Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ме фати Југоносталгија. :( Или можеби е само жал за минатото.

Ми недостига Политикиниот Забавник, Спортските прегледи, Екатaрина Велика, Мизар, викендите во Белград, одморите на Јадранско Море, дури и ебаната ЈНА ми недостига, во која поминав само три месеци. Ми недостига шаховскиот клуб Стево Патако, републичките првенства во Десарет, ми недостигаат стриповите со Марти Мистерија, Корто Малтезе и Алан Форд.

Ми недостига безгрижноста на луѓето, младоста на моите родители, преносите од скијањето во недела претпладне и победите на Бојан Крижај и Матеја Свет, навивањето за Југославија во тимските спортови.

Ми недостигаат и селските слави во селото на татко ми, за Голема Богородица, посното графче, струмката или газозата, тврдите бонбони и летниот дожд.

Во моментов имам повеќе време зад мене, отколку пред мене.
 
Последно уредено:
Сношти видов некој си нов #DearMe тренд по нетот. Демек, шо памет би си дал на самиот себе Х години уназад. Поминаа 5 секунди, ништо не ми дојде, ама си го извртев муабетот ''Шо би рекол малиот од пред година дена, на овој сега''. И ме штрекна. Гарант малиот ќе ми врзе две и ќе биде у фазонот: Who the F are you, and what have u done to me?!?!

Шо да ти кажам ..
-Откажав спорт, скоро и да ништо не пратам веќе
-Тимот за кој навивам од кога знам за себе, го немам гледано од први јануари
-Штокот по кој си бев препознатлив (во пола од локалите не ме ни прашуваа шо ќе пијам) почнав да го менувам за смирнофф (а не ми е добар)
-Млеко пијам како луд
-Режимот на исхрана и спиење, калакурница
-Си го шлапнав ПС-от во дневна, а рачка немав фатено 10+ години
-Почнав стрип да читам #MuchGeek #WOW
-Осетив колку ослободувачко чувство е да НЕМАШ контрола над се' и сешто околу тебе и да не си ги токмиш стварите онака како што тебе ти пасуваат
-Прв пат кариерата не ми е примарна водилка во животот. Особа стапи на сцена, ми се отворија очите и конечно прогледав мислам
.. Фали уште смарт телефон да почнам да користам и трансформацијата ќе се комплетира!

Некни иначе едвај жив останав мислам. На своја кожа осетив зошто на ТВ постојано викаат да не се мешаат апчиња со алко. Грозно нешто, никогаш повеќе иста грешка.


ПС - Само моите дома се опседнати со БОМБИТЕ, или кај сите е така? Мислам дека Гоца и Зоки толку си ги немаат слушано муабетите, колку кај мене дома ..
 
Последно уредено:
Драга Кајгана,
Јас сум боље Џими Фалон од Жарко. Глеам Еден-на-Еден и осеќам нелагодност од што е глупо. See what i did there го преведува Видовте што направив тука? и звучи о, толку извештачено.
Сто посто ти кажувам, треба стендап да праам нема да знаат луѓево кај се.
 
Исечок од македонски весник.

B_x6IjyWwAAcAKg.png
 
Не бидува држава кога палење на кафеана е занемарено за сметка на манипулација на власта и неговата апашка фамилија со мртов поп пејач.
 
Гадови!

Нема да влагам во детали од бомбата од вчера, но уште од сега знам бе дека на крајот ќе има некој договор и дека сите овие актери нема да го добијат заслуженото. Ќе си се договорат фино лепо и ќе си поделат амнестии - како и секогаш! За некого договорот ќе биде полош а за некого подобар, но во глобала сите овие ГАДОВИ профитирале или ќе профитираат во блиска иднина.

Тие се “елитата“. Тие се нашите политичари. Не може да има целосна смена на политичката сцена. Тоа ме боли.:(
 
Денешниве машки на 16 години имаат по две женски и бараат совет со која да останат, а јас на тие години си замислував дека сум женет со Габриела Спанич.
 
Формирамe нова партија која ќе се вика А.П.Е.Л (апни паФни ебни легни). Време е за легализација и промени!
Повеќе информации наскоро...очекувајте добро зезање и забава и секако власта ќе биде во наши раце ;)
 
Некој те силува анално, а ти правиш заебанции дека му е мал курот.

После легендарната наведната глава сабја не ја сече, уште една македонска специјалност во борбата за бубашвабско преживување по секоја цена, хуморот на немоќните.

А не е смешно. Ич.
 
Твој данок, твоја иднина. Иииииии сејте бе каква иднина, какви црни бутури бе.
 
Се опив синоќа односно до утрово до кај 6-7 саат. Тоа опивање онака лезетски пропратено со една дебата во која со друштвото ги разговараме актуелните состојби во земјата, светот и едно 3-4 пати ја прерастураме земјата, ја прераѓаме ја повторуваме историјата и сл. (она као час по историја колку да се рефрешира меморијата) . Станувам по некој саат сеуште пијан, дома поплава... ајде расправај се со будали . Подоцна пробувам да се трезнам, со сите можни апчиња и витамини, почнува да ме боли глава. Пробувам да читам книга, не бива , сеуште ме боли главвата и еве сеа пишувам тука и се токмам некој филм да изглеам да ми се разбистри главата и толку.
Благодарам на вниманието.
 
Македонија сега е како мало дете кое очекува многу подароци од вујкото кој доаѓа од Германија или Америка.
Само што вујкото можно е да дојде со празни раце или една чоколада. Ништо повеќе од тоа.

И студен туш.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom