- Член од
- 22 август 2022
- Мислења
- 772
- Поени од реакции
- 2.292
Хелоу Кајги,
Ќе допишев вчера многу ми се спиеше, изморена сум до бесвест.
Новава канцеларија многу ми се погоди, сега жени сме, хормони некогаш знаат да удрат, но се држиме заедно.
Не е тоа проблем, горе долу сите се многу фини жени , јас со месеци си бегав кај нив на паузи. Сега има еден смешен детал . Повеќето сме девици во хороскоп па ќе се фатиме за ситница. Веќе 3 дена канцеларијата лошо мириса. Ама тоа освен нас никој не осети. Доаѓаат од друг спрат викаат не бе ви се чини. Ние обично сите сме чистуници пак фиоките , резерва наметки елеци што имаме сѐ издушкавме, де бе не кај од нас... и плус не беше таков мирис, нешто како скапано како застоено.
Дојдовме се договоривме рано, ќе средуваме огромна канцеларија со 13 бироа. Дојдовме први чекавме да отклучат фирма. Сме се опремиле со оние бришачи на површини што се како влажни марамчиња само поголеми и повеќеслојни. Шкафови преместуваме, ќе се укочевме, веќе детергентот од брисачите повеќе заудира . Кога го најдовме, една си го заборавила букетчето за Нова Година, хигиеничарката да не ѝ пречи, го преместила некаде и се заборавило. Малецко вазиче едвај се забележа меѓу папкиштана.
И така на официјалниот старт на работното време веќе изморени бевме. И раскивани, испаничените од новиов вирус од памет ги извадивме.