Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
2025та сме Драга...

 
Ние возрасните животот го поминуваме проживувајќи го сопственото детство.
Мислите, почетоците и краевите, дејствијата повразни со луѓе, игрите, утехите...можеби делува во меѓувреме дека нешто се променило во нас, но содржината на нештата и тогаш и сега останала иста.
 
Сонце, и одма курето рипа :brlav:
 
По месеци пак го сонував татко ми.
Се стрчав да го гушнам тој ме застана. Не дозволи да му се доближам.

,,Ама ти беше толку совршен татко."

,,Ако е така, многу беше лесно. Не ме барај во луѓето, јас и без тоа сум блиску, на земјава веќе татко не ти треба, ти гледај си веќе за таткото на твоите деца. А јас ќе си го чекам внучето. Сѐ ќе биде многу убаво, слушај го ти стариов."

Секогаш така велеше, ,,слушај го ти стариов ,не собрал толку години в торба бадијала"

Уште не можам да си дојдам на себе си.
Мислам дека единствено нешто полошо од траума од лош татко и да бираш мажи како него и да ти е нормално и насилство и се' односно daddy issues , е токму спротивното, да си имал совршен татко, да си го изгубил и кај и да е, 3 години да се лутиш на себе си и на сите околу тебе за секоја несовршеност,погрден збор повеќе и кукавичлук во споредба со него.
Да не зборам за празнината којашто ја оставило неговото заминување. Само мајка ми да е добра, што подолго.
Никогаш не бев непримерно дете, дисциплинирана бев дури и повеќе од што се бараше од мене, на мајка ми дури ѝ е жал, ќе каже, кешки малку помалку да нѐ слушаше, малку повеќе да се забавуваше во животот , не ни е некоја грижа на совест во прашање, ете има родители толку добри, што ни 3 животи со нив не се доволни.

Ако имате добри родители, колку подолго ги гледате нивните имиња на екран на телефон, толку повеќе сте во ќар. Сите други, според заслуга.


 
Колку и да не се совршени нашите родители оставаат длабоки траги во нашите животи. Всушност, неверојатно е колку нивната несовршеност ја формира нашата смисла за совршенство. И тие моменти кога се они покрај нас, здрави и живи, може да изгледаат толку обично, а сепак се најскапоценото нешто во нашиот живот. И не ни се они само физичка поддршка, туку и емоционална потпора и тоа чувство на поддршка е нешто што треба да го цениме и негуваме.

Последните пет шест години имам посебна блискост со моите родители и сфаќам дека како човек старее, созрева, создава свој живот, така прогледува, почнува да ги разбира работите околу себе и да ги гледа нештата од друга перспектива. Како да имаш нов светоглед за нив, нивните жртви и начинот на кој се жртвувале за тебе.

Затоа, ценете ги родителите додека се тука бидејќи секој момент со нив е подарок, а нивната љубов и грижа се непроценливи. За оние кои ги немаат, сетете се на сите заеднички поминати моменти, советите што ви ги дале, мудроста што ви ја всадиле, и љубовта што ви ја подариле, затоа што тоа е силата и поткрепата што секојдневно ви ја даваат и ви покажуваат дека се постојано тука за вас на некој поинаков начин. Прегратки :love:
 
Ништо не кажува колку си сингл како качување по планини со рандом луѓе во група и постирање на фејсбук.

Слика во група пред некој планинарски дом и сите со Крале Марко лименки за живели и текст: “Огражден 1744м.” = дундата сува барут.
 
Македонскиот менталитет е амеба менталитет, К-15 беа револуција во нивно време со саркастични скечеви за нашиот менталитет, како тоа ние сме глупа нација, едни исти не дупат 30+ години итн. Се додека не си погазија на самите себеси со прифаќањето и промовирањето на Северна, и нормално, народот ги плукаше недела, две, после тоа се заборави буквално се и сега се тепаа за да купат карти за големиот "Comeback" на хипокритиве гнасни. Понекогаш се чудам како уште имаме држава со ваков глуп народ, ќе да е glitch in the Matrix.
 
Од секогаш, луѓето што ги запознавав од прва ми ги кажуваат проблемите и интимните работи. Сигурно 80% од нив.

Секогаш се прашував зошто, дали на сите така им кажуваат, дали гледаат нешто во мене, некоја утеха шо знам.
И секогаш кога ќе излезам, пријатели ќе ме прашаат и што ти раскажа продавачката пример?

Има едно дуќанче за џиџи миџи во пазарот и си купувам понекогаш балони, некои украси, глупости. Првиот пат кога влегов си наредив што ќе земам и почна продавачката од цената до разводот што го имала зошто мажот и ја фатил за коса зошто ја оставила сијалицата запалена. И дремев јас, викам ццц идиот, што да и кажам. После бев да виткам некој поклон и веќе готово цела биографија, сите проблеми, се ми раскажа.

Еден куп ги има, еве денес бевме во едно село и влегувам јас во едно продавниче да купам вода и продавачката здраво од кај си вака така и стигна муабетот дека жената на братот на мажот и направила да ги избркаат од куќата во град, па купиле на село куќа и продавница...

Да кажеш дека и јас кажувам нешто за мене, не, само здраво и некоја смешка така ќе лупнам за тоа што купувам, се смеат луѓето и почнува сеансата...

Како било.


Оваа година решив да гледам повеќе филмови. Смртта на Линч ја осетив како смрт на некое мое убаво време што никогаш нема да се повтори. Како кога ти недостига детството. И во негова чест после ќе го изгледам првиот филм за оваа година. И ќе продолжам.
Сакам, се надевам, макар три ноќи да гледам еден...
 
Вчера помалово дојде као тато да ти нацртам 5+ на рачето. Ајде викам нема проблем. Нема да лажам, има детето проблем со цртање криви линии па ми искочи ко свастика на лева рака. Мала заебанција дополнителна е што фолмастерите се некаква хемија што варикина не ги вади, и така.
 
Пред години и години денов ми беше еден од омилените. Ќе станевме сабајле рано, возбудени, се спремавме, ти ќе кренеше една ракија и тргавме.
Многу сакав кога по пат застанувавме за да си поприкажиш со многуте луѓе кои те познаваа и почитуваа. Се осеќав посебно.
Прекрасни спомени имам од денов, секогаш ми се враќа едно сеќавање како седиш на маса и ја пееш “Ој природо вечна убавице” со чаша вино во рака.
Толку работи се променаа откако те нема, како ова моментално да не е мој живот, толку ми е далечно од сите тие сеќавања. И денов веќе ми е само еден обичен ден, го немам тоа чувство, само грутка во грлово.
Ми остави вечна рана.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom