Деар К,
Место да мислам на работа и на тоа како после ќе ми отидат и тие пар живци шо ми останаа, еве ме си мечтаам за минати и идни времиња и си глеам слики од персеидите. Некако ми е...заносно, романтично, веројатно тоа е правиот збор. Јебеш ти вино, миризливи свеќи (поужас не постои), постела со рози и остали клишеа. Овде сакам.
Све си викам ќе се запишам во некое од астрономскиве друштва и никако не наоѓам време, цреп црепосан.
Ничим изазвано ми текнува што напорно дете сум била, со миљон прашања за све и свашта, од типот на "зошто и лебот не го ставме у фрижидер и зошто овошјето не го миеме со сјај, нели е прљаво". Кога бев болна се плашев и бегав од "жежето", односно оние гумени перничиња што се полнат со топла вода и се ставаат таму кај шо те боли. Затоа го гушкав перничето со Калимеро...само мое и мое.
Едино што е лошо и нездраво, а имав кеф одувек ми се гумените бомбони. Едни шо јадев прееска, ептен гумени, неслатки, мех онака.
Иначе сабаЉе се кандисав да идам на лекар, со книшка, со кесичката од зегин, со све... Аа ми дадоа антибиотици. Си попраив муабет со две бабички у чекална. Понекогаш ми текнува колку се осамени и ми е жал. Понекогаш ги пцујам у јсп и после тоа пак ми е жал...
Ај да идам пред да напишам книга од три тома, нешто такво ми е денес
