Драга, гледам секој трет ставил кавер од Пинк Флојд и ја постира (изгледа “најпозната“) Another Brick in the Wall. Некој нов тренд испаднал, ги фаќа мрза за учење или е нешто друго?
Значи колку го мразам овој период негде од почетокот на пролетта до кај 15 април, а некогаш и до почетокот на мај, зависи од периодот, абе тоа е нешто немогуче. Ти ебам мртвото време, буквално ништо не можеш да правиш. Јас сум голем љубител на зимо и на снег, ама ова што се дешава после 15-20 март секоја година е најпедеското време на планетата. Врне како мрднато, не е многу ладно, ама сепак ладно е и тоа уште повеќе нервира.
И стандард кога е колоквиумска недела пука сонце, а во моментот кога ќе го полагам последниот испит се спојуваат небо и земја, почнува апокалипса, војна на световите итн итн. Ај не може уште месец дена без престан да врне.
Драга идеш дома, гледаш 9 известувања, си викаш "еии некој јак пост сум пишал преги " и се мислиш кој би можел да биде. Не ти текнува - ги отвараш известувањата. Сите до еден цитати.
Идеш на забар гледаш ходник полн пациенти што чекаат на ред влагаш внатре глеаш скоро сите празни столици и слободно а доктори нигде нема, им идеш во соба да видиш они кафе си пиат а не е време за пауза. Нема врска што едно 20 луѓе чекаат битно они си дремат така едно саат време пиат кафе. И после не не бива како држава...е како да не биде...
ДиКеј ма,
Неделава ми е кој од кој похорор ден. Беше само прашање на време како ќе се заврши.
И ете ми рикна лап топот. Втор лап топ од АМЦ, и втор расипан по неполни 2 години. I will never learn.
Немам ич ама баш ич концентрација за учење. А и времево какво е, совршено за гушкање. Ќе си се гушкам цела ноќ со скриптата. А и мечињата што сум ги турнала од кревет (да, имам скоро 23 години и спијам со плишани мечиња) се наместиле во доги позиција.
Денес добив понуда да учествувам во фотосесија за моден едиторијал. Им се изнасмеав во фаца. Ама не можам да речам дека не ми дојде убаво на душичката. @Anne. , ти реков ма дека ќе станеме модели
Следната недела можно е да ми дојде најдобрата другарка на 3-4 дена. Ако она не успее да ме врати во нормала, значи дефинитивно сум тотално факд ап и ми нема спас. Не знам што сакам. Ама дефинитивно знам што не сакам. Ама џабе, пак не знам што сакам. Иако знам што не сакам. Залудно е кога не знам што сакам.
Стигнав до 10 минути и 22 секунди на Рубикс ревенџ. Целта ми е да постигнам време под 10 минути. И на Рубик под минута. Биче некад. Битно е да се има цел во животот.
Се чудев кои икониња на подформите се смениле, и ми текна да сменам скин. Подфорум свадба - да. Ама да има субвенции за форумџиите што ќе се венчаат, а модератор да биде онаа малечкана од "моја свадба" или "во бело" шо беше. Не можам слика да најдам од неа. Damn it.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.