Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга

Моментално сум во борба со Коронава, на толку пазење, на толку чување, ај што немам време ни да шетам, дома-работа и работа-дома се движев. Од кај ја фатив, пуста да остане. Мачно е, не е шала како што мислат другите. Психички јаде,онака загрижен. Што човек да каже.

Денес таков станувам наутро, никакво време, цел потепан со ова, горенаведеното, направив еден чај, отворив форум, тема Премиер лига, и таму, кој друг ако не Џонтра, пишал пост, читам ќе се удавев од чајот.
Последните 5 страни може и повеќе е тотално лудило од смеа, секоја чест дечки, умрев од смеа, бар ми се тргнаа мисливе од тоа вирусот.
 
Нема ништо пооптимистично и попозитивно од тоа коа ќе ти се јават дека си станал чичко. Дури и короната со ова се сложуе 100%.

Дефинитивно пресвртница бр1. на глупава деценија.
 
ДК,

Абе гинекологон, ти чепка у ваџеј и ти збори, ама па кај ми се погоди еден срце ме изгоре, а треба нозе да рашишириш, ќути арно на раме не му ги ставив па да се изрезилам ко шо личи.. :sramezliv:
 
Како може во Македонија да умираат пациенти по 27-35 години без коморбититети?

И како може тоа здравство, тој министер, тие "експерти" да си седат у фотељите и да продолжат да му го сервираат битолскиот чадор на "НАТО" во битолското болничко WC?

Па од авион се гледа дека народот по болниците умира не од ковид туку од НЕГИГИЕНА!!!!
 
Драга,

Пред скоро два месеца ми било факинг 10 годишнина на форумов, а јас заборавив!
Исто ко што заборавив и дека во мај беше 10 години од матура, се дури не ме додадоа во фб група, и не прочитав 2-3 реда муабет за да укопчам шо им текнало. Нормално, не се собравме, пошо корона и карантин. Меморијата стварно ми е добра, поготово со цифри, али годинава ми е на снуз очигледно.

Во ретроспективата од тие 10 години, ти драга, си најверојатно една од најбитните ствари за тоа како ми тече животот. Мислам, си знаеш, ќе те поштувам секогаш. :love:
Во моите гледишта и карактерни црти мислам дека се сменија многу работи, али ако направам паралела, стравот и самодовербата ми се зголемени правопропорционално од порано. Многу поголем страв, анксиозности, за банални и небанални работи, некои работи што сум ги правела порано сега не би се осудила. Може и не е толку страв, колку што е зрелост. Да се полажеме малце. :D За самодоверба, верувам повеќе во моите способности, во тоа колку можам, а и физички мислам дека никогаш не сум изгледала и сум се чувствувала подобро во свое тело. Претпоставувам дека и двете работи идат со некоја година плус.

Листајќи си го профилот забележав за датата, а и ми текна зашто ми се затворени пораките, и си се изнасмеав.
Причина зашо рандом девојки на форумов затвараат пораки - им се пуштаат, ги гњават, им пуштаат дик пикс, или им бараат титс пикс.
Причина зашо јас ги затворив пораките - бев мета на психо со куп профили кој ми праќаше пораки со најодвратните хорор слики што ги иам видено во животот. Не гледам хорори, стварно ми е страв, не спиев мирно ден два. Не ми текнува зашо го изнервирав човекот, али ќе беше подобро да беа дик пикс.

Во истата 10 годишна ретроспектива, процентот на ретарди што ми се пуштале е значително поголем од нормалните фаци, така што, не гледам зашо и тука би било поинаку. :D

Се надевам дека ќе постоиш и за уште 10 години. :kruna:
 
Кајг,
пред малку го слушнав бисерот на денот,

тие што седеле дома и не работеле цели 10 години и добивале за тоа време цела плата (меѓуредови со Рамковиот договор, срамот на МКД) истите биле и се чувствувале „дискриминирани“ зашто што немало место каде да работаат цели 10 години и тие биле принудени да земаат плата без ич работа :pos:

... по Нова Година со закон ќе ги вработат сите овие „дискриминирани“ ама прашање дали истите ќе сакаат да работаат, увредени дека 10 години ја немале таа шанса и ќе продолжеле да седат дома земајќи плата! :lolzz:
 
Драга

Ме потсетија твоиве членови со играње фудбал на еден другар. Човекот во живот не фатил фудбал, како што јас не сум фатил над 50 евра на ливче. И еден ден одамна беше кај мене на гости и требаше подоцна да играм термин, ми врти другар ми вика барај било кој, да не ни пропадне. И ја овој го молам да брани, со класичниот муабет, абе не шутираат јако, стој само на гол. И некако го намолив и отидовме таму. На загревање им кажав на противниците да не му шутираат јако, пошто еден имаше толку силен шут што можеше во инвалидска пензија да го прати или не дај Боже што би рекол аца лукас три точки да му стави. И ништо игравме што игравме, овој повеќе стоеше како статуата на Слободата, отколку да направи нешто, што е и очекувано, резултатски поминавме како земјите од Полинезија, Микронезија против Австралија своевремено и седнавме после утакмица во еден кафиќ и го бодриме, добар беше човек, абе така не бранат ни најдобрите голмани во свет, вау бау. Она класично смејем се, а плакао бих, мада јас тогаш и во земја ке пропаднев, ама ја сум благодарен и не мислев ништо лошо.

И помина тоа, едно саботно попладне ѕвони некој на вратата, отварам го гледам него. Како си, што си, ме праша дали имам хидроген, му викам имам, за што му треба? Ги дигна ногавиците од тренерките и колената му беа како да го терале да ползи од хотел Молика до Пелистер горе. Го прашувам, абе што ти се случи, ми кажа дека играл фудбал, т. е. дека бранел. Илјада филмови ми поминаа низ глава што се правел и ништо му помогнав да ги санира некако повредите и си отиде. Среќа што од тогаш не продолжил да брани, сигурно полошо ке поминал од просечен холивудски каскадер.
 
Кајг,

ај да спомнам за денешниов државен празник, сите празнично сме дома, а ти никако да се сетиш Кајг да кажеш два три збора за 8 ми декември ден на Свети Климент Охридски, кој е заштитник на Македонија, на градот Охрид и на Македонската православната црква!

1607464668115.png
 
Изминаа 9 месеци од пандемијава.
Секој ден поминувам покрај банка и сликата најчесто е ваква но и бетер.

P3JRJIh.jpg


И на секое поминување не заборавам да се заблагодарам на Бога и на Владата на Република Северна Македонија на чело со господинот Зоран Заев што немав ниту еднаш потреба да влезам во банка.
 
Ги гледам овие зависнициве од коцкање и им се чудам. Кое лигавење за пари ќе ти го направат, до степен да ги сожалуваш. Кај некои дури им успева тоа, но не и кај мене. Ајде бе тргај ми се од телефон, не ме замарај дур сум на планина. Убаво сум се поврзал со Тао-то, сега со тебе тука ќе се ебавам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom