Драга Кајгана, драги колеги форумџии,
Јас сакам само да ви посакам да имате здравје вие и вашите најблиски бидејќи само тоа е најбитно во животот. Се останато е споредно и небитно.
Минатата година ми помина онака ништо спектакуларно, трчајќи по обврски и останати досадни grown up работи кои сите ги имаме. Една од најбитните работи ми е што ја завршив годината и ја почнав новата без кредити и рати. Нек се носат у ѓаола сите банки, не им се задолжувам повеќе никогаш.
Исто една од работите што ми е мило што ги направив е дека бев alcohol free цела година. Последното здраво олешување ми беше пред одприлика 3 години кога ми се роди син ми, од тогаш до лани на дочекот на 2025 пиев само на искачања и во кафана, за оваа година да ја поминам цела без да се напијам алкохол. Планирам никогаш повеќе да не се напијам нит капка алкохол, и со тоа да завршам со тој порок.
Иако реално никогаш не сум имал проблеми со алкохолот, сум знаел да се напијам на искачање и после тоа месец дена да не помирисам алкохол, ова не ми претставуваше некој посебен предизвик. Освен чудни погледи и негодувања од други луѓе кога ќе им кажев дека не пијам и ќе нарачам кисела вода на пример, немав некои проблеми.
Е сеа, за оваа година, си давам за задача да го средам мојот единствен порок и зависност(ако може така да се нарече), а тоа е храната. Како гурман што сака све да си мцне и да си касне, ова за мене ќе биде вистински предизвик. Воедно си давам за задача да си го средам телото, да ослабам 30-40 кила и да се вратам на мојата тежина. Уште во декември почнав во теретана, сеуште не знам што праам, ама битно ми е што идам редовно. Секој добронамерен совет на оваа тема во ПП ќе го ценам.
Така да се гледаме во 2027ма со некоја следна цел.