Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга Кајгана,
Неможам никако да ги сфатам луѓето кои си тераат сеир на туѓата мака. И нив еден ден да им се случи нешто такво, па да видат како е....o_O
 
Еј Драга,

јас само набрзинка да те ѕирнам и поздравам, гледам подновена си. Нема да ти се жалам ништо сега... Освен можеби тоа што ми рекоа дека сум бил толку слаб. Еднаш ќе се пожали човек после сѐ и веднаш е слабак. А туѓ столб бев.
Што сѐ трпиш ти, можам да замислам ако некој ден отвориш уста што ќе те направат.
 
Драга Кајгана,

Значи не знам како може клиповите со голотија во нив да бидат прегледувани со милиони на Јутјуб , а оние кои вредат да имаат помалку views ?

Значи фантастично отпеана дури и подобро од оригиналот. Браво Кели , ме наежи скроз :cuc: Ма хит на денот ми е сравена на replay

P.S. "….. cause you really hurt me, yeahhh , you really hurt me …" awwwww кога го пее тој дел ме полудува човече :love:

 
Хеј кеј,

Ја користам оваа прилика да ти кажам збогум.Благодарам за секојдневната занимација која ми ја овозможи во текот на овие години.Благодарам за сите јаки смеења од срце, типовите од кладилница, сапунските серии во темана за англиско, љубовните проблеми и едноставните решенија на крусер и уште двеста други работи.Благодарам за првата собиранка во Ало Ало кога цел ми беше да го запознаам фамозниот TonInter што ни ги редеше бановите на 13 годишните копиљаци,истото важи и за собиранката во миднајт на 16 години ако не се лажам.Оваа ти беше супер тогаш беше класичен хаос со две пива у нас и една од првите пакли тутун.Им се извинувам на Џену и Гладиус за стрипот кој го направив поради третиот бан на тогашниот јузер кој беше во времетраење од месец дена.Исто така да не го заборавам Бидиков кој што имаше живци да го поправа мојот тостер и никогаш не ме одбил за било каква помош.Од поново време не знам , еден поздрав до бубамарата и нека не и се спојуваат жичките понатака.Голем поздрав до ѓаволите и едно извинување за негативните коментари и отерувањето у курац на пола тим посебно Ди Марија , се надевам ќе се радуваме на титула догодина а годинава на ЛШ(пичка му матер).Пеџа не се сеќирај ќе пиеме пиво на караоке не те заебувам овој пут и датата дури ја запамтив.Фала за разбирањето и дозволувањето на втора шанса до администрација.Тоа би било тоа кеј, време е.Се читаме некогаш жута , и не треба да имаш друг скин.

Eј ќе заборавев, Џонтра ти си најголемата петарда тука пријателе.Биди ми така.


Искрено твој,
kamikaza_skopje
 
Кајги,

Одамна ти немам пишано, добро сега и оправдано, мажена жена сум повеќе обврски си имам, а и новата работа ми се погоди со секакви луѓе си имам работа, еден ме прашува дали Македонија сеуште постои :ROFLMAO: Се надевам годинава ќе одам некаде далеку на одмор зашто навистина ми треба.
 
draga 2 den iskacam vo 5 sabajle a se pribiram vo 7 navecer
ova mi e vtor den vaka
utre odmaram pa sto saka neka bide ajde bidi mi pozdravena
 
ДК,

Па зарем да сум трезен навлезен во ова срање? Неможа ја појќе со политикава, ајт нека иде у три лепе и бомби и разговори и шо ти јас знам таму. Не сум таков лик. :sramezliv:
Многу е ова за мене...дури и премногу :uzi:
 
Драга,

Зошто тој со најголема глава и афро фриз мора секогаш да седи во прва клупа? Не е свесен дека покрива 60% од таблата. Па поради него сите ќе испопаѓаме на испити. :mad:
Исто така, неможам да ги сфатам тие што прислушкуваат туѓи муабети (не се странски служби :LOL:). Како без тоа да неможат да живеат. Три души на ден, за добар сон.:tapp:

Освен тоа, денов добро помина. Интересно е кога некој блзиок пријател без усул те лаже и има толку убедлива фаца, а ти го гледаш и се правиш наудрен :pos:.
Изгледа од кога ја чув песнава работите тргнаа на подобро. Се надевам дека така ќе продолжи до собиранката. :icon_mrgr:
 
Драга,

Ме совлада настинкава солидно и во потрагата по антибиотик патот ме наноси до замената во Кузман. Професиониот однос и муабетот за запршка и политика на докторката со едно бабиште ми одзеде речиси саат и пол од мојот живот, реално ќе си ја наведнев главата и ќе го прежалев тој дел, али кулминацијата ја достигна кога само ме погледна и без прегледување ми препиша антибиотик, a како жртва мораше да ја пишам за матична, бидејќи морало да ми биде матична за да препише рецепт. Но тоа не е се, дури и тој што го препиша да го погодеше дека треба да се пие за возрасни особи на секои 8 часа, а не на 12 како што напишала таа :toe:
Не е се така црно де, има и нешто посиво, бркаме романтика со малава, едниот шмрка на кревет, другиот на фотелја, ту мејнстрим е со намигање пофаца е со шрмкање :cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom