Византиецот
Codename Duchess
- Член од
- 14 март 2021
- Мислења
- 3.627
- Поени од реакции
- 7.765
Неможам да заборавам, ни 5 години подоцна како изгледаше иселувањето од МКД за мене. Не беше тоа радосна вест полна со елан и енергија која велеше, сега ќе се спасам ко кај сите други, па да се радувам во восклик. Ме прогонуваше цело мое детство. И убавото и лошото.
Последните години нон стоп бев на планина. Шарпланинците на овчарите околу село Волково ме препознаваа уште од под ридовите дека се качувам на горе. Иако првите денови ме лаеја, другите две години беа мирни и идеја до мене. Имаше еден бетоски столб, недоизграден далновод од Југославија, на него се качував и гледав како заоѓа сонцето зад Крушево. Како планината Селечка да ми велеше, ти негледаш дека мене ми припаѓаш? Зар таму ќе светат очите твои ко коњак на сонцето како овде. Исто ко да си се одделил од мајка. Неможев да разберам зошто се осеќам така. Да се одделиш од фамилијата е тешко, тешко беше да се одделиш и од природата. Од звукот на ѕвонците на овците и малите шарпланинчиња кој буквално личеа на мали мечиња, кој запираат со нивните палави детски активности и цело внимание го насочуваа на тебе дур да поминиш. Кукли, да ги грабниш и да бегаш. Од тивкиот шум на мекиот снег.

Последно уредено: