Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Слава ти Рацине, за овие три години родољубните и социјални идеали се повеќе заживеа кај младите, твоето дело продолжува да живее. Се надевам дека до следната година и серијата "Црвениот поет" ќе доживее реализација. Идеалот и борбата остануваат вечни. Ќе светне силно денот, кога тогаш.Утре се навршуваат 77 години од убиството на Коста Солев Рацин, и после толку години неговото дело и идеали се живи и ќе продолжат да опстојуваат во секој чесен млад човек, секој кој не се срами да каже дека припаѓа на работничката класа, кој е родољуб и го става доброто на колективот пред своите потреби, колку и да е можно тоа во денешното опшество.
За жал го напуштил овој свет млад и не го искажал својот талент до крај, не успеала Европа да слушне за него, иако најверојатно ако не тогаш на 13 јуни 1943 на Лопушник, ќе го изгубел животот после некоја година зошто животот е еден но идеалите живеат вечно, луѓето кои му пресудиле денес не ги спомнува никој, а еве на него му се поклонува млад човек кој е роден 56 години после неговото убиство.
Вечна ти слава Рацин, идеалите се исти, љубовта кон татковината и својот народ е иста, борбата за социјалната правда не престанува, сум кажал повеќе пати, горд сум што сум роден во твојот град.
Ќе светне еднаш силно денот, ќе дојде и тој ден некогаш.


