Добро, не сте помислиле дека медиокритетот ќе ве кошта?
Се сликаат, се тагираат по социјални мрежи со разно разни „доктори“, „професори“, разни „претставници на народот“ од Општина и слични јавни и „истакнати“ личности.
Утре, кога ќе одиш кај тој докторот со 3 дена искуство и дилпома земена оти е нечиј внук или кога ќе треба на суд да те брани адвокатот, кој е адвокат оти тате бил адвокат и кога сите тие „силни пари“ шо си ги „спечалил“ од цел живот ебавање по хотелчиња со три ѕвезди дури си „на проект“ по белиот свет нема да може да ти помогнат да си го сочуваш здравјето или пак да те сочуваат од затвор пошто ајванот кој ти претрчал пред кола со тие педерските електрични мопеди си го усмртил, ни крив ни должен.
Тогаш сети се на тоа како си се срцкавте по фацебукот и како бевте најдобри пријателчиња со најдобриот доктор во градот, со најдобриот адвокат во градот, со претставничката од Општина... the list goes on.
Просечноста го уби 21 век. Прифаќањето на тоа дека до сè (буквално) може да дојдеме на најлесен начин, до дипломче од Европски, Штулов, Славјански, БАС. Магистратурче, па и машала Докторатче, па ајде тате ќе среди за работа, бате ќе потегни тендерче да фатиме, вујче да шетниме по белиот свет со државни пари... и така во круг.
До денот кога, според некоја кармичка заебанција, ќе ни се удри сè од глава.
Некои ни тогаш не сфаќаат, целосно заминале со паметот и го посветиле животот на „проектчето“ и невладината. Јебеш ти фамилија, семејни вредности, јебеш ти стекнување на пари со пот, а не преку фондови од педерана организации, битно да врти ќешот.
Кога ќе се сетам колку се борев против таквите појави, уште повеќе ми иди мака, Дон Кихот, бадијала. Повторно дојде тој од Штулов да ме лечи, а на тате синот да ме брани на суд. Медиокритет, убиец на модерното општество, потпомогнат од „само љубов“ луѓенца.