Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ЛАНИ СПИЕЛА СО 300 МАЖИ, СЕГА ЌЕ ОДИ НА 600:
„Се однесувам како сите мажи, а ме осудуваат“ (ФОТО)

 
00:00 од мала страв во коски ми е всаден од некој.
Почекај нека помине една минута злите сили нека заминат.
Од кај ми е тоа не знам, ама чекам една минута.
 
Едвај чекам и официјално да започне изборната акампања и секоја втора интернет страница да има од страна милион реклами поврзани со изборите.

Особено ќе биде чест да се види ова на порно сајтови
1711926951862.png
 
Драга,
Почна сезона на мотори без кациги, или како што ги викаат тука орган донорс..
19 годишник сообраќајка на мотор, мозокот му крвари - epidural hematoma and subdural hematoma, очите на мајка му душата да ти ја распараат, татко му блед како светот да застана за него :( згора на се ист датум на раѓање со син ми, hit this one hard.

IMG_4908.jpeg
 
И ја дојдов да пишам за ова, гледам Луси ме престигнала. Излезе првото посилно сонце, стана пожешко и одма излегоа со моторите на Партизанска како печурки после дожд и почнаа да брчат како ретарди. Изглеа курот поголем им се чини ако брчат и возат 120 низ град, не гледам друго логично објаснување мајке ми.

Друга ствар, мене искрено не ми е јасно како не ги боли глава додека се возат, она брчење е нешто надреално и ми смета на километар од мене кога го слушам, а не пак да сум качен на моторот кој што брчи така...

Бев на Козјак вчера, за мене едно од најубавите места што е близу Скопје, а лесно достапно. Немаше ич гужва, чист воздух за извоз, тишина, мир, едноставно милина. Си напраивме еден мини пикник и све беше ок ама..., човече дај бе што е со народов, ѓубре насекаде, патот баш кај ресторанот тука е ХОРОР филм, како нуклеарка да го има погодено тој предел и да не е чепнато тоа после бомбата, испокршен асфалтот, ситни одрони од карпите од страна, да му се згади на човек од глетката. Неверојатно е колку сме мизерни, себични и безобразни како народ и стварно не разбирам што те кошта ко единка да си го собереш ѓубрето во кеса и да го фрлиш во канта после тоа. Ете таму немаше канта кај што бев паркиран па моето ѓубре го ставив во гепек и си го фрлив кај мене пред зграда во контејнерите. :toe:
 
Јас не знам како немаат проблеми со синуси со тие мотори и возење без кацига.
Јас точак ќе завртам некое кругче и малце ветер да има, РИП ми се синусиве следен месец. :place:
 
На некои луѓе Бог им дал пари ама ги осакатил емотивно(да не кажам трупови) и по десет пати го гледаат филмот за Тома Здравковиќ и ги слушаат неговите песни за да истераат некоја емоција од газот и да се осеќаат ко луѓе...
Од друга страна мене ме претрпал со емоции и морам од зор да ги слушам Јала и Буба за да се спуштам малку на земјата и да се приближам на нивното ниво за да можеме да комуницираме како треба...
 
Браќа и Сестри, Македонци и Македонки, бидете горди што го носите името Македонско, пак ќе го кренеме нашето знаме, шеснаесет златни краци во крв облеани.

 
Античко е видеово, ама јас сеуште пропаѓам во земја кога го гледам... Не е можно цел универзум да се сврти против нив во рок од неколку минути. Идам да се смирам малце...

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom