Алсат на вестите ги пренесе сите снимки, ама кај нас се знае кои се ударните.
Нејсе, познавам едно човече тазе вработено во државна администрација, по долги макотрпни години поминати по лепење плакати, славење во штаб на секоја победа, дремење по митинзи во сите градови.
Кога сме кај митинзите, многу глупа работа. Ги тераат партииве да одат од еден град во друг и на минус степени за да го слушаат истиот говор шо ќе го слушаат во нивниот град. Е, тука и едните и другите се гомна.
Туку,муабетот ми беше за ова детево од администрација. Од кога почнаа бомбите само од него се информирам за најновите кампањи на стиропор-партијава. Од сигурни извори на курир и плус24 нормално, ама мора газот некако да се избриши.
Ама никој не смислува оправдување некое, никој не се правда, туку одма маваат контра или со некои ветувања шо ги правеа само пред избори и останаа заборавени во минатото.
На еден комита-3 кодоши.
На еден закон-3000 измени. Прво проблем, па измена во закон за да си ги прикријат глупостите. Така функционираме јебига.
Како и да е, ќе следат милијарди препукувања, а исходот?
Милијарди евра долг, масовно распуштање на пренатрупаната владина администрација, некои евентуални претпазливи мерки на штедење и нормално ветувањето шо им останало за вработување на најтрпеливите опозиционери кои останаа верни на својата партија.
Па, после другиве ќе почнат "еве во наше време вработувавме, овие отпуштаа од работа"
И пак во круг и пак и пак. Истото ќе го јадеме само во поинакво паковање, ние кои не сме лепеле плакати и при вработување не се рангираме исто со оние кои го правеле тоа.
Но, помалку ќе ми е криво, ако тргнат да ги средат малите и средните бизниси, зошто цела држава се сведе на минимална плата на фирми од неколку големци и максимална плата и перење пари на тие истакнатите во штаб први на листа шо се.
А, да.. изгледа Кили е вратен. Ќе ме прегазеше на семафор.