Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Реминесценција :)
Да речеме дека за 99% настани од културата имам гратиси(останатите1%на врата ги познавам).
Беше тоа пред 10 години Филхармонија во дом на АРМ изведба на дело од наш познат композитор
(не го именувам).
Ми се погоди местото до еден постар господин.
Двајцата пицнати во одела,вратоврски сериозно ја листавме програмата што следи...
Почна да свири музиката
(Све ОК)...додека не прозбори господинот:
„Абе овој едно дело напиша и сите пи*ки ги помина".?????
Тоа беше 45 минутен напад на воздржано смеење.
(не коментирам за музиката).
 
Ниту на најголемиот душман не му посакувам по случаен избор да му се јават на телефон Јеховини сведоци како што ми се јавија мене. И во еден здив да му ја исчитаат цела Библија. Сакав да и кажам на таа : Застани чедо Божјо земи малку воздух, ќе зајдеш.
 
Знаеш дека една фудбалска игра има глупав алгоритам кога во сезона 2017/18. Кристијано Роналдо не е најдобриот Португалец, а и Нури Сахин е за 10 поени подобар. Лол.
 
Луѓе не сакаат да прифатат дека се токсични, а не па да прифатат дека се на погрешната страна на историјата и го читаат Исток Улчар и Кени д хартист.
 
после работа бев кај дедо на ручек, правел гравче со ребра, пред ручекот се напивме по една сливова, домашна, со салата, за време на ручекот и по една чаша вино, домашно, после ручек вика има сутлијаш правев, ајде и сутлијаш каснав па легнав на печката да одморам некои десет, петнаесет минути, си дојдов дома, кафе, касл, малком ин д мидл и сега путер со мармалад на топол леб, чај и икс фајлс, ттоп ден.
 
Едниот ден девојки/жени коментираат како се ужаснати од коментарите на некои мажи за местото на жените во светов,а другиот ден истите девојки/жени упорно пишуваат дека позната актерка лажела за нејзината психичка состојба и ред други работи како да живеат со неа 24/7,а не ја ни познаваат.Не сфаќаат дека со такви коментари ругаат и други девојки и жени кои ги имале/имаат истите проблеми како актерката.
Ако некој/а не ги кажува баш точно неговите/нејзините односи со семејството,не значи дека лаже дека е депресивен/депресивна и дека помислил/а на самоубиство.
И психичката состојба не се гледа на лице.Колку луѓе има со насмеани лица,а внатре се скршени...
Психичката состојба не треба да е предмет на потсмев!
 
Понекогаш ми недостига убавината,младоста и кокаинскиот подочњак на
Ромина Пауер,
во контраст со суровиот перфекционизам на Ал Бано.
Не знам дали се живи,здрави луѓето,
ама направија добри песнички,за паметење ;)
 
Traumi od detstvoto...
2. Zastani,ne begaj nema da te tepam, veli majkami , a jas vrtam okolu masa a taa ne moze nikad da me stigne so edna papuca na noga a edna vo raka.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom