртвото време, буквално ништо не можеш да правиш. :mad: Јас сум голем љубител на зимо и на снег, ама ова што се дешава после 15-20 март секоја година е најпедеското време на планетата. Врне како мрднато, не е многу ладно, ама сепак ладно е и тоа уште повеќе нервира. :yid:
И стандард кога е колоквиумска недела пука сонце, а во моментот кога ќе го полагам последниот испит се спојуваат небо и земја, почнува апокалипса, војна на световите итн итн. Ај не може уште месец дена без престан да врне. :yid:
 
Драга идеш дома, гледаш 9 известувања, си викаш "еии некој јак пост сум пишал преги :ojeaa:" и се мислиш кој би можел да биде. Не ти текнува - ги отвараш известувањата. Сите до еден цитати. :busi:
 
Kej


Идеш на забар гледаш ходник полн пациенти што чекаат на ред влагаш внатре глеаш скоро сите празни столици и слободно а доктори нигде нема, им идеш во соба да видиш они кафе си пиат а не е време за пауза. Нема врска што едно 20 луѓе чекаат битно они си дремат така едно саат време пиат кафе. И после не не бива како држава...е како да не биде...
 
ДиКеј ма,
Неделава ми е кој од кој похорор ден. Беше само прашање на време како ќе се заврши.
И ете ми рикна лап топот. Втор лап топ од АМЦ, и втор расипан по неполни 2 години. I will never learn.

MjAxMy1iODY5NTdiZGZiMDlmNmNm.png
 
Драги

Ме чуди што издржаа и олку долго трпејќи се едни со други :D

Искочил малиов прв. Следна кариера:

10354237_869354893132506_4945099674058545317_n.jpg
 
Ево мени опет.

Немам ич ама баш ич концентрација за учење. А и времево какво е, совршено за гушкање. Ќе си се гушкам цела ноќ со скриптата. А и мечињата што сум ги турнала од кревет (да, имам скоро 23 години и спијам со плишани мечиња) се наместиле во доги позиција. :aplauz:

Денес добив понуда да учествувам во фотосесија за моден едиторијал. Им се изнасмеав во фаца. Ама не можам да речам дека не ми дојде убаво на душичката. @Anne. , ти реков ма дека ќе станеме модели :D

Следната недела можно е да ми дојде најдобрата другарка на 3-4 дена. Ако она не успее да ме врати во нормала, значи дефинитивно сум тотално факд ап и ми нема спас. Не знам што сакам. Ама дефинитивно знам што не сакам. Ама џабе, пак не знам што сакам. Иако знам што не сакам. Залудно е кога не знам што сакам. o_O

Стигнав до 10 минути и 22 секунди на Рубикс ревенџ. Целта ми е да постигнам време под 10 минути. И на Рубик под минута. Биче некад. Битно е да се има цел во животот. :icon_lol:

Си ју лејдер, алигејтор.
 
Другариве од средно што не знаеја да бекнат странси јазик, кој у Шведска, кој Франција, кој Германија...

Ја и даље у вукојебинава, гледам торент-филмови без превод.
 
Се чудев кои икониња на подформите се смениле, и ми текна да сменам скин. Подфорум свадба - да. Ама да има субвенции за форумџиите што ќе се венчаат, а модератор да биде онаа малечкана од "моја свадба" или "во бело" шо беше. Не можам слика да најдам од неа. Damn it.

Бонус тракичка:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom