Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Нека ни е пријатна вечерта само на тие што носиме вакви јакни...

71gnHw334dL._AC_UY1000_.jpg
 
Фактот што веќе неколкумина увиделе дека ромката од велес е полна гомна, ме тера да не губам надеж во својот народ. Мега лајк.
 
Се молат и овие со кечапот од витаминка да си го оправат отворот зошто кога ставаш кечап цело литро наеднаш излегува. Треба да го мачкаме не е како секој нормален кечап во светот што си се става поштено, фино и нормално по малку.
 
Ми излегува рандом видео од некоја кумановска страна каде кажуваат некој интересни случки од минатото и клипчево нешто кажува за црква во Старо Нагоричане, доле во коментари Србин, Бугарин и Албанец се расправаат дека црквата била нивна. И тоа е, така ќе се истера и 21 век, за 22 ќе видиме, здрави и живи.
 

ДК

компаниите за кечап намерно прават лоши отвори за да се користи повеќе кечап отколку што треба, со тоа наместо да купиш еднаш на 2 месеци ќе купиш еднаш на 15 денови. Све е математика и кур ги боли за корисниците, нормално, се додека му купуват се повеќе и повеќе.
 
Драга Кајги
Кај господинот дома штекерите се на најглупите срвајвр места на свет.
Додека пробував да вклучам телефонов на полнење си ја ѕвекнав главата од мермерната прозорска даска, го видов Дедо Мраз сосе ирвасите по пижами со Кока Кола дезен.Отидов одма у кујна по прва помош, се заинтересира нема што.
После вика, ај пошто знам со кого си имам фатено работа, ќе идам и да видам шо биднало со мермерот...
Стока моја.
Се насмеав оти шо да праиш у таква ситуација, а овој на другар му му вика, сум нашол некој да се смее на моите обиди за духовитост, кај испуштам.
Како успева во муабетот да уфрли шала и на туѓа и на своја сметка, ама секогаш.
 
Гледам многу модерно стана туширање со ладна вода, седење во ладна када и тн.
Мора да ја пофалам Македонија дека беше пред времето со оваа метода, во Студентски дом едно добри 90% од времето немаше топла вода, па се туширавме со ладна. Во тоа време не ми се допаѓаше воопшто, но којзнае, можеби ова го правеле за наше добро :D
 
Ние кутрите не сме свесни дека за се што кукаме уствари во иднина ќе биде светски тренд.

Јас кога бев во болница, секое сабајле имаше визита и покрај други работи мереа и температура. И докторот ми вели мене да не имаш топломер?

Да да имам и доктор од дома си носам.
 
Добро госпожа, петсто пати ажурирам ист документ, у 6 меилови не можам да ти докажам дека погрешен темплејт си пратила. Не во овој шаблон ми треба напрај го.
Сеа вика, другари еве правете измени врз овој шаблон. Ама ко кога Гоце Тодоровски во МНП од кадијата парите си ги бараше како првпат да оди. Чиниш прв меил.

Не, ама ја сум за ќотек, ко другите мајка, дури не стигне точниот шаблон ќутенка и прај се на Тошо, ќе го спасувам светот и фирмата по сабајлечки. После ааа, јас во овој шаблон све сум направила, чекам нов, правенката на Тошо. Сеа ми иде да речам сеа ја не праам ама тоа е, модерно ропство.
 
Последно уредено:
Последно уредено:
Dear K,

Твитер, сегашен Х, никогаш не бил мој медиум. Едноставно не го разбирам, се обидов еднаш да пишувам нешто од време на време, но никако не можам да се поврзам емоционално со луѓе како на пример на форумов. Веројатно поради должината на текстот, не ми дава да се изразам на свој начин. Сепак, уживам да скролам по твитер и да пронаоѓам луѓе кои имаат што да кажат и кои вреди да се следат. Еден од нив е Culture Critic, и ова е една негова нишка на тема Убавина:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom