Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Таман кога ќе помислиш дека веќе конечно си ги запознал луѓето, повторно паѓаш на испит. Така до нареден испит и нареден после него.
Во суштина никогаш не паѓаш на животните испити, секогаш ги положуваш со што стануваш се помудар и помудар. Живот.:)
 
Преокупираноста на народов со туѓи животи е преголема...мислам што толку ве интересира што како прават другите или пак тоа со идиотско распрашување за секакви лични работи...да се немало никаков осет.
Што ќе им смени ако ги знаат тие работи? Ќе имаат една тема плус за муабет за исполнување на нивниот нереализиран живот ?

Aј што се нема никаков осет, ама очигледно недостасува и домашно воспитување
 
ДК,

Во Градскиот парк, еднаш, видов момче со кратка црна виткана коса, со очила, со бело-зелени патики кој беше занесен во разговор со едно девојче, кое во десната рака држеше запалена цигара, седеше, а косата, виткана, ѝ беше скоро до земја.

Штета што ми беше свртено со грб, на тој топол ден во Градскиот парк, па не го видов најубаво, но не го заборавив.
 
ДК,
Научив дека секогаш треба да се бориш за она коешто толку ти ги обзема мислите да не можеш да заспиеш.
И после 18 години, односно 13 од неуспешното смирување тука сум.
Не го заборавив.
А, не се изборив за него.
Зошто?
Глупави предрасуди, детски памет, лековерност ...

И шо ако го остаив?
На месечина живот открив? Јок.
Се појави некој што ќе ме сака толку убаво како него? Не.

Дали парфем може толку убаво да мириса на друга кожа? Не.

Дали со некого успеав да седам по 2 саати на телефон и пак да сме недоискажани. Никогаш.

Дали на песна од Coldplay сум се погледнала значајно со друг? Не. И таа, нашата песна песна не дозволив со друг да се слуша. Оти наша беше.

На ниту еден бивши не би се вратила, јас ги множам со нула, но тој да може и да не е обид за одмазда, веднаш, без размислување. И овој пат би се борела најхрабро. Под услов тој да останал истиот тој.

Но, веќе одамна не е можно.
Не би се ни обидела да го вознемирам. Немам право.
Само се надевам дека знае, дека никогаш не го изневерив. Иако јас раскинав, иако изгледав немилосрдно и студено, поминаа повеќе од 3 години пред да можам дури и да се запознаам со друг. Освен мојата плашливост, друга причина немаше. Добро и неговата нетактичност во изразување но мали бевме за тоа да очекувам.
За нас е многу доцна, не се ни обидувам, ни ќе се обидувам, но за други коишто не е доцна нека е како мотивација.



Пораката ми е : Денес нешто толку ретко како љубовта ако ви се случи, борете се, кога најмногу ви е страв најхрабри треба да сте. Кој што ќе рече баталете и така тие што имаат да речат за некоја година нема ни да бидат во вашите животи. Сѐ додека сте чисти со мирна совест, борете се. Сакајте и бидете сакани.
 
Последно уредено:
1.На фејсбук изгледаат нормално пошто сликите им се статични,кога ќе налеташ на нив на тик ток сваќаш дека немаат две чисти во главата и се работи за психијатриски случаи...
2.Кога ќе го исклучиш интернетот престанува и матриксот,таму му лега силата и таму завршува...:coffee:
 


- Добар ден. Ај документи.
- Ај, ај.
- Шо е овоа 10 пасоша, бе разбираш !?!
- 10 да. За родбине мои.
- Каква родбина бе разбираш?
- шо ми се блиски бе. :cool:
- Кој е овај?
- Па ја.
- Не те познајах разбираш...
- Ти пишува бе. На ...
- А овај кој е, разбираш?
- Тој му е брат :pos::pos::pos:
 
Кеј, Халанд би бил одличен избор за "House of the Dragon", новата серија за династијата Таргеријан.

Тоа се тие мисли и идеи кога имаш пре премногу слободно време.
 
Последно уредено:
2 работи:

Х персона објавува оглас на фејсбук за маркетинг агенција и напоменува дека за да не губи време, сите што сакаат да работат да и пишат порака. Ниту објавува име на фирма, ниту плата ништо. Нормално и го серам огласот одма, и добивам порака од неа инстантно. Еј здраво дечко, абе не смеам да објавувам јавно се работи за сериозни клиенти што ги имаме во портфолио. Праќање "дизајни" од пеинт за фирми што прават годишна заработка во милијарди. Ок, секако дека ти ги имаш работено и таа твоја лажна компанија. Пази, маркетинг агенција што нуди маркетинг и веб дизајн на други фирми, а на вебсајтот стои дека дизајнот е платен темплејт од друга агенција. Секако ниту име ниту контакт број имаше на тој сајт, фејк до даска.

Нејсе, ме натера ова да дојдам до втората работа односно да отворам message requests и го гледам ова. (not safe for work)
IMG_3144.JPG

Сериозно бе? 100 мајки да ти ебам јас на тебе.
 
Одиме со Босанката Баден Баден, 2 пати годишно излегувам со нив, пошто не слушам таква музика и ако ме гледате на форумов да постирам песни од Светлана, Мина Костич и Јелена тогаш рачунајте дека зад монитор гргорам од смеа. Посебно Тестамент на Јелена ко че ја пуштам, the intro gets me alwayes, или Казино, упс се чини ме навлекоја. Не. После одмарам уши и дух со Депеш, се сејќавам кој сум and what do I stand for. Енивејс, за неjзе прам исклучок. Влегуваме во некој локал изнајмен нојчта за дечки од бивша Југославија. На врата не пречекува баце со црна брада и надуени мускули ко балони, ti si golem ili bazenot e mal tip na lik, се поздравува со неа со екстремна почит, дури и на земја би легнал за таја да помини врз него :LOL: lajk (y) и покажува насока во која имаме резервирано сепаре. Се разбира е со видик, и на место во коешто секоја друга амеба во ноќта ќе можи да ги види Платинум прамените на терасaта. Први бефме таму, јас порачав црно, тие бело вино. Почнува да иди баграта. Од Хрватици, до Црногорки, Албанци, Срби, Курди, Грци (диџејот :ROFLMAO:) сето дојде да се поздрави со неа, како тек одпосле да има право да се забавува. И велам, ко на рака бацувајне да дошле кај Кумот. Ми враќа, овие овде? Шланге. (змии на Дојч) сите идат да се поздрават со тебе, зад грб, сите ти љубоморат и сакаат да се како тебе. Јас сум тука за тебе и вратив. Знам. Знаеш и дека тој дел од Европа ми е отпишан. Знам.

Читав статија најлоши земји во Европа (ака афрички земји во Европа)
на прво место е Молдавија,
R.04a85e20b05d2cd1f42004b1006cac63
на второ Косово, на трето Македонија. Тоа е таа тројка. Македонија ќе ја изоставам од тумачење овде, пошто знаете дека ве нејќам и ќе речите дека сум пристрасен, субјективен, несолвентен и неликвиден ко македонски денар на Њујоршка - Токиска Берза. Затоа за Молдавија и Косово имам да споделам доста, навистина го имам запознаено еден од најтешкиот Канцер од овие обид од земји. Лик од Молдова - Путин ловер, да цркни Украина. И маваше превари на женаму, и маваше и по некој бокс, he hit me and it felt like a kiss и беше химна, го остај му ги зеде децата. Сега тврди дека Дојчланд го уништила. Не багро, сам се уништи, истото и во домовината си го праел - плус коцка, пиење. Се дистанцирав. За Косоварите и сами знаете доволно. Една Германка ги опиша ко.. кхм, - кратци.
 
Последно уредено:
Драга,
Ќе треба на телефониве да се вгради опција тест на стабилност пред да ти дозволи да влезеш и користиш именик, пораки и повици.
 
Драга

Во саботата се искачив со точакот горе до Крстовар. Искачувањето класика како секое на планина нагоре умараш нозе, надолу раце од кочење. Мада овде повеќе треба претпазливост, секакви идиоти има и од велосипедисти и од пешаци. Ме фати дожд, ама најголема сатисфакција ми беше што возев по улиците и булеварите без проблем.

Него кога сме кај идиотине се спуштав надолу, а асфалтот на почетокот е катастрофа, ја одминав кулата, а некој имбецил и дебилка се ширеа како да е се нивно. Викнав да направат пролаз, а женскава скокна како да и е од десна страна базен, да ти ебам тоа бесчуствителни глуперди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom