Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кој кур јадење си бе ти шпагети??? Гладен сум ко лав, неам јадено ден и пол, одам и ја полнам чинијата со шпагети онака до врв, ставам кечап и сирење, седнувам, јадам како да ми е последно јадење во животот, завршувам, пијам вода, одам до соба и пак сум МРТОВ ГЛАДЕН. Што кој кур бе?

Него кајги батали шпагетите, вечер славиме 5 години од матура. У пичку материну, кога пројдоа бе?? Али топ ми доаѓа собиранкава, ќе видам доста луѓе што ги немам видено 100 години, и ќе си поприкажеме сите кој до каде е. Океј, ја до нигде сум.

Ќаос драга кајганооууууууууууу
 
Бредбери вели дека книгите горат на температура од 451 фаренхајт. А нашите души? Сигурно на собна температура. Гледајќи Сител.

Македонија го преживува своето мрачно доба. Не и е прв пат. Просторот географски сместен во центарот на Балканот и порано бил ветрометина на војни, палења, епидемии, општ хаос. Човек да си рече дека страдањата тука се историска константа. Пред се ми е жал за мојата генерација. Онаа што цутот на младоста и беше после 8-ми септември 1991 година. Онаа што ги почувствува на своја кожа транзицијата на општествениот во приватен капитал изведена нечесно, настаните во Гостивар и Тетово 1997, војната во 2001, блокирањата и ембаргата, Смилковци, криминалите на сите влади до денес. Атмосферата на постојан страв и неизвесната иднина. Толку потиштена и изгубена генерација штo може да се спореди единствено со европската млада интелигенција после Првата светска војна. Ги немаме единствено Ремарк и Пикасо кои преку На запад ништо ново и Герника сликовито го доловија нивниот песимизам. Иако мислам дека САФ и Архангел се достојна замена. Нејсе.

Утре и во понеделник ке има митинзи. И едната и другата политичка опција се уверени во својата исправност. Фрштат апстракни категории како вистина, народ, правда, слобода. Пропагандната борба по медиумите е толку жестока што дури и Орвел би бил запрепастен. На големо се води војна за мобилизирање не на телата, туку на душите на младите.

Но каде е местото на индивидуата? Да брани некој си малициозен лидер желен за моќ? Да покаже сервилност кон политичките елити? Далеку сме од '68 и идеализмот на таа генерација. Слепата послушност, конформизмот и апатијата ке не уништат.
 
Дк,

ЕВЕ СЛУШАМЕ МАКЕДОНСКА МУЗИКА
ПОЗЗ.
 
Драга, скоро секое сабајле се будам во ниЕдно време... погоди што ми помага пак да заспијам? Музика...
 
Јас мислам, кој к*р од амбасадори бараат на протести. Оној британецон се шеташе низ Велес со Илија Димовски додека во Куманово се лееше крв.
Ало dickhead, ако си против власта, не оди му на Иле во Велес. Бојкотирај ги бе asshole.
Ерван Фуере? Филипини, па таа Филипини беше другарче на Груби.

Meanwhile во лулката на демократијата, соединетите терористички држави е осуден на смрт Џохар Царноев. Убил тројца на маратонот. Обама убива деца во Авганистан, Либија, Палестина, Ирак, Сирија, Украина и добива нобелова награда за мир. Која иронија човече. Додуша и кај нас нема разлика. Црташ букви на тела од работници, те ставаат министер или имаш некоја државна функција. Ебате државата. Може да се аплицира за државјанство на Чеченија? Камбоџа, Централна афричка република?
 
dikej kako si mi arna
mi se zaigra neso kanter strajk ali onaa makedonskata na stazava mini-litia ili shoothouse
ako znae nekoj da mi prati link za torrent da ja simnam ajde bidi mi pozdravena

inace se nadam deka u brzo vreme nema da ima kanter strike vo zivo vo nasava naptena zemja ajde bidi mi pozdravena
 
Денешнава бомба можеле да ја крстат „Магаре со снимки рушува државни позиции“.
 
Или пак, независна/демократска/суверена бомба. :D
 
Во право беа со она "името не го даваме" И не го давале, туку го продавале. :icon_lol:
 
Бомбава освен патриотите од Острелија не верувам да дирна некој.
 
Ми се згади од протестите! Пардон, ми се згади од партизирање на сѐ што се случува во Македонија.
Да им го напикам лилјаковиов и на Груевски, и на Заев и на сите нивни потрчковци!
Еве ви! Лигуши!
kicma-v.jpg
 
Драга, поздрав до сите што сакаат промена на името!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom