Да живеев во Северна, досега ќе ми препишеа најмалку еден антибиотик за лекување на грип, онака де "за секој случај", да ме потрујат малку.
Ама ова "никаквото" Германско здравство како што коментираа одредени членови на форумов, има друга тактика.
Прв, втор и половина од трет ден, горев темепратура 39, му се јавив на својот лекар ми кажа што и како да правам по дома, да се тестирам против Корона третиот ден повторно со брз тест и да му се јавам за резултат.
Во меѓувреме докторот ме контактираше по два пати во ден, да ме праша како се осеќам и дали имам некакви промени, со совет доколку ми се влоши состојбата да се јавам одма на ургентен.
Температурата ми паѓа попладнето во текот на третиот ден, веќе на 37,5 и не се качува повисоко.
Во еден од разговорите со докторот, му се правам паметен и му велам ама некој антивирусен лек да ми дадете, тантара-мантара. Ми вели тоа за млад и здрав организам нема потреба, категорично ми одговара да не се грижам си имаме ние алгоритам за кого има потреба од такво нешто, за кого не.
Вчера ми се јавува, му кажувам дека сум дефинитивно негативен на Корона и ми закажува термин за преглед. Одам на преглед.
Ми прави брз-тест за грип, искача позитивен на инфлуенца А (H3N2). Се жалам на болка во грло, ме прегледува, ме преслушува и јас како Балканец одма муабетот за антибиотик, да не треба де. Ма каков антибиотик, зошто ме боли грло ми земаат брис од нос и грло да се види дали како секундарно се накалемила и бактериска инфекција.
Искача денес резултатот од лабараторија, нема бактерија што значи дефинитивно нема потреба од антибиотик.
Само прополис спреј плус слични, чаеви со мед, многу течности, одмор и толку. И да, веќе целосно се осеќам многу подобро. Уште мускуливе да престанат да ме вртат и ќе ми пројде целосно.
Вака барем да ти е ќеиф што задолжително ти се одбива за здравство од плата. Зошто недај Боже што и да ти се случи, знаеш дека ќе бидеш брзо и квалитетно згрижен, без потреба од "повикај пријател", како што е во Северна. Па и не за џабе Германија е во топ 10 држави со најдобри здравствени системи.
Инаку родителиве пензионери, вакцинирани уште на есен против грип, имаа контакт со мене, јас веќе во почетна фаза грипосан -ништо не им. Ни трага од грип.