Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Пувнав несакајќи на проаѓање кај прочистувачот у дневна, од 20 дигна на 85 за пет секунди. Нормално прво се изнасмеавме сите, ама сеа не ми е до смеење какви гнасотии носам у себе. Мора мастерклензерот да заигра викендов, а тек кафани идат у пм.
 
ДК

Чисто се сомневам дека било кој економист е против раст на плата(или било кој човек, освен некој посебен тип на психопат). Проблемот е со плата диригирана од централна власт.

Минималната плата е фикција измислена од политичари и/или други лажговци.

Ако не друго последниве пет години се показател за тоа. Парите се медиум за размена, ако немаш зголемување на производство т.е корона период или ако имаш зголемување на оптек на пари т.е принтање валута без покритие се случува инфлација.(или во превод оние што имаат имот т.е акции недвижнини и др стануваат уште побогати, а сиромашните посиромашни)

Зголемување на минимална плата без зголемена продуктивност прави повеќе штета од корист.

1. Зголемување на сив/црн пазар
2. Инфлација

Лично би вовел модел како во скандинавските земји. Укинување на закон за минимална плата. Договор за минимална плата помеѓу унија на работодавци и унија на работници.

Овој договор не е обврзувачки туку препорака за работниците, а кој сака може да работи и под минимална плата.

Ако не друго вака барем ќе се прикаже реалната слика за која и онака знаеме дека е катастрофално-поразителна.

П.С Самиот муабет за минимална плата е шема за одвлекување на внимание.

Она за што треба да се зборува е плата за живот, а не минималец. Кај нас таа плата би била 50 илјади, а не 20 илјади.
Муабетот треба да биде што треба да направиме за да имаме квалитетни работни места и како да бидеме продуктивни и компетитивни.
 
Денот кога станавме еднакви меѓу еднаквите, со јазик еднаков меѓу еднаквите! Не е ова само Денот на републиката што не постои, ова е и наш ден! Затоа - среќен 29 Ноември, Македонијо! Нема да згасне нашиот факел уште долго!

:oeoeoe:

FB_IMG_1732898371006.jpg
 
Планираат ли пасошиве у европски да ги пребацат? Нели сменивме име...ццц ти ебам скапаната држава
 
Драга,

Можам да поднесем преработка на стари хитови, шпанското срање, овие аутотјун говнарии, ама не можам да го поднесам најновиот тренд песните да траат колку секс партија на просечните почетници.
 
Не значи дека ако не сум оженет и немам деца дека немам стрес во животов.
Стресот не е само од децата и партнерот, тука има многу други фактори кои влијаат на човекот без разлика на неговата возраст и брачен статус.

Всушност ако децата ги гледате како стрес тогаш нешто не е во ред со вашето размислување.

Ајт.
 
Кајг,
знаеш дека уште има по маркетите свежо грозје, а скоро Нова Година, ама колку е тоа природно или ГМО резултат е доволно истото да се проба, но друго ми беше поентава,

...забележав во еден од маркетите на Кам конкретно во самата гајбата со грозје секогаш покрај гроздовите од грозје има многу расфрлени рефуз зрна од самото грозје и секогаш поминувајќи покрај тоа, ми паѓаше онака во мојот видик, не можев да си дадам одговор „зошто е така“, све до пред некој ден кога го добива одговорот „ затоа е така“.

...онака меѓу рафтовите на Кам маркет застанав мислејќи нешто друго, ама окото ми отиде на тоа мое „омилено место“ каде секогаш го имав прашањето „зошто“ зрна од грозје расфрлени, таму видов купувач како ептен доближен до самото грозје, гледајќи лево десно мноооогу внимателно, небаре ќе опљачка банка, одбра еден грозд го доближи до себе подоле во самата гајба и почна да ги трга зрната грозје кои не му одговараат, со еден збор го требеше гроздот оставајќи само големи зрна на него!
Го посматрав од позадина и не ми се веруваше на тоа што гледам, откако го исчисти гроздот од непосакуваните зрна си го стави во најлон грозјето и отиде на каса да си го наплати, ете ми го одговорот од каде тие рефус исфрлени зрна од грозје во гајбата! :несвест:
 
Цело време ми се појавуваше спонзорирана реклама за концерт на Дрган Б со точка Костич.


Вака сега, немам ништо лично против човекот како персона, ама човек со таков глас да пуштиш да биде радиоводител е исто како Тостери да го пуштиш на тестирање во МЕНСА. Секогаш кога ќе му го чујам гласот ми иде да си ставам петарди во двете ушни шуплини и да ги активирам. У реду е, не си ти крив, генетика или нешто друго те осакатила да го имаш најиритантниот глас на планетава земја, ама баце бе не мора да ни го уништуваш животот и на сите нас. Не знам кој му дал да води емисија на радио па уште и во време на СФРЈ кога биле многу поригорозни во селекцијата на вакви работи.

----------------------------------------------

А сега за поубавите работи. Ги изнагледав претходниве 3 дена на фестивал. И сфатив дека нема да ми помине меракот за нив. Уште прв пат кога видов една таква во една студена вечер пред Лејди Блу далечната 98ма облечена во долг црн капут скоро до земја на што другар ми само искоментира-Уау колку убава андерграунд герла. До денешен трае тоа со истиот интензитет и не поминува. Јас побелувам, тие остануваат црни. :love:


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom