Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Д.К.
Луѓево не можат да укапираат дека преку храната им се мења свеста и купуваат и прават разни глупости кои им се нудат као модерни ИН рецепти.Златната традиционална храна не ја мењам за ништо и не планирам да експериментирам...:coffee:
 
ДК...
типичен слава муабет
8f8450ed4e4f6dde49dacba653dbf466.jpg
 
Вечер се одржува детската Евровизија. Колку што се сеќавам само еднаш имам гледано, онаа првата во 2003 кога за нас пееја Лоба и другата девојка. Тогаш победи ова типче од Хрватска, ми останаа песната и настапот во сеќавање:

Епа малиов во меѓувреме пораснал, станал убер металец, си формирал свој бенд, а од јули оваа година е нов член на легендите Whitesnake, каде е бек вокал на Дејвид Ковердејл.

Not bad kid... Not bad at all...
 
Детска евровизија. Прво за децава наши едно големо БРАВО!!!! Супер беа на сцена.

#Прашања кои ме мачат:
Зошто нашата претставничка што ги објави гласовите од стручното жири е АЗИЈАТКА !?!!??!?!? Азијати сме ние!?

Друга работа што ја забележав, во нашата песна имаше доста нагласен албански мелос, затоа изгледа добивме 12 поени единствено од Албанија. Им се допаднало тоа "ѕвонливото" во песната.
 
Мајка ми вика престани со играње на компјутерот и фати да учиш ....
Me:
- Shut up bitch, I aint' playin just listening to the new DLC Gta V Dr.Dre the Contract mission .....

Она мене само играм ... Музички се образовам ако не ....

 
ДК,
Зошто на секоја слава мора да има по еден антиваксер вујко што сите на маса ги замара за вакцини. Океј е, ти си единствениот освестен на оваа маса, до пред две години расправаше геополитика, сега имунологија, ај сеа врати се да ги прашуваш малите деца рипаликурето настеган на пола литро ракија угасена со два литра пиво. Многу беа поубави славите кога седев на масата за деца и не морав да ги слушам интелектуалните испрдоци на роднините.
 
Зимо. Ладно.
Сакам сега да е лето, надвор 32 степени, сонце пукнало јас еве вака во канцеларија на работа и ми светнува во глава одам јас на море на неколку дена.
Распределувам работни задачи, се растеретувам од обврски, искачам од канцеларија накај 12, точам гориво возејќи накај дома, се пакувам за еден саат, станало 2 после пладне.
Тргам накај Сарти, возам лагано, поминувам граница, застанувам на моето место за одмор во Никити. Купувам една грч ладна вода во маркетите на главна улица, релаксирано пушам една цигара пред кола. Седнувам и продлжувам да возам накај Сарти.
Си влегувам во камп, си се поздравувам со дечките на рецепција, си возам накај мене. Паркирам кај мене пред приколка под сенка, пијам едно кафе и го фаќам крајот на денот за попладневно бањање во топлото море.
Одам до град, купувам намирници за во фрижидер, си ја ставам грчката сим во телефон. МК картицата аут во некоја фиока. Се јавувам кај пријатели да видам кој е во камп, кој не. Секогаш некој од нив е таму, тераме гезме докај 12-1 после полноќ. Потоа следи здраво спиење, на чист воздух во борова шума.
Сабајле денот стартува уште од 7 со едно нес фрапе, и опуштено тече.

Пуста желба за лето.
 
Дк,
Ми го украдоа точакот. Ефтин беше, не ми е за парите ќе си купам нов, ама многу мерак ми правеше. Ретро холандски купен со минимум очекувања, а ми понуди многу квалитетна вожња. 8 месеци се немам качено во кола за градски релации, и на дожд и на сонце сегде со точакот. Не се исплати во Скопје со кола да движиш ако живееш во центар. Низ цел град побрзо стигам со точак. Веќе некое време го одлагав прибирањето во гаража со надеж дека ќе ги фатам и последните сончеви денови, ама ете некој ром не бил доволно напреден да копа биткоини, па се фатил за мојот точак. Ноќеска на минус 3 се тегнел со точакот, дај боже бронхитис да фати да умре под некој мост, па да прочитам на тајм мк дека некој умрел ко улично куче и да го сожалам. Да ми побарал 3000 ќе му дадев, не верувам да може да го шитне повеќе. Во полиција покасно ќе пријавам, не дека ќе го најдат ама јбг.
А еве денес сончево ќе го искористев денот.
 
Драга,

јас отсекогаш сум била полна со трпение, а мојот најголем учител последниве четири - пет години е мојот фуш лаптоп. Па такво споро чудо ни децата во Африка не сакаат.
Навистина.
Го проколнувам денот кога решив да го купам и го очекувам со потајно нетрпение денот кога ќе му најдам замена.

Не се издржват веќе...
 
Дојдов да ти кажам колку мразам хороскоп и луѓе што се водат според него.
Излагам синојќа со една девојка и тоа постара две години од мене, 30ка и очекуваш озбилна девојка, во први неколку муабета, кој месец си роден, кој знак си?
- Јарец.
Ауууф, леле.
- Де бе, што така?
Вие Јарци сте многу инаетливи луѓе, ова било она било, бившиот ми е јарец.
Еве не знам дали е до мене и сум магнет за вакви ама ова ми се дешава веќе по не знам кој пат, никогаш немам читано хороскоп, ниту ме гајле за истиот ама многу ме нервираат вакви личности полни со стереотипи затоа што ѕвездите кажале така. Која глупост.
И то, још једна у низу, нека продолжи да си чита хороскоп.
 
ДК
ќе го злоупортребам правилото за индиректно реплицирање... Читам за девојка која е во филм со хороскоп... Едни примероци не сакаа да потпишат договор за соработка бидејќи Меркур бил ретрограден.. Чекав еден месец...
 
Последно уредено:
Драга,

Пред некое време го загледав Форест Гамп на тв и на почеток од филмот нејќеа да го стават во нормално школо пошто имаше 75iq, а границата била 80. Мајка му мораше да се сексне со директорот на школото за да го примат кутриот. Тоа ме замисли, бидејќи излезе просекот за нашава држава пред некоја година дека е 80. Тоа значи дека пола и повеќе се на ниво на Форест. Не ме чуди, ама ме замисли.
Друга ствар е пораката од филмот. Форест стана мултимилионер баш ради тоа што е глуп ретард што слуша се што ќе му кажат без примедби, мозокот попара, али механиката му беше јаката страна баш ради тоа што беше глуп. И тоа не ме чуди реално, гледајќи колку се платени одредени атлети низ разни спортови во светов. Секогаш е подобро кога не знаеш и не мораш да мислиш, очигледно.

Малиот Дино од првата Евровизија ни беше симпатија на сите од школо кога победи, башка ни беше генерација. Секогаш ми е мило кога луѓе што стварно вредат во професијата што ја одбрале, заслужено напредуваат. А пак друг пример се оние што им кажале од дома дека ги бива за нешто, ко Лоба наша во случајов, која откога ќе го прегледаш нејзиниот настап истата година, сфаќаш зошто хајлајт на нејзината пеачка кариера во моментов се тие неколку каталози годишно со Дуки Дасо.
 
Саботата вечер бев во кафана дома во Белимбегово. Тој регион секогаш бил познат по квалитетните сељаци уште на времето од клуб Милениум и дискотека Гранд во Кадино. Претпрошлите локални кога ВМРО освои 5 градоначалника во цела држава, Белимбегово остана еден од тие 5 столбови со неприкосновениот Жика. Една печница за кокошки пробал еден шипац да отвори му ја демолирале, видел-не видел се тргнал. Квалитетен ќотек никогаш не бил кусок ако се курчиш. Секогаш ќе најдеш друштво за печење ракија, за поправка на стариот Даеву Рејсер, за берба по нивите. Се на се, еснафи луѓе. Со такви услови не може да има лоша забава. На самиот влез една огромна плинска боца приклучена на тајфун дува топло како Железара од времето на Анчо. Класика сајзер со певаљка, малку мрсничка ама многу слатка, боље да љуља него да жуља, па и еден глас извади ко за кафанска певаљка топ. Еден куп илинденки уфрцани како за на матура не престанаа да мешат и да пеат цела вечер. Сите беа на нозе, па и ора се свртеа, јас не памтам во Скопје последниве 10 години да се свртело оро во кафана а да не било свадба. Фрчат поздрави и честитки а врхунацот беше-Специјален поздрав за маса на Погребално Претпријатие Бутел со песната Имам један живот.
Лудница атмосфера, еони над тоа што беше претходниот викенд во Ла Тана, евнухски стерилитет и типична скопска уфилманост и глумење метрополитанизам. Јак кур ако Андријана Кеш Кеш пееше. Сум рекол, во селата луѓето многу подобро се забављаат него ли во градовите. За Бадник, Велигден а особено кога е селската слава по патронот светец на селото што го носи името на црквата ќе си поминете подобро него ли на White Sensation во Амстердам.

А на Лоба се и е простено поради календарот на Пелистерка, како и оваа благо-лезбејска комбинација:


Додуша бугарскиот пандан е многу појак:


Теодора, таа црната ја гледав и во живо во казино Принцез на грчка граница. Ми донесе и среќа фатив нешто ситно 50-тина евра на автоматите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom