Драга,
Баајги долго ти немам ништо пишано.
Како “стареам” се помалку срања можам да преголтам. Па, како стареам, сфаќам колку го затворив кругот на луѓе околу мене, со кои воопшто сакам и банален муабет да направам.
И се помалку сум толерантна на изговори. На луѓе кои го имаат допрено сопственото дно во животот ( зборувам повеќе за ментално ), ама, се’уште се кријат позади завесата на изговорите и оправдувајќи се себеси како “учителката” е крива за се. Другиот никогаш не толку виновен, ако успееш да си објективен пред себе. Иако, најтешко е.
И речиси и да немам толеранција за емотивни вампири, кои и себе би се исцицале само да може да бидат помизерни.
Ви се плукнам во мизерниот живот во кој најголем успех ви е лажната слика за себе пред другите, а и ви се плукнам во потребата некој да ве теши цело време додека вие кукате за секое едно нешто!
Очигледно многу “стареам” штом прекинав воопшто да имам реакции кон многу луѓе, а уште помалку да укажувам како изгледаат работите од објективен, друг, поинаков агол.
Само уште малку фали да пораснам, па да станам тотално рамнодушна на се што мрда околу мене.
