Кајгич
Покана за првоодделенска прослава
Повод: Тргнување во прво одделение
Искрено не можам да се начудам од каде им доаѓаат идеиве на луѓево.
Детето тргнувало во прво одделение, значајно постигнување. Не знам кој се радува повеќе, децата или родителите. Да, верувам дека е среќа и посебен ден за родителот да го испрати своето дете на прв училишен ден, ама зошто се потребни вакви циркузи. Па организација, јадење, пиење, покани, гости, баби, вујни, тетки, стрини, кумови, комшии.
Зошто таа мала семејна радост не се сподели во кругот на најтесното семејство?
Зарем радоста ќе биде поголема, доколу се покаже на светот дека имале да стават 100 балони пред врата, торта на 3 спрата со натпис „Среќно, честито бла бла“, детски декорации низ цел двор, гардероби на себе мислиш ќе одат на свадба, цел циркуз без никаква цел, а уште помалку никаква потреба.
Учете ги децата на вистинските вредности, утре да прераснат во вистински луѓе. Тоа е успехот. Не е успех запишување во прво одделение.
Советувајте ги децата да знаат што е делење и другарство. Тоа е успехот. Не е успех запишување во прво одделение.
Оставете ги децата, самите да се изборат и оспособат, не им сервирајте се на тацна, не им пишувајте домашни задачи, не им цртајте цртежи, не се борете со другите мајки и татковци, кој направил поголема и погламурозна забава. Тоа е успехот. Не е успехот запишување во прво одделение.
Денес за жал има родители кои нема да можат нити нови патики да им купат на своите првоодделенци. Не затоа што не сакаат, туку затоа што не се во можност. И наместо да мислите каква боја да бидат балоните на вашата прослава, за вашиот првооделенец. Ставете го прстот на глава и размислете, што всушност правите Вие за вашето сопствено дете.
Не се виновни децата, виновни се родителите
